МОДОМ

МОДОМ Младинска организација на ДОМ
http://dom.org.mk

ПРИОРИТЕТИ ВО ДЕЈСТВУВАЊЕТО НА МОДОМ
ДОМ ќе се залага за следниве политики кои се однесуваат на младите:
1. Намалување на невработеноста меѓу младите, подобрување на нивниот
социјален статус и спречување одлив на млади стручни луѓе во странство
(среднорочно);
2. Поголема застапеност на младите во политиката, особено во областите каде
тие се засегнати и нивна директна вклученост во донесувањето

одлуки
(долгорочно)
3. Подигање на квалитетот на образованието и на студентскиот стандард
(среднорочно);
4. Борба против девијантните и криминогените појави меѓу младите
(краткорочно);
5. Зголемување на довербата меѓу етничките заедници и вклучување на
маргинализираните групи во современите текови на живот и
општеството(долгорочно);
6. Отворени граници, зголемена мобилност и слободен проток на луѓе, средства и
идеи за унапредување на квалитетот на живот и себе надградба (краткорочно);
7. Негување на културата како универзален мост за разбирање и зближување на
младите во земјата и надвор од неа, но и како код за наша идентификација во
светот.
8. Обезбедување на поволни услови за младите и младите брачни парови за
стекнување на сопствен дом.
9. Обезбедување на можности за повеќе слободно време и слободни активности
за физички, умствен И психички развој на младата популација

Фала на поканата и на одличната организација OHRID Institute for Economic Strategies and International Affairs.МОДОМ ја ...
26/05/2026

Фала на поканата и на одличната организација OHRID Institute for Economic Strategies and International Affairs.

МОДОМ ја поздравува иницијативата и останува посветен на европската иднина на Северна Македонија, како и на унапредување на дијалогот, демократските вредности и политичката култура меѓу младите.

Со потпишувањето на Декларацијата за европски вредности, претседателите и претставниците на подмладоците на политичките ...
26/05/2026

Со потпишувањето на Декларацијата за европски вредности, претседателите и претставниците на подмладоците на политичките партии покажаа дека младите имаат капацитет и одговорност активно да придонесуваат кон демократска и европска иднина на Република Северна Македонија.

Особена чест за настанот беше присуството на Стефан Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија, и Валентина Величковска, извршна директорка на Граѓанскиот ресурсен центар, чие присуство даде дополнително значење и поддршка на оваа иницијатива.

Address

Dame Gruev
Skopje
1000

Telephone

+38976311601

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when МОДОМ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to МОДОМ:

Shortcuts

Share