03/09/2026
📌Денеска во Министерството за одбрана, министерот Vlado Misajlovski оствари средба со советникот за политички и економски прашања во Амбасадата на САД, Бредли Гарднер, одбранбено аташе на САД, потполковник Ендрју К. Шили и со политичко-воениот офицер Кристијан Доршнер.
На средбата се разговараше за актуелните прашања во одбраната, за унапредување на билатералната соработка и продлабочување на стратешкото партнерство, со посебен акцент на модернизацијата на Армијата, зајакнувањето на одбранбените капацитети, интероперабилноста и сајбер-одбраната, како и за нашето активно учество во НАТО-мисиите и вежбите.
Министерот Мисајловски: „САД се наш значаен и долгогодишен стратешки партнер. Продолжуваме заеднички да работиме на силна, модерна и подготвена Армија.“
🇲🇰🤝🇺🇸