Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје

Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, Library, BoUlica Goce Delcev no. 6, Skopje.

National Library of Macedonia

Национална и универзитетска библиотека ,,Св. Климент Охридски" - Скопје 🇲🇰

National and University Library St Clement of Ohrid - Skopje 🇲🇰 Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ или НУБСК е национална библиотека на Република Македонија и универзитетска библиотека на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Покрај ова, од 1960 наваму т

аа е водечки извор на материјали во истражната дејност, депозитна библиотека и еден од предводниците во дигитализацијата на книжното богатство на земјата. Фондот брои над 3 милиони единици.

17/08/2026

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски" – Скопје го објавува есенскиот циклус на Основните обуки за библиотечно работење за 2026 година.

Обуките се наменети за библиотекари, како и за сите заинтересирани физички и правни лица кои сакаат да стекнат или да ги надградат своите знаења и вештини од областа на библиотечното работење.

📅 ТЕРМИНИ ЗА ОБУКИТЕ И ИСПИТИТЕ
🔹 Техничка обработка на библиотечен материјал
📚 Обука: 3–4 септември
📝 Испити: 11 септември и 15 септември, во 10:00 часот

🔹 Информациска дејност во библиотеките и бази на податоци
📚 Обука: 16–17 септември
📝 Испит: 18 септември, во 10:00 часот

🔹 Каталогизација на монографски публикации
📚 Обука: 21–25 септември
📝 Испити: 28 септември и 20 октомври, во 10:00 часот

🔹 Содржинска обработка на библиотечен материјал
📚 Обука: 5–8 октомври
📝 Испит: 15 октомври, во 10:00 часот

🔹 Каталогизација на сериски публикации
📚 Обука: 26–30 октомври
📝 Испит: 3 ноември, во 10:00 часот

🔹 Каталогизација на некнижен материјал
📚 Обука: 9–13 ноември
📝 Испит: 18 ноември, во 10:00 часот

🔹 Библиографска обработка на библиотечен материјал
📚 Обука: 23–27 ноември
📝 Испит: 2 декември, во 10:00 часот

Сите обуки и испити ќе се одржуваат во Центарот за обука на НУБ.

📌 ПРИЈАВУВАЊЕ
Рокот за пријавување е 27 август 2026 година.

За пријавување и дополнителни информации:

📧 [email protected]
📞 072 234 424 – Јана Михајловска,
Одделение матична дејност и развој на библиотекарството при НУ НУБ „Св. Климент Охридски" – Скопје.

Пополнетите пријави потребно е да се достават и по пошта на адреса:

НУ НУБ „Св. Климент Охридски" – Скопје
бул. „Гоце Делчев" бр. 6, 1000 Скопје
со назнака: „За Основни обуки 2026 година"

❗ Услов за учество на обуките е претходна уплата на надоместокот за учество, пред започнувањето на курсот.

📚 Искористете ја можноста за професионално усовршување и надградување на знаењата од областа на библиотечното работење.

Ве очекуваме на есенскиот циклус на Основните обуки за библиотечно работење 2026

Почитувани,од 14.08.2026 година (петок) започнуваме со 2 фаза од реконструкција на Библиотеката, односно санација на тав...
13/08/2026

Почитувани,
од 14.08.2026 година (петок) започнуваме со 2 фаза од реконструкција на Библиотеката, односно санација на таваницата.

Поради безбедносни причини (демонтажа и отстранување на стаклени плочи) стариот дел на Библиотеката ќе биде затворен и нема да работи со корисници се до завршување на санацијата.

👉Услугите може да ги користите во Мултимедијалната читалница во новиот дел.
Единствено нема да може да се зајмуваат сериски публикации.

🙏Ви благодариме за разбирањето.

Почитувани, го проследуваме фантастичниот омаж, преполн со пораки и поуки, омажот кој предизвика лавина од емоции меѓу п...
06/08/2026

Почитувани,
го проследуваме фантастичниот омаж, преполн со пораки и поуки, омажот кој предизвика лавина од емоции меѓу присутните на свечената академија, омажот на проф. д-р Веселинка Лаброска посветен на ликот и делото на Мисирков. Пригоден омаж за свечената академија која се одржа во НУБ по повод 100 години од смртта на Крсте П. Мисирков.:

„проф. д-р Веселинка Лаброска, доп. член на МАНУ
26.07.2026
100 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ

Почитуван директоре на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, господин Јовица Никчевски,
Ваше Блаженство, архиепископ охридски и македонски, почитуван Господин Господин Стефан,
почитувани домаќини, драги гости!

