Министерство за Јавна Администрација/Ministry of Public Administration

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Министерство за Јавна Администрација/Ministry of Public Administration

Министерство за Јавна Администрација/Ministry of Public Administration Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Министерство за Јавна Администрација/Ministry of Public Administration, Government Organization, БУлица „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Skopje.

Визијата на Министерството е насочена кон обезбедување на стручна, ефикасна и отчетна јавна администрација во служба на граѓаните на Република Македонија, со цел подобрување на квалитетот на јавните услуги и поттикнување инклузивен и правичен развој.

📍Министерството за јавна администрација денеска одржа работилница за проценка на спроведувањето на Стратегијата за рефор...
10/09/2026

📍Министерството за јавна администрација денеска одржа работилница за проценка на спроведувањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030 и Акцискиот план 2023–2026, со учество на околу 30 претставници од институциите и релевантните засегнати страни.

🗣️На работилницата се обрати државниот секретар во Министерството за јавна администрација, Ѓорѓи Влајнкиноски, кој истакна дека успешната реформа бара заедничка институционална посветеност, јасни приоритети и фокус на конкретни резултати.

🎯Целта на работилницата е да се направи реален пресек на досегашниот напредок, односно што е реализирано, кои мерки доцнат и кои се причините за тоа, но и да се утврдат конкретни чекори за забрзување на реформите во преостанатиот период од Акцискиот план.

📌Учесниците работеа во четири фокус-групи, согласно приоритетните области на Стратегијата:

➡️креирање политики и координација
➡️јавна служба и управување со човечки ресурси
➡️одговорност, отчетност и транспарентност
➡️дигитална трансформација

👥Работилницата е спроведена од страна на експерти од ITM Consulting, со поддршка на Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА).

✅Заклучоците и препораките ќе придонесат кон подобро насочување на реформските активности и постигнување конкретни и мерливи резултати во јавната администрација. Реформата продолжува, со фокус на резултати, одговорност и администрација која работи поефикасно за граѓаните.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, присуствуваше на свеченото одбележување на 8 Септември – Денот на неза...
08/09/2026

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, присуствуваше на свеченото одбележување на 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија во Владата на Република Македонија, по повод 35-годишнината од историскиот референдум на кој граѓаните ја потврдија својата волја за суверена и независна држава. 🇲🇰

Пред 35 години, граѓаните ја избраа Македонија. Одлуката донесена тогаш не беше само историски чин. Таа беше определба за сопствена иднина, за држава која сама ги носи своите одлуки и сама ја носи одговорноста за својот развој.

Денес, нашата обврска е таа независност да ја потврдиме со дела, со силни и професионални институции, со одговорна администрација и со држава која е во служба на своите граѓани.

Независноста на една држава не се брани само со зборови. Таа се гради секој ден.

И секоја генерација има своја должност кон Македонија, да ја чува, да ја гради и да ја направи посилна за оние што доаѓаат.

Честит 8 Септември – 35 години независна Македонија! 🇲🇰

Почитувани,Има датуми што ги паметиме. Има датуми што ги славиме. Но има и датуми што ги носиме во срцето.8 Септември е ...
08/09/2026

Почитувани,

Има датуми што ги паметиме. Има датуми што ги славиме. Но има и датуми што ги носиме во срцето.

8 Септември е токму таков датум!

Пред 35 години, македонскиот народ одлучи сам да ја гради својата иднина. Со своја независна држава, со свои одлуки и со верба дека можеме сами да го одредуваме својот пат.

Оттогаш до денес, многу генерации сонуваа, работеа, се бореа и создаваа. Некои ги поставија темелите, некои ја чуваа државата, а наша обврска е да ја направиме подобро место за оние што доаѓаат по нас.

Затоа, независноста е одговорност. Одговорност кон земјата. Кон граѓаните. Кон оние што веруваа во Македонија и кога беше најтешко. И кон децата и младите кои допрва ќе ја пишуваат нејзината иднина.

Да ја чуваме со гордост. Да ја градиме со љубов и одговорност. И да оставиме зад себе држава во која идните генерации ќе сакаат да останат, да живеат и да го градат својот сон.

Затоа што Македонија е нашиот дом. Нашето име и идентитет. Нашата култура. Нашата приказна. Нашата иднина.

Честит 8 Септември – 35 години независна Македонија!
Да ни е вечна Македонија! 🇲🇰

Со почит,
Горан Минчев,
Министер за јавна администрација

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска присуствуваше на традиционалниот прием по повод 8 Септември – ...
07/09/2026

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска присуствуваше на традиционалниот прием по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, во Собранието на Република Македонија. 🇲🇰

Денот на независноста е потсетник на одговорноста што ја носиме кон иднината. 35 години независност се три и пол децении во кои граѓаните ја градат државата, ги јакнат нејзините институции и создаваат општество со европска перспектива.

Во тој процес, реформата на јавната администрација има особено значење. Силна држава се гради преку професионални институции, компетентни и одговорни службеници, ефикасни јавни услуги и систем кој постојано се подобрува во интерес на граѓаните.

Македонија не ја градиме само денес, туку и за генерациите што доаѓаат. Секоја реформа, секоја посилна институција и секоја подобра услуга за граѓаните е дел од нашата обврска кон државата. 35 години независност се темел врз кој продолжуваме да градиме Македонија каква што заслужуваат нејзините граѓани, силна, достоинствена и европска.

