ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ Општински Комитет Центар на ВМРО-ДПМНЕ

02/09/2026
Почитувани центарци,Секој ден од 1 септември до 30 ноември, од 17:00 до 20:00 часот, вратите на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ ...
02/09/2026

Почитувани центарци,

Секој ден од 1 септември до 30 ноември, од 17:00 до 20:00 часот, вратите на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ се отворени за сите наши членови, но и за сите граѓани кои сакаат да ни се приклучат.

Ова е можност да го обновиме и ажурираме членството, но и да дадеме простор за нови луѓе, нови идеи и нова енергија.

Нашата сила отсекогаш биле луѓето – оние кои со години се дел од организацијата, но и младите и сите граѓани кои сакаат активно да придонесат за иднината.

Ве повикуваме да бидете дел од овој процес.

Заедно за иднина – приклучи се! 🇲🇰
#ЗаСрцетоНаСкопје

01/09/2026
Со преполн штаб започнува ажурирањето на членството во ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ!Особено радува големиот број нови членови...
01/09/2026

Со преполн штаб започнува ажурирањето на членството во ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ!

Особено радува големиот број нови членови кои ни се приклучуваат и стануваат дел од нашиот тим. 🇲🇰

Штабот останува отворен секој ден, од 17:00 до 20:00 часот, од утре па сè до 30 ноември.

Приклучи се и ти и биди дел од тимот кој работи #ЗаСрцетоНаСкопје!

Горан „бетон“ Герасимовски, за сите прашања одговор може да најде ако се потсети што мислел во моментот кога за градбата...
01/09/2026

Горан „бетон“ Герасимовски, за сите прашања одговор може да најде ако се потсети што мислел во моментот кога за градбата која ја зборува, самиот дал дозвола. За одобренија кои тој ги издал, треба да се запраша себе си, што мислеше кога се потпишуваше и се расфрлаше со одобренија за градба?

Треба да се запраша Горан, зошто токму сега прави обиколки низ Центар, а до вчера удобно уживаше во градоначалничката фотелја под клима.

Треба да се запраша и како сè беше во ред додека издавал одобренија за градба, а сега не е.

Одговорот е јасен. Бидејќи му гори под нозе. Знае дека ова е последен мандат на СДСМ во Центар, а тој оди во политичка пензија.

Кога работите нема да му се одвиваат според замислениот план, Горан „бетон“ Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која ТОЈ лично ја спроведува.

На човекот со троцифрен број издадени одобренија за градба, сега опозицијата му е крива за тоа што ТОЈ, заедно со кадрите на Венко и Заев го спроведуваат цела деценија.

Деценија методи на притисоци кои смрдат на КОРУПЦИЈА. Деценија во која секоја неуспешна шема на СДСМ ја плаќаат центарци од сопствениот џеб во име на пенали. Нема да е прв пат, само што заврши исплаќањето кон "Пелагонија" вредно милиони.

Истите политики што сега ги спречуваме, во минатото ја чинеа Општина Центар 2,5 милиони евра отштета кон градежната компанија „Пелагонија“, обврска што општината ја исплаќаше со години.

Му препорачуваме на Горан да сврти малку поголем круг низ Центар, да си ги види стотиците згради кои тој лично ги одобрил. Или да продолжи да одмара под клима, бидејќи теренот очигледно не му оди од рака. Да си го доседи мандатот како што правеше и до сега, зошто граѓаните освен штета и расипништво, веќе ништо друго не очекуваат од него.

Се гледаме вечерва во 20 и 30 часот во штабот на ОК Центар! Приклучи се или ажурирај го своето членство! Заедно за иднин...
01/09/2026

Се гледаме вечерва во 20 и 30 часот во штабот на ОК Центар!

Приклучи се или ажурирај го своето членство!

Заедно за иднина!

#ЗаСрцетоНаСкопје

Горан „бетон“ Герасимовски, со троцифрен број на одобренија за градба, најмалку има право да зборува за бетонизација, уш...
31/08/2026

Горан „бетон“ Герасимовски, со троцифрен број на одобренија за градба, најмалку има право да зборува за бетонизација, уште помалку да ја обвинува опозицијата во Општина Центар, каде што ТОЈ владее заедно со кадрите на Венко и Заев.

Кога на Горан не му успеваат намерите, тогаш за него време е да стопира градби за кои веќе има дадено одобрение.

Како му беше сè во ред кога издал одобрение за градба, а сега глуми борец против бетонизацијата која ТОЈ ја спроведува.

Шемите им смрдат на КОРУПЦИЈА, а нивното расипништво има докажан континуитет.

СДСМ и Герасимовски најмалку имаат право да зборуваат и за интересот на центарци, бидејќи се покажа на дело дека мислат само на себе. Истите методи што сега ги спречивме, во минатото ја чинеа Општина Центар 2,5 милиони евра отштета за градежната компанија „Пелагонија“, која сè исплаќаше со години.

Ако и оваа одлука им поминеше на Совет, уште колку милиони евра ќе требаше да плаќаат центарци, само поради неуспешни комбинаторики на Горан, за кои зборува цел Центар?

31/08/2026

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share