Денес во овој храм на книгата имам посебна чест и привилегија да зборувам за Крсте Мисирков, зашто тој, по Божја милост, починал точно 1010 години по нашиот Свети Климент Охридски, основоположникот на првиот Универзитет на Балканот. Датумите не се никогаш случајни, како што не е случајност и раѓањето на овие двајца великани токму на оваа наша земја македонска, исконска. И од каде да се почне и да се каже уште нешто за нашиот Крсте Мисирков, патронот на Институтот за македонски јазик каде што јас работам и каде што со гордост го чуваме и афирмираме името на Мисирков, изучувајќи го темелно македонскиот јазик.
Пред повеќе години, како промотор на едицијата Собрани дела за Крсте Мисирков од академик Блаже Ристовски, цитирав една мисла од Цицерон: „Оваа држава е резултат на генијалниот ум на многу луѓе претходно.“ Ако се преточи оваа мисла на нашата држава, секако дека Мисирков, покрај нашиот Климент, ќе има почесно место во тие наши претходници, чии генијални умови придонесле во креацијата на нашата македонска држава.
Големиот ум на Крсте Петков Мисирков поставил можеби еден од најголемите, најтешките или најсуштествените камења во мозаикот кој денес се нарекува Македонија. Во светот, многумина од големите умови своето творештво го создавале во благопријатни услови, со сесрдна поддршка од опкружувањето. Но, Крсте Мисирков, како и повеќето наши културни дејци, негови претходници, своето дело го создава во неверојатно несреќен сплет на околности. Токму поради тоа, а и затоа што неговата визија денес е наша реалност, честа која ја имаме да се осврнеме на Крсте Петков Мисирков, во овие денови посветени нему и на Климент Охридски, нѐ обврзува на поклонение пред големиот втемелувач на нашата национална самобитност.
Мисирков по некое непишано правило е основач, потписник за создавање на разни групи, меморандуми, другарства, статии, кружоци итн., кои се основата на Македонското сепаратистичко идејно политичко спознавање и организирање. Крсте Мисирков е еден од основачите на Македонското студентско друштво „Св. Климент“ во 1902 година, кое во 1903 година го доби конечното име Македонско научно-литературно другарство „Св. Кирил и Методија“, институција што претставува основа на сегашната Македонска академија на науките и уметностите. Крсте Мисирков е ерудит во вистинска смисла на зборот, славист, лингвист, филолог, полиглот (зборувал 12 јазици, како и вештачкиот јазик идо).
Дека нашиот Крсте Мисирков претставува вонредно интелигентен и, слободно кажано, генијален ум, доказ не мора да се бара само во неговото капитално дело За Македонцките работи. Во една статија со име: Економските причини за македонското движење, тој во колумна (статија) во весникот Известија од Санкт Петербург го критикува известувањето на двајца дописници од весниците Новое время и Росија заради тоа што во 1902 година во својот извештај од патувањето во Македонија напишале дека во Македонија населението е имашно и среќно и дека движењето за слобода нема поддршка меѓу населението и нема потреба од востание.
Мисирков, во ноември во 1903 г., со својата колумната опонира на ваквото тврдење и на свој начин докажува дека руското општество било донесено во заблуда во врска со состојбите во Македонија. Притоа, започнува да го опишува животот во Постол, своето родно место, нашироко ги опишува приликите 40 и повеќе години наназад и ги опишува причините кои го влошиле животот во последните 20 години. На еден извонреден начин Мисирков прави анализа на сите социјални и политички фактори кои довеле до влошување на состојбата на македонското население во Отоманската империја, со прецизни податоци за зголемување на даноците, за уситнување на имотите на турските земјопоседници итн., што пак довело до причините за дигање на востание.
Ако се има предвид дека Мисирков Македонија ја напуштил 1889 година, тукуречи дете од 15 години, импонира неговото познавање на целата таа комплексна општествена ситуација во Македонија.
Неговото капитално дело, пак, За Македонцките работи се состои од 5 реферати прочитани во македонското другарство во Петербург во октомври и ноември 1903, а потоа по налог на другарството, тој го доддал предговорот и заминал во Софија да го отпечати. За перипетиите кои ги доживеал при печатењето нема овде да зборуваме затоа што за тоа е доста зборувано.
Првиот реферат: Што напраивме и шчо треба да прајме за однапред евидентно е пишуван пред и во тек на востанието и го предвидува неговиот неуспех.
