Министерство за локална самоуправа

Министерство за локална самоуправа Добредојдовте на Официјалната Страна на Министерство?

По повод 8 Септември – Денот на независноста, министерот Иван Стоилковиќ во негово лично и во име на Министерството за л...
08/09/2026

По повод 8 Септември – Денот на независноста, министерот Иван Стоилковиќ во негово лично и во име на Министерството за локална самоуправа, упати искрени честитки до сите македонски граѓани.

Оваа година со посебна гордост одбележуваме 35 години независност, три и пол децении исполнети со предизвици, достигнувања и искуства кои го трасираа патот на нашата држава.

На 8 септември 1991 година граѓаните ја изразија својата историска волја за самостојна и суверена држава. Тоа беше чин на политичка зрелост и решителност со кој беа поставени темелите на современата македонска државност.

Денес, 35 години подоцна, наша одговорност е да го чуваме и надградуваме она што го создадоа генерациите пред нас. Да градиме држава со силни институции, развиени локални заедници, еднакви можности и рамномерен развој, држава која создава услови за достоинствен живот и сигурна иднина за сите свои граѓани.

Како Министерство за локална самоуправа веруваме дека развојот на државата започнува и се потврдува во секоја општина, во секое населено место и во секоја локална заедница. Само со заедничка посветеност, одговорност и соработка можеме да создадеме посилна и попросперитетна Македонија.

Нека овој голем јубилеј биде повод со гордост да го погледнеме патот што го изодевме, но и со одлучност да погледнеме кон иднината. Да продолжиме да ја градиме државата со почит кон нејзината историја, со одговорност кон сегашноста и со визија за генерациите што доаѓаат.

Нека е честит Денот на независноста!

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Републи...
19/08/2026

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија во РС Македонија.

На средбата беше потврдена традиционално добрата и пријателска соработка меѓу двете земји, како и заедничкиот интерес за нејзино натамошно унапредување. Беа разменети мислења и за темите и приоритетите од интерес за Австрија во земјава, со посебен акцент на областите од значење за локалниот развој и јакнењето на капацитетите на локалната самоуправа. Во рамки на разговорот беше презентиран и проектот за развој на пожарникарството, при што беше потенцирана важноста од поддршка за неговата имплементација, особено во насока на унапредување на капацитетите на пожарникарските служби во рамките на локалните самоуправи и размена на искуства и добри практики.

Министерот Стоилковиќ ја истакна важноста на поддршката што Австрија континуирано ја дава на европската перспектива на РС Македонија и на земјите од Западен Балкан, оценувајќи дека размената на искуства и добри практики може дополнително да придонесе кон унапредување на работата на локалната самоуправа.

На средбата беше изразена подготвеност за продолжување на отворениот дијалог и за идентификување нови можности за конкретна соработка во интерес на граѓаните и локалните заедници.

Министерот за локална самоуправа, г. Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со постојаниот координатор на Обеди...
17/08/2026

Министерот за локална самоуправа, г. Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со постојаниот координатор на Обединетите нации во земјава, г-ѓа Рита Колумбиа, постојаниот претставник на УНДП, г. Армен Григоријан и г-ѓа Калинка Габер, проектен менаџер - УНОПС.

На средбата, која се одржа во конструктивна атмосфера, беше разговарано за актуелните и идните проекти, како и за можностите за унапредување на соработката во насока на поддршка на општините, поттикнување на меѓуопштинската соработка и создавање услови за порамномерен развој на регионите.

Во фокусот на разговорот беа проектите што се имплементираат преку УНДП, во партнерство со Министерството за локална самоуправа, со посебен осврт на „Зајакнување на општинските совети“ и „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.

Соговорниците разменија мислења и за идните планови и активности, со посебен акцент на иницијативите што можат да придонесат кон зајакнување на локалните капацитети, подобрување на условите за развој и реализација на проекти од непосреден интерес за граѓаните.

На средбата беше оценето дека постои значаен простор за понатамошно продлабочување на соработката и конкретизирање на идните активности, со цел создавање дополнителни можности за развој на општините и унапредување на услугите и условите за живот на локално ниво.

Во таа насока, беше потврдена заедничката определба за продолжување на партнерството и развивање на конкретни иницијативи насочени кон зајакнување на локалната самоуправа и поддршка на локалните заедници.

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со заменик-министерот за економија и тру...
23/07/2026

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. На средбата беа разменети мислења и идеи за повеќе значајни теми поврзани со состојбите на општините, локалниот економски развој, поддршката за домашните компании и значењето на инфраструктурните инвестиции на општиот економски развој на РС Македонија.

