Електродистрибуција

Електродистрибуција Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Електродистрибуција, Public utility company, Улица Лазар Личеноски бр. 11, Skopje.

Официјален профил на Електродистрибуција.

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата.

⚡ Вашиот прв чекор во енергетиката може да започне тука.Програмата „Идни генерации во електроенергетика“ им овозможува н...
01/09/2026

⚡ Вашиот прв чекор во енергетиката може да започне тука.

Програмата „Идни генерации во електроенергетика“ им овозможува на младите инженери и инженерки да стекнат практично искуство, да работат со искусни професионалци и да ги развиваат своите знаења низ реални работни предизвици.

Во период од 12 месеци ве очекуваат:
🔹 Менторство и специјализирани обуки
🔹 Ротации низ различни технички оддели
🔹 Работа на реални проекти
🔹 Искуство во различни градови низ државата

Ако сте апсолвент/ка или штотуку дипломиран/а од технички факултет (предност студенти од студиски програми од електроенергетика), подготвени сте за учење и сакате да го направите следниот чекор во кариерата - ве очекуваме.

📩 Аплицирајте за програмата „Идни генерации во електроенергетика“ и започнете го вашето професионално патување со Електродистрибуција.
https://careers.evn.mk/jobs/8283570-

Екипите на Електродистрибуција од КЕЦ Штип реализираа три значајни проекти насочени кон модернизација на електродистрибу...
27/08/2026

Екипите на Електродистрибуција од КЕЦ Штип реализираа три значајни проекти насочени кон модернизација на електродистрибутивната инфраструктура и унапредување на сигурноста и квалитетот на снабдувањето со електрична енергија:

🔹 Реконструкција на 10 kV далекувод „Шашаварлија“
🔹 Изградба на нова кабелска бетонска трафостаница 10/0,4 kV „Ново Село1“,
🔹 Реконструкција на 10 kV далекувод „Пеширово

Со континуирани вложувања во современа инфраструктура и со посветеноста на нашите екипи на терен, продолжуваме да градиме мрежа подготвена да одговори на растечките потреби на корисниците и на предизвиците на современиот енергетски систем. ⚡

Екипите на Електродистрибуција од КЕЦ Делчево го реализираа проектот за каблирање на 10 kV воздушен далекувод на делница...
25/08/2026

Екипите на Електродистрибуција од КЕЦ Делчево го реализираа проектот за каблирање на 10 kV воздушен далекувод на делницата од локалитетот Сливница, до локалитетот Бела Вода во Општина Берово.

🏗️Постојната инфраструктура на воздушниот далекувод се демонтира, а по тешкиот и непристапен терен е поставен подземен кабел во должина од 6 километри, како и нова компактна бетонска разводна постројка.

Оваа инвестиција ќе ја зголеми доверливоста и сигурноста на дистрибутивната мрежа, како и нејзината отпорност на неповолни временски услови. Истовремено, проектот има и значајна еколошка придобивка, бидејќи ја намалува потребата од сечење на шумскиот фонд при одржувањето на коридорите на воздушните водови.🌲

Во насока на подобрување на електродистрибутивната инфраструктура и со поддршка од месната заедница на с. Мислодежда, на...
21/08/2026

Во насока на подобрување на електродистрибутивната инфраструктура и со поддршка од месната заедница на с. Мислодежда, нашите екипи од Корисничкиот енерго центар Струга извршија реконструкција на среднонапонската и нисконапонската мрежа во овој реон🏗️

Активностите за модернизација на трафостаницата “Мислодежда корито” опфатија целосна реконструкција на нисконапонската мрежа од оваа трафостаница со бетонски столбови, изолирани проводници и дислокација на броила во нови мерни ормари. Паралелно на ова се изврши и каблирање на 10 кв извод, делница📍 ТС “Мислодежда корито”- ТС “Мислодежда прва”📍.

Кои се придобивките од реализацијата на овие активности?
➤ Постабилно снабдување со електрична енергија
➤ Поголема безбедност и намален ризик од дефекти
➤ Намалување на загубите во мрежата

Реализацијата на овој проект од инвестиционата програма за 2026 година е само дел од нашите заложби за обезбедување што подобра услуга и поквалитетно снабдување со електрична енергија за крајните корисници.

🏗️⚡ Нова компактно-бетонска трафостаница во Општина КарпошКако резултат на урбаниот развој на населба Бардовци и зголеме...
10/08/2026

🏗️⚡ Нова компактно-бетонска трафостаница во Општина Карпош

Како резултат на урбаниот развој на населба Бардовци и зголемените потреби за сигурно и квалитетно снабдување со електрична енергија, екипите на Електродистрибуција реализираа значаен инфраструктурен проект - изградба на нова компактно-бетонска трафостаница „Бардовци 8 – БАХАШ“, придружена со нова средно- и нисконапонска мрежа, како и реконструкција на постојната трафостаница „Викенд населба Бардовци“.