Притоа ги наведува причините за таквиот иден неуспех, критикувајќи го комитетот (ТМОК). Посебно го критикува отсуството на темата јазик во подготовката на новата конституција. И вели Мисирков: „Тие комитето велат: Ами ние да добиеме економцки и политицки праа, па после лесна работа.“ „Е не е така вели Мисирков, не е лесна работа.“ И објаснува дека уште многу порано било потребно да се земе прашањето „…за јазико на народо, јазико во сколијата и прашањето на религијата во новата конституција“. Оти, вели тој, сите слоеви сакаат однапред да знаат за каква идна конституција ќе се борат. И анализира: „ако на некој средно имашен македонец му кажете: Еве ќе се бориме за економцки и политицки праа. Тој ќе ти рече: Па јас си имам економцки праа и под турцко ми одит работава. Така што, објаснува Мисирков, без подобра и поподробна опсервација на идната конституција секое движење ќе доживее неуспех.“ Така и се случи.
Најверојатно Мисирков се обидел и претходно да ја посочи оваа празнина во програмата и конститутивните документи на Комитетот при средби со негови видни членови, но безуспешно и затоа тој констатира: „Критиката на држајн’ето на комитето беше само во домашните крагои. Но она беше и бесполезна, па и опасна за тие што критикуаат. Комитето беше сесилен, он имаше во своите раце живото и смрта на сите граѓани и не приемаше критика на своите постапоци. Сега требит македонцката интелигенција да добиват (постигне) воспитуаин’ето на македонските словени во чисто македонски дух, задолжително изучуаин’е на македонскиот јазик. Во црквите словенцко богослужение. Ако тие бараин’а стретат отпор од некоја од пропагандите, да се бара од турцкото праителство и од Големите сили да се востаноит Охрицката Архиепископија, во раците на која да преминит црковно-сколијцкото дело за сите рисјанцки народности во Македонија.“
Овде ќе посочам и два документи кои првпат се нотирани од страна на Блаже Ристовски во нашата современа наука и кои дополнително ја расчистуваат дилемата за Мисирковата национална свест, а тоа се статиите „Историска информација“ и „Антируските демонстрации во Софија“ објавени во „Петербургскија Вјадомости“. Во првата од нив, објавена на руски јазик во 1901 година, Мисирков прв во македонската историографија истакнува неколку битни факти за македонската самобитност, а тоа се следниве: 1) македонското историско право над територијата и културата на Македонија, право што како принцип било експлоатирано од тогашните пропаганди во Македонија; 2) Македонија е една од првите области на Балканскиот Полуостров што била населена од Словените, а Македонските Словени се првите кои го примиле христијанството и го ширеле во другите словенски земји; 3) Крсте Мисирков ги поставува во вистински рамки историјата и улогата на Охридската архиепископија, нагласувајќи дека: „Најстарата, независната православна словенска архиепископија во Охрид ја продолжувала својата просветителска дејност во полза на целото балканско словенство...“ (Мисирков 2007: 39); 4) Македонија играла активна улога во историјата и културата на Балканот.
Дваесет и седумгодишниот Мисирков, со огромни познавања за историјата, културните прилики на Балканот и политичките ставови, не само на соседните балкански земји, туку и на големите европски сили во тој период, на крајот на оваа статија истакнува: „Еве што им има дадено Македонија на своите соседи-собраќа: христијанство, просвета, апостоли, заштита против посегањата на Византија по нивната слобода и јунаци за народната поезија!“ (Мисирков 2007: 44), за да ја круниса статијата со следниве зборови: „Во поддршката на идејата за слободна Македонија се наоѓа единственото средство за обезбедување на мирот на Полуостровот и во Европа, за пројава на политичка смисла кај балканските Словени, за ослободување од ропството и за процвет на класичната словенска земја со нејзиното милионско православно и словенско население.“ (Мисирков 2007: 45).
Во втората статија што ја потенцираме, а се однесува на антируските демонстрации во Софија, исто така објавена во 1901 година, Мисирков истакнува: „Етнографијата на Македонија за современиот Македонец е работа на науката и нема ништо заедничко со политиката. Што била Македонија порано, кому му припаѓала, кон кого таа е поблиска или подалечна итн. – за нас Македонците е сеедно. Нам ни е важно ослободувањето на Македонија, и притоа такво што не би било само фиктивно, ами вистинско ослободување.“ (Мисирков 2007: 62).