📍Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска присуствуваше на состанокот во Владата, предводен од претседа...
04/09/2026

📍Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска присуствуваше на состанокот во Владата, предводен од претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, посветен на реализацијата на Реформската агенда.

🎯Изградбата на професионална, ефикасна и модерна јавна администрација е еден од клучните приоритети на Владата. Преку системски реформи, унапредување на професионалниот развој и подобрување на квалитетот на јавните услуги, создаваме институции кои работат побрзо, поефикасно и во интерес на граѓаните.

✅Продолжуваме со конкретни чекори и мерливи резултати, за модерна јавна администрација, посилни институции и побрз европски пат на Македонија.

📌Големите инфраструктурни проекти не значат само нови километри патишта, тие значат поголема поврзаност, нови можности и...
26/08/2026

📌Големите инфраструктурни проекти не значат само нови километри патишта, тие значат поголема поврзаност, нови можности и подобра иднина за граѓаните.

📍Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, присуствуваше на настанот по повод почетокот на градежните активности за изградба на автопатот Скопје – Блаце, проект од големо значење за поврзаноста на државата и регионот.

✅Паралелно со модерната инфраструктура, продолжуваме да работиме и на создавање поефикасна, професионална и современа јавна администрација, во интерес на граѓаните.

📌 Од стратешка рамка – кон конкретни решенија.🗓️Вториот ден од работната сесија посветена на воспоставувањето на Академи...
25/08/2026

📌 Од стратешка рамка – кон конкретни решенија.

🗓️Вториот ден од работната сесија посветена на воспоставувањето на Академијата за обука и стручно усовршување на јавните службеници беше насочен кон она што е најважно, како идејата да се претвори во функционален и одржлив систем.

👥 Тимот работеше на дефинирање на конкретните чекори, одговорности и временска рамка за воспоставување на Академијата, која треба да започне со работа на почетокот на 2027 година.

🎯 Целта е јасна: да создадеме современа Академија која нема да биде само место за обуки, туку вистински двигател на професионалниот развој, новите знаења и компетенции на јавните службеници.

🤝🏻 Со поддршка и експертиза од РеСПА, продолжуваме да ја градиме основата за институција која ќе значи повеќе знаење, поголема професионалност и поквалитетна јавна администрација.

✅Не создаваме само нова организациска единица, создаваме нова култура на учење и професионален развој во јавната администрација.

🗣️„Академијата не е само институционална новина. Таа е инвестиција во квалитетот, интегритетот и ефикасноста на јавната ...
24/08/2026

🗣️„Академијата не е само институционална новина. Таа е инвестиција во квалитетот, интегритетот и ефикасноста на јавната администрација, а со тоа и во довербата на граѓаните во институциите.“ Со овие зборови министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ја отвори првата работна сесија со тимот кој ќе биде дел од Академијата за обука и стручно усовршување на јавните службеници, која треба да започне со работа на почетокот од 2027 година.

📌Во изминатиот период беа поставени основите за формирање на Академијата, беше спроведена анализа на постојната состојба и потребите, а во наредниот период следува дефинирањето на организацискиот модел, клучните функции и оперативната поставеност на новата организациска единица во рамките на Министерството за јавна администрација.

👥Во рамките на дводневната работна сесија тимот ќе работи на подготовка на клучните документи за воспоставување на Академијата, како и на преточување на стратешката рамка и четирифазниот патоказ на реформата во конкретен, реалистичен и временски дефиниран акциски план. Овие документи ќе ја постават основата за започнување на оперативната фаза и функционирањето на Академијата во состав на Министерството за јавна администрација.

🗣️„Работата во овие два дена бара од секого од нас конкретност и посветеност. Не бараме уште еден документ на хартија, бараме јасен, реалистичен и спроведлив акциски план, со прецизно распределени одговорности, идентификувани ризици и временска рамка на која можеме да се потпреме. Тоа е она што ќе го означи вистинскиот почеток на оперативната фаза на Академијата“ истакна министерот Минчев.

🤝🏻Работната сесија се реализира во соработка со Регионалното училиште за јавна администрација – РеСПА. Преку менторската поддршка, регионалната експертиза и споделените искуства и практики од земјите во регионот, Министерството за јавна администрација добива значајна поддршка во процесот на градење на одржлив и функционален институционален модел на Академијата.

🎯Воспоставувањето на Академијата претставува важен чекор во создавањето современа, професионална и ефикасна јавна администрација, во која континуираното учење, развојот на компетенции и стручното усовршување ќе бидат составен дел од професионалниот развој на јавните службеници.

✅Министерството за јавна администрација продолжува посветено да работи на реформите кои значат поквалитетна администрација, подобри услуги за граѓаните и создавање услови во кои јавните службеници ќе имаат можност континуирано да ги развиваат своите знаења и професионални компетенции.

10/08/2026

35 години независност на Република Македонија! 🇲🇰

Заменик-министерот за јавна администрација Лазе Јаќимоски, заедно со заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристе...
08/08/2026

Заменик-министерот за јавна администрација Лазе Јаќимоски, заедно со заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, положија цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во Прилеп, по повод 25 години од трагичното загинување на десеттемина бранители кај Карпалак.

Со длабока почит се сеќаваме на нивната храброст, пожртвуваност и несебична жртва за татковината.

Нивниот спомен е вечен, а нивната жртва останува траен потсетник и обврска за идните генерации.

Вечна им слава! 🇲🇰

Address

БУлица „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Министерство за Јавна Администрација/Ministry of Public Administration posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Министерство за Јавна Администрација/Ministry of Public Administration:

Shortcuts

Share