Државен совет за превенција на детско престапништво и правда за деца

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Државен совет за превенција на детско престапништво и правда за деца

Државен совет за превенција на детско престапништво и правда за деца Самостоен и независен орган во вршењето на работите определени со Законот за правда за децата.

10/07/2026

📄Извештај од работен состанок со Шведскиот SPA проект за реформи

➡️Види повеќе на следниот линк🔗:

🔒Заклучоци и предлози од Научно-стручната расправа: „ПРАВИЧНО ПОСТАПУВАЊЕ СО ДЕЦА – ИСКУСТВА ВО ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ...
29/06/2026

🔒Заклучоци и предлози од Научно-стручната расправа: „ПРАВИЧНО ПОСТАПУВАЊЕ СО ДЕЦА – ИСКУСТВА ВО ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРАВДА ЗА ДЕЦАТА“ ⚖️👦🏼👧🏻

➡️Види на следниов 🔗линк:

 (19 мај 2026, МАНУ) На научно-стручната расправа присуствуваа голем број практичари и професионалци од различните сектори вклучени во имплементација на Законот за пр...

📌🗣Научно-стручна расправа на тема „Правично постапување со деца – искуства во примената на Законот за правда за децатаДр...
20/05/2026

📌🗣Научно-стручна расправа на тема „Правично постапување со деца – искуства во примената на Законот за правда за децата

Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца организираше научно-стручна расправа на тема „Правично постапување со деца – искуства во примената на Законот за правда за децата“, на која учествуваа претставници на институции, меѓународни организации, правосудството, академската заедница и граѓанскиот сектор.

➡️Во дискусијата активно се вклучија заменик на министерот за правда Ален Деребан, претставници од Народниот правобранител, УНИЦЕФ, судии, јавни обвинители, адвокати, професори и организации кои работат во областа на заштитата на правата на децата. Сите ја истакнаа потребата од континуирано унапредување на системот на правда за децата согласно меѓународните стандарди и најдобрите практики.

➡️На расправата беше потенцирано дека правичното постапување со децата претставува заедничка одговорност на сите институции и професионалци кои учествуваат во системот на правда.

✅️Заклучокот од расправата е дека е неопходна постојана координација и посветеност на сите чинители со цел да се обезбеди систем кој ќе гарантира достоинство, заштита и правична постапка за секое дете.

28/04/2026

Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца најостро ги осудува последните случаи на врсничко насилство, а особено последниот загрижувачки и вознемирувачки случај во скопската општина Ѓорче Петров.

Државниот совет повикува на целосна соработка на државните институции, органите на училиштата и родителите во превенцијата на ваквите девијантни појави кои се директно насочени против психо-физичкиот интегритет на децата и заштитата на нивниот најдобар интерес.

Во оваа насока, од исклучително значење е формирањето и функционирањето на општинските совети за превенција на детско престапништво кои како тела треба непосредно да делуваат во насока на превенција на детското престапништво на локално ниво.

Само преку взаемната соработка и сериозен пристап од сите општествени чинители може соодветно да се подигне свеста за одговорно однесување и континуирано спречување на загрижувачката појава на врсничкото насилство во нашето општество.

📌На покана на Општина Охрид и Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Охрид, претставници на ...
17/04/2026

📌На покана на Општина Охрид и Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Охрид, претставници на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца присуствуваа на манифестацијата ,,Општински семафор". 🚦

➡️Претставниците на Државниот совет и на Македонското здружение на млади правници, ги поздравија заложбите на Општина Охрид за унапредување на свеста кај младите за одговорно однесување како активни членови на општеството. Воедно, беше потенцирана важноста од меѓусебна соработка, како и значењето на функционален совет кој ефикасно делува на локално ниво.

🤝🏻Во рамки на манифестацијата, во знак на успешната соработка, на Државниот совет му беше доделена благодарница.

📌Поддршка за развој на локални системи за превенција на детско престапништво➡️Започнуваме со активности за поддршка на л...
27/03/2026

📌Поддршка за развој на локални системи за превенција на детско престапништво

➡️Започнуваме со активности за поддршка на локалните заедници во воспоставување функционални системи за превенција на детско престапништво, во рамки на проектот „Младите правници за поприлагоден систем за правда за деца“, финансиран од Европската Унија.

Во соработка со Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца, веќе се одржаа работни средби со претставници на општините, меѓу кои и во Општина Штип, каде заеднички ги мапиравме постојните ресурси и можностите за унапредување.

Локалните совети за превенција имаат клучна улога во:
✔️ рана и навремена превенција
✔️ подобра координација меѓу институциите
✔️ зајакнување на соработката на локално ниво

Преку развој на програми, акциски планови и менторска поддршка, работиме кон создавање одржливи решенија кои ќе продолжат да функционираат и во иднина.

Превенцијата започнува во заедницата. Да ја градиме заедно.

#Превенција #Деца #ЛокалнаЗаедница #Соработка #ПравдаЗаДеца

Address

Улица , Димитрие Чуповски" бр. 9
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Државен совет за превенција на детско престапништво и правда за деца posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share