Како врв на апсурдноста на македонската реалност од почетокот на дваесеттиот век е списанието „Вардар“ од 1904/1905 година. Се работи за добро замислена содржинска структура која нема можност за финансирање. Во програмскиот уводник на првиот и единствен број на „Вардар“, Мисирков дава, може да се каже, феноменален осврт на состојбите воопшто во врска со македонското прашање, а тука се и основните причини поради кои „Вардар“ останува на само еден број, кој останал неподигнат во печатницата во Одеса. На крајот од уводникот, Мисирков својата анализа ја завршува со реченицата: „Iа колко неприiатели имат „Вардар“ ушче од заваiќаiн̕ето на неговото излегуваiн̕е на бело видело.“ (Мисирков 2005: 387).
Во последниот реферат од книгата За македонцките работи, „Неколку зборои за македонскиот литературен јазик“, Мисирков вели: „Једно си имат местото националниот сепаратизм, то требит да се пројавит он во милоста кон сѐ, шчо јет народно, и на прво место, во милоста кон народниот јазик. А’ко се односуаме со презреин’е кон народниот наш јазик, није само враик’аме со неблагодарност на нашите родители за сето нивно дуовно гледаин’е и воспитаин’е. Ние имаме прао, осем долгот, да браниме нашиот јазик и тоа прао ни е свешчено. Секој кој шчо напаѓат на нашиот јазик, ни јет исто таков наш непријател’, како и нападачот на нашата вера.“ Тука ќе го истакнам фактот дека во оваа статија за јазикот, Мисирков со голем усет на лингвист ја определува дијалектната база на македонскиот литературен јазик, па вели: „Благодарејн’е на приликите сега ниiе си избираме за обшч литературен јазик централното македонско, т.е. Велешко-Прилепцко-Битол’цко-Охридцкото наречиiе“, (Мисирков 2005: 370) и понатаму осврнувајќи се на другите суштински елементи на македонскиот литературен јазик вели: „...фонетичниiот праопис со употребените во таiа книга писмени знакои и со мали отстапки на етимологијата и 3. речничниiот материјал да iет собраiн’е от сите македонцки наречиiа“ (Мисирков 2005: 380). Што може да се заклучи? Па тоа дека овде се дадени истите принципи што во 1944 година Блаже Конески и другите лингвисти ги поставија во основата на македонскиот литературен јазик, принципи што се научно поткрепени и што го издржаа испитот на времето во овој седумдесетгодишен растеж на македонскиот литературен јазик.
За жал, историјата од време на време се повторува; постојат сѐ уште ретроградни сили што сметаат денес дека само економијата е битна, но не и јазикот и сѐ што е поврзано со идентитетот на македонскиот народ. Длабоките согледби на Мисирков за потребата на Македонците не само од економско и политичко осамостојување, туку и од јазично и верско, денес се реализирани во нашата самостојна Македонија, но сѐ уште сѐ оспорувани од некои политичари од соседните земји. Токму затоа секое навраќање како ова денес, кон големите мисли на нашите Климент Охридски и Крсте Мисирков, се во насока на зацврстување на нашиот став дека сегашната наша државна политика во поглед на идентитетските прашања се движи во вистински правец. Треба на секаков начин да го покажеме нашето македонско достоинство, да го афирмираме нашиот уникатен македонски јазик, словенски, но балкански, да ја афирмираме нашата единствена култура и нашиот единствен поглед на светот изграден од сите наши предци, знајни и незнајни, и потврден во писмен континуитет подолг од еден милениум.
На 26.7.1926 згасна животот на Мисирков, но неговото дело остана како светилник во иднината. Академик Блаже Ристовски употребува една убава мисла: „Мисирков се влеа “во крвта“ на македонската интелигенција и стана повик и патоказ на борбата за победа.“
Ние лингвистите Крсте Мисирков го нарекуваме првиот кодификатор на македонскиот јазик, а јас би додала и најажурниот побарувач на возобновувањето на нашата Охридска архиепископија. Затоа денешното сплотување на словото за двата славни македонски мислители, едниот, Свети Климент на извориштето на старомакедонскиот (старословенскиот) јазик, а другиот, Крсте Петков Мисирков на извориштето на современиот македонскиот стандарден јазик, е честување достојно за почит! На Националната и универзитетска библиотека ѝ посакувам да биде триж плодна и со книги и со активности, а на Македонците им пожелувам да слават во својата Македонија уште многу вакви годишнини на своите видни интелектуалци!“

