31/08/2026
Курс по новогрчки јазик – нивоа Β2 и Γ1
Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет – Скопје, во рамките на Центарот за менаџмент на човечки ресурси при Филозофскиот факултет, организира онлајн курс по новогрчки јазик за нивоата Β2 и Γ1.
Курсот е наменет за кандидати кои сакаат систематски да ги унапредат своите јазични компетенции и да се подготват за полагање на испитот за сертификат за познавање на новогрчкиот јазик – Πιστοποίηση Ελληνομάθειας.
Курсот опфаќа:
• 24 наставни часа по 90 минути
• онлајн настава преку MS Teams
• електронски наставни материјали (PDF и аудио)
• развивање на јазичните вештини: читање, пишување, слушање и говорење
• подготовка согласно барањата и структурата на испитот
• сертификат за посетување на курсот издаден од Филозофскиот факултет
Цена: 12.000 денари
Почеток на наставата: 22.09.2026
Термини: вторник и четврток, во попладневните и вечерните часови
Рок за пријавување: 15.09.2026
Пријавување и информации:
[email protected]
Курсот претставува можност за континуирано и систематско изучување на современиот грчки јазик, со посебен акцент на подготовката за официјалното сертифицирање на јазичното знаење.