При изградбата беа поставени вкупно 2.000 м. нисконапонски и 5.100 м. среднонапонски кабел. Новата двојна компактно-бетонска трафостаница 10(20)/0,4 kV, со инсталирана моќност од 2×1.250 kVA, е опремена со дистрибутивен трансформатор од 1.000 kVA и овозможува поставување на втор трансформатор согласно идните потреби на корисниците во таа област.

Во рамки на проектот беше реконструирана и среднонапонската постројка во ТС „Викенд населба Бардовци“, при што постојната опрема беше заменета со нови SF6 ќелии. Со ова се продолжува работниот век на трафостаницата, се зголемува сигурноста на снабдувањето со електрична енергија и се создаваат услови за нови среднонапонски и нисконапонски приклучоци, согласно планот за развој на мрежата.

Со реализацијата на овој проект, екипите на Електродистрибуција од Корисничкиот Енерго Центар Ѓорче Петров обезбедија современа и сигурна енергетска инфраструктура.

⚡„Без силна дистрибутивна мрежа нема успешна транзиција. Без дигитализација нема ефикасно управување.“Во интервју за рен...
06/08/2026

⚡„Без силна дистрибутивна мрежа нема успешна транзиција. Без дигитализација нема ефикасно управување.“

Во интервју за реномираниот хрватски магазин за енергетика, EGE, управителот на Електродистрибуција, Сашо Салтировски, зборуваше за инвестициите во дистрибутивната мрежа во изминатите две децении, вредни повеќе од 837 милиони евра, но и за планот за нови 433 милиони евра инвестиции во следните пет години, дигитализацијата на мрежата и подготовката за иднината на енергетиката.

📖 Прочитајте го целиот разговор за тоа како се трансформираше електродистрибутивната мрежа во Македонија во изминатите 20 години, кои се најголемите предизвици што ги носи енергетската транзиција и дознајте повеќе за визијата, инвестициите и идните чекори на Електродистрибуција.

Целото интервју на хрватски јазик можете да го прочитате на следниот линк🔗https://ege.hr/media/ege/casopis/2026/3/19.pdf

⚡Екипите на Електродистрибуција од КЕЦ Тетово ја пуштија во употреба новата компактно-бетонска дистрибутивна трафостаниц...
05/08/2026

⚡Екипите на Електродистрибуција од КЕЦ Тетово ја пуштија во употреба новата компактно-бетонска дистрибутивна трафостаница Теново 7, во с. Теново - Општина Брвеница, со што е направен уште еден значаен чекор во модернизацијата на електродистрибутивната мрежа.

Новата трафостаница е изградена како замена за постојната столбна трафостаница и располага со капацитет до 1.250 kVA, со инсталиран трансформатор од 630 kVA.

🔌Проектот е реализиран по барање за нов приклучок и е во согласност со плановите за развој и унапредување на дистрибутивната мрежа. Со оваа инвестиција се создаваат предуслови за посигурно, постабилно и поквалитетно снабдување со електрична енергија за корисниците од тој дел на Општина Брвеница.

Изградете кариера во Електродистрибуција!Отвораме нови можности за професионален развој и бараме колеги кои сакаат да би...
04/08/2026

Изградете кариера во Електродистрибуција!

Отвораме нови можности за професионален развој и бараме колеги кои сакаат да бидат дел од тим што секојдневно ја движи енергијата низ Македонија.

Специјалист за релејна заштита и погонски мерења - https://careers.elektrodistribucija.mk/jobs/8108337-
Оператор за ГИС/ДМС во Куманово - https://careers.elektrodistribucija.mk/jobs/8108430-

📩Аплицирајте и станете дел од системот што никогаш не застанува.

30/07/2026

По невремето, екипите на Електродистрибуција работеа на голем број интервенции за санација на дистрибутивната мрежа ⚡

Меѓу нив беа и поправки на оштетените платформи за гнезда на штркови, кои исто така претрпеа штети. Овие специјални конструкции овозможуваат поголема безбедност и заштита од струен удар на птиците кои се гнездат на мрежата.

Досега нашите екипи имаат поставено 1.240 платформи низ целата држава. 🌿

⚡ Започнете ја вашата кариера во електроенергетиката!„Идни Генерации во Електроенергетика“ е програма создадена за млади...
28/07/2026

⚡ Започнете ја вашата кариера во електроенергетиката!

„Идни Генерации во Електроенергетика“ е програма создадена за млади инженери и инженерки кои сакаат да учат, да се развиваат и да ги направат првите професионални чекори во енергетскиот сектор.

Во текот на 12 месеци ќе имате можност за:
🔹 Менторство од искусни експерти
🔹 Специјализирани обуки и практично искуство
🔹 Ротации низ различни технички оддели и градови
🔹 Работа на реални проекти и развивање на вашите потенцијали

Програмата е наменета за апсолвенти/ки и штотуку дипломирани инженери/ки од техничките факултети, со предност за електротехника.

Ако сте подготвени за нови предизвици, учење и кариера што има енергија за иднината - ова е вашата можност.

📩 Аплицирајте и станете дел од идните генерации во електроенергетиката!
https://careers.elektrodistribucija.mk/jobs/8093457-

Address

Улица Лазар Личеноски бр. 11
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Електродистрибуција posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share