Тема на разговор беше и последната мерка објавена од Агенцијата за вработување која е дел со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година (јавниот повик е во тек и трае до 21.8.2026 година), а тоа е мерката „Економија на грижа - Општинско-корисна работа“ која е наменета за општините.

Со истата се овозможува општините работно да ангажираат невработени лица од евиденцијата на АВРМ со стекнат сертификат за давател на услугата во период од 9 (девет) месеци за ангажман од 40 часови неделно. Лицата би биле ангажирани во областите на социјални или здравствени услуги во согласност со потребите на локално ниво, како и за приоритетни целни групи на крајни корисници. За нивниот ангажман лицата ќе добиваат недомест од 24.000 денари месечно со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

На средбата соговорниците се согласија дека приоритетна цел за Владата на РС Македонија е да имаме економски стабилни, силни и дигитализирани општини кои нудат квалитетни услуги за граѓаните и компаниите во земјата.

Министерството за локална самоуправа во рамки на координираниот институционален одговор на кризата со водоснабдувањето, ...
22/07/2026

Министерството за локална самоуправа во рамки на координираниот институционален одговор на кризата со водоснабдувањето, итно обезбеди донација од 50.000 литри вода за пиење за жителите на Општина Гостивар.

Денеска во Гостивар пристигна првиот од двата предвидени камиони со првите количини бесплатна вода. Испораката има за цел директно да ги задоволи основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните служби.

Министерството останува во постојана координација со сите релевантни институции и внимателно ја следи состојбата на терен.

„Во моменти кога граѓаните се соочуваат со сериозни предизвици реагираме брзо, одговорно и солидарно. Со оваа донација даваме конкретен придонес во надминувањето на состојбата и испраќаме јасна порака: институциите се рамо до рамо со граѓаните секогаш кога тоа е потребно", изјави министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ.

Со оваа брза и конкретна акција, Министерството за локална самоуправа уште еднаш ја потврдува својата улога на сигурен партнер на сите општини – подготвено, навремено и одлучно да реагира преку институционална поддршка и директен ангажман во надминување на сите вонредни предизвици.

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ оствари работна посета ...
21/07/2026

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ оствари работна посета на Општина Кочани, каде што се сретна со градоначалникот Владко Грозданов.

На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочува општината, за развојните приоритети и за натамошно унапредување на партнерската соработка во реализацијата на проекти од значење за локалниот развој и подобар квалитет на живот на граѓаните.

По средбата, министерот Стоилковиќ се сретна и со дел од младите кои беа повредени во трагичниот пожар во Кочани и кои се лекуваа во Република Србија. Во искрен и непосреден разговор им посака успешно закрепнување, истакнувајќи дека институциите и во периодот што следува ќе останат отворени за поддршка и помош, секогаш кога тоа ќе биде потребно.

Посетата на Кочани е дел од караванот „Каде што срцето е дома“, преку кој Министерството за локална самоуправа воспоставува директна комуникација со општините, навремено ги препознава нивните потреби и работи на создавање ефикасни и одржливи решенија во интерес на локалниот развој и на сите граѓани.

Во Кичево денеска се одржа вториот консултативен настан за унапредување на меѓуопштинската соработка, на кој беа презент...
09/07/2026

Во Кичево денеска се одржа вториот консултативен настан за унапредување на меѓуопштинската соработка, на кој беа презентирани нацрт измените и дополнувањата на Законот за меѓуопштинска соработка.

Настанот обедини претставници од 24 општини од Југозападниот, Полошкиот и Пелагонискиот плански регион, како и градоначалници, претседатели на општински совети, претставници на општинската администрација, граѓанскиот сектор и членови на Комисијата за меѓуопштинска соработка и Работната група за подготовка на законските измени.

Во своето обраќање, заменик министерот за локална самоуправа Ерџан Селими истакна дека предложените измени имаат за цел да ја направат постојната законска рамка појасна, попрактична и полесно применлива за општините, со што ќе се создадат подобри услови за поефикасна меѓуопштинска соработка и поквалитетни услуги за граѓаните.

Во рамки на настанот, државниот секретар м-р Јулијана Павковска Боцевска и раководителката на Секторот за локална самоуправа, Сузана Најкова, ги презентираа активностите што Министерството за локална самоуправа ги спроведува за унапредување на меѓуопштинската соработка и имплементација на препораките од оценските мисии во областа на демократските институции и реформата на јавната администрација.