По повод 1110 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски и 100 години од смртта на Крсте Петков Мисирков во Национа...
31/07/2026

По повод 1110 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски и 100 години од смртта на Крсте Петков Мисирков во Националната библиотека на Македонија 🇲🇰 се одржа свечена академија под наслов „Во слава на словото“.

Присутните ги поздрави директорот на Библиотеката Јовица Никчевски.

Неговото Блаженство, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, упати беседа посветена на Свети Климент Охридски.

Проф. д-р Веселинка Лаброска, претседателка на Советот за македонски јазик и дописен член на МАНУ, одржа пригодниот омаж посветен на животот, делото и трајното значење на Крсте Петков Мисирков.

🎼Свечениот настан со музички настапи го збогати Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“, под диригентско водство на Летка Димовска-Полизова.

🎤Академијата ја модерираше д-р Јана Михајловска, виш библиотекар во Националната библиотека и претседател на Библиотекарското здружение на Македонија.

🤝По повод оваа свечена академија, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатува искрена благодарност до сите што со своето творештво и посветеност придонесоа овој јубилеј да добие трајни уметнички и духовни обележја.

🙏Особена благодарност упатуваме до манастирот „Свети Јован Претеча“ во село Слепче, Демирхисарско, за вредната рачна изработка на Калиграфија:Тропар на Свети Климент Охридски, 2026 година, испишан на глаголица, на црковнословенски јазик и на македонски јазик. Ова драгоцено дело, создадено со посветеност и љубов кон духовното и книжевното наследство, ќе остане траен дар за Националната библиотека и потсетник за нераскинливата врска меѓу верата, словото и културното наследство што го негуваме и пренесуваме низ вековите.

🙏Благодарност упатуваме до Наташа Андонова, истакнат ликовен уметник, илустратор и професор, автор на платната и графичките композиции инспирирани од глаголицата, кои остануваат траен подарок за Националната библиотека.

🙏Благодарност упатуваме и до Елена Н. Цветковиќ, ликовен уметник, графичар и графички дизајнер, авторка на банерот на свечената академија, која со своето ликовно решение го збогати визуелниот дел на овој значаен настан и останува како подарок за Националната библиотека.

🙏Во оваа пригода, благодарност упатуваме и до Марија Милошевска, автор на пригодните сувенири - подароци за нашите почитувани гости. Сувенирот ја носи симболиката на словото, знаењето и духовноста – трајните вредности што ни ги оставија Свети Климент Охридски и Крсте Петков Мисирков.

👉Во рамките на одбележувањето на двата значајни јубилеја, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје подготви тематска изложба посветена на Свети Климент Охридски и на Крсте Петков Мисирков, составена од вредни публикации од своите богати библиотечни фондови.
Нека нивното наследство продолжи да нè обединува, да нè инспирира и да нè потсетува дека јазикот, културата и духовните вредности се најтрајниот белег на еден народ.

🤝По повод 1110 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски, професорката Наташа Андонова ги наслика за Националната ...
25/07/2026

🤝По повод 1110 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски, професорката Наташа Андонова ги наслика за Националната библиотека 🇲🇰 овие 3 феноменални дела.

👉Андонова е професор по предметот Цртање и сликање во државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн ,,Лазар Личеноски" - Скопје. Таа е ликовен уметник, илустратор, костимограф, сториборд артист и аниматор.(1974, Скопје).
Дипломира на Факултетот за ликовни уметности, Скопје (1999) во кластата на Проф. Душан Перчинков. Во 2010 магистрира на Факултетот за ликовни уметности, отсек сликарство кај проф. Антони Мазнвески.

🙏 Наташа, Ви благодариме за прекрасниот подарок и за збогатувањето на ликовната збирка на НУБ.

👉 Почитувани наши пријатели, фантастичните дела на Андонова се изложени во холот на Националната библиотека (стара зграда) и можете да ги погледнете во работното време на Библиотеката.

Успешна мисија💪Продолжуваме со следната аудио книга...🔜 ,,Огледало" - Кирил Пејчиновиќ (1816 година)😉
11/07/2026

Успешна мисија💪
Продолжуваме со следната аудио книга...
🔜 ,,Огледало" - Кирил Пејчиновиќ (1816 година)😉

Address

BoUlica Goce Delcev No. 6
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 14:30
Tuesday 07:30 - 14:30
Wednesday 07:30 - 14:30
Thursday 07:30 - 14:30
Friday 07:30 - 14:30
Saturday 09:30 - 17:00

Telephone

38923115177

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје:

Shortcuts

Share

Category