Консултативниот процес продолжува со активно вклучување на сите засегнати страни, со цел да се обезбеди современа и функционална законска рамка која ќе ги поддржи општините во поефикасното извршување на нивните надлежности.

Активноста се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“ финансиран од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија а имплементиран и кофинансиран од УНДП.

Во Кавадарци денеска се одржа консултативен настан за унапредување на меѓуопштинската соработка во врска со измените и д...
02/07/2026

Во Кавадарци денеска се одржа консултативен настан за унапредување на меѓуопштинската соработка во врска со измените и дополнувањата на Законот за меѓуопштинска соработка.

Настанот обедини претставници од 33 општини од Североисточниот, Источниот, Југоисточниот и Вардарскиот плански регион, како и градоначалници, претседатели на општински совети, претставници на општинската администрација, граѓанскиот сектор и членови на Комисијата за меѓуопштинска соработка и Работната група за подготовка на законските измени.

Во своето обраќање, заменик министерот за локална самоуправа Ерџан Селими истакна дека предложените измени имаат за цел да ја направат постојната законска рамка појасна, попрактична и полесно применлива за општините, со што ќе се создадат подобри услови за поефикасна меѓуопштинска соработка и поквалитетни услуги за граѓаните.

Во рамки на настанот, државниот секретар м-р Јулијана Павковска Боцевска и раководителката на Секторот за локална самоуправа, Сузана Најкова, ги презентираа активностите што Министерството за локална самоуправа ги спроведува за унапредување на меѓуопштинската соработка и имплементација на препораките од оценските мисии во областа на демократските институции и реформата на јавната администрација.

Презентирани беа предложените законски решенија, изработени врз основа на компаративни анализи, правен преглед на националната рамка и хармонизациска оценка на постојните правни решенија.

Консултативниот процес продолжува со активно вклучување на сите засегнати страни, со цел да се обезбеди современа и функционална законска рамка која ќе ги поддржи општините во поефикасното извршување на нивните надлежности.

Активноста се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“ имплементиран од УНДП.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, и директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и ...
29/06/2026

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, и директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Даниела Димовска, договорија повеќе заеднички активности со кои ќе се поврзат општините, младите и приватниот сектор во областа на иновациите.

Преку Ресурсниот центар за поддршка на општините, кој претставува механизам за јакнење на локалните капацитети, општините ќе добијат полесен пристап до програмите и инструментите за поддршка што ги нуди ИНОВА, но и можност своите реални потреби да ги претворат во конкретни иновативни решенија.

Во рамки на соработката, двете институции заеднички ќе креираат јавни повици што ќе произлегуваат од потребите на општините. Преку своите грант-програми, ИНОВА ќе обезбедува финансиска поддршка за стартапи, иновативни компании и претприемачи кои ќе развиваат практични и применливи решенија за локалните предизвици.

Договорена е и реализацијата на програмата „Месеци на практиканство“, преку која студентите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа. Истовремено, општините ќе добијат можност да вклучат млади луѓе кои со своето знаење, идеи и современи пристапи ќе можат да придонесат за унапредување на дел од административните процеси и услуги.

Во периодот што следи, Министерството за локална самоуправа и ИНОВА ќе продолжат со реализација на нови заеднички активности насочени кон јакнење на локалните капацитети, поголемо вклучување на младите и поттикнување на иновациите
во функција на развојот на општините.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински присуствуваше на Третиот состанок на Управниот комитет во рамки на Прог...
26/06/2026

Министерот за локална самоуправа Златко Перински присуствуваше на Третиот состанок на Управниот комитет во рамки на Програмската рамка помеѓу Sida и UNDP, на кој беше презентиран напредокот на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2“. Проектот се спроведува со поддршка и партнерство на Амбасадата на Шведска, Сида, Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој и УНДП.

Развиените алатките во рамки на проектот како Фондот за техничка документација и Општинскиот развоен индекс, нема да останат само проектни решенија.

Со нивната интеграција во институционалниот систем ќе се обезбеди континуирана поддршка за општините во подготовката на квалитетна проектна документација, носењето одлуки засновани на податоци и поефикасното планирање на локалниот развој.

Министерството за локална самоуправа останува посветено на создавање одржливи механизми кои ќе ги јакнат капацитетите на општините и ќе придонесат за порамномерен и одржлив локален развој.

Address

Улица Кирил и Методиј, 54
Skopje
1131

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Министерство за локална самоуправа posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Министерство за локална самоуправа:

Share