Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода Официјална Facebook страна на Општина Кисела Вода

На 28-ми јуни 1955-тата година со Законот за подрачјата на околиите и општините во тогашна Народна Република Македонија усвоен од републичкиот собор на Народното собрание, била формирана новата Општина Кисела Вода. До изгласувањето како општина, тогашното село Кисела Вода, според законите за територјална поделба на тогашна Народна Република Македонија во периодот од 1945 до 1955-тата година влегув

ало во составот на Град Скопје.

Интересно е дека за многу краток период Општината Кисела Вода забележува голем растеж на својот севкупен развој. Особено за одбележување е десетгодишниот период од 1955 до 1965 година кога на територијата на општината по пат на голем инвестиционен циклус никнуваат стопанските капацитети: Хемискиот комбинат Охис, Цементарница Усје, Стаклара, Електромашинскиот индустиски погон Раде Кончар, Стаклара, Фабриката за сапуни и козметика Цветан Димов, текстилните фабрики Мирка Гинова, Црвена Звезда и Прогрес, прогрес и други стопански субјекти.

Во тој период Општината Кисела Вода станува водечка општина во Република Македонија. Овој епитет долго време опстојува заедно со главната карактеростика која говори дека Општина Кисела Вода во тогашни рамки имала вкупна површина од 737 квадратни километри во чии граници живееле 130 000 жители. Тој период се карактеризира и со изградба на повеќе населби од тврда градба, а како позначајни ги издвојуваме Аеродром, Јане Сандански и Лисиче.

ИЗВЕСТУВАЊЕ Согласно препораките од Министерството за здравство и извештајот од Институтот за јавно здравје, а во врска ...
21/08/2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Согласно препораките од Министерството за здравство и извештајот од Институтот за јавно здравје, а во врска со појавата на западнонилска треска, Општина Кисела Вода презема низа превентивни активности со цел максимална заштита на здравјето на своите жители.
Покрај редовното и вонредното прскање против комарци во делот на мапираните жаришта, Општина Кисела Вода презема и дополнителни мерки за справување со ситуацијата. Како еден од чекорите, привремено ќе бидат исклучени од функција неколку фонтани и јавни чешми. Поради високите температури и задржувањето на стоечка вода, овие локации претставуваат потенцијални жаришта за размножување на комарците.
Привремено надвор од функција ќе бидат следните локации:
Фонтаната во Паркот на бранителите (УЗ „Бобан Трпков“ - населба Драчево)
Фонтаната во паркот на сретсело (МЗ село Драчево)
Фонтаната во паркот „Шопен“ (УЗ 11 Октомври - згради)
Неколку јавни чешми ширум територијата на Општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода континуирано ја следи состојбата и ќе продолжи да дејствува во насока на зачувување на јавното здравје, во целосна координација со надлежните институции и согласно нивните понатамошни препораки.

Општина Кисела Вода обезбедува бесплатни униформи за сите 5500 ученици Во пресрет на новата учебна година, Општина Кисел...
20/08/2026

Општина Кисела Вода обезбедува бесплатни униформи за сите 5500 ученици
Во пресрет на новата учебна година, Општина Кисела Вода ја потврдува својата силна поддршка за семејствата со деца во основното образование. Обезбедени се бесплатни училишни униформи за секој ученик во сите основни училишта на територија на општината, опфаќајќи 5500 ученици.
Дополнително, секое прваче кое оваа есен за првпат ќе седне во училишните клупи, од Општина Кисела Вода ќе добие бесплатно ранче опремено со неопходниот училишен прибор.
Овие мерки претставуваат директна институционална поддршка за значително олеснување на семејните буџети.
-Децата се нашата најисплатлива инвестиција. Со обезбедувањето на бесплатни униформи за сите 5500 основци од нашите основни училишта, како и комплетно опремени ранчиња за нашите првачиња, ние директно го штитиме и олеснуваме семејниот буџет. Преку овие системски чекори се креира образовен амбиент ослободен од социјални разлики, во кој единствениот фокус на учениците останува воспитно-образовниот процес и нивната лична надградба. Сакаме родителите да бидат спокојни, а секое дете да се чувствува подеднакво вреднувано, достоинствено и прифатено. Општина Кисела Вода останува стабилен партнер на секое семејство, континуирано креирајќи мерки кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите наши жители- изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Денеска, на 19 август, кога се одбележува Светскиот ден на хуманоста, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Ста...
19/08/2026

Денеска, на 19 август, кога се одбележува Светскиот ден на хуманоста, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со директорката на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства при ЈУ Детски дом „11 Октомври“-Скопје, Павлина Трајановска, посетија дел од дечињата без родителска грижа кои се сместени во згрижувачки семејства на територијата на општината.
Вистинската хуманост на дело се покажува токму преку грижата за најмладите и обезбедувањето поддршка за децата на кои таа им е најпотребна. За време на посетата, на дечињата им беа поделени ваучери за набавка на училишен прибор и материјали, а за сите нив општината ќе обезбеди и училишни ранци.
Според податоците, на територијата на Кисела Вода во моментов функционираат 8 згрижувачки семејства и 6 роднински згрижувачки семејства, каде што се згрижени вкупно 18 деца без родители и родителска грижа.
Општина Кисела Вода континуирано се грижи за ранливите категории граѓани. За сите овие деца и нивните згрижувачки семејства, локалната самоуправа ќе овозможи бесплатно користење на низа општински услуги, мерки и субвенции кои значително ќе го олеснат нивното секојдневие и едукација. Пакетот мерки кои ќе важат за нив опфаќа бесплатни ранци и прибор за првачињата, бесплатни логопедско-дефектолошки третмани и психолошка поддршка на семејствата, субвенционирање на целодневен престој за децата во јавните детски градинки, субвенционирање на месечните сметки за дневен (продолжен) престој за учениците, како и бесплатни училишни униформи.
-Хуманоста не се покажува само преку зборови, туку преку дела и реална поддршка. Децата се нашата иднина, а наша должност е да им овозможиме еднакви услови за раст, развој и образование. Сите мерки, можности и субвенции кои ги нуди Општина Кисела Вода им стојат целосно на располагање на овие деца и нивните згрижувачи. Општината останува отворена и достапна за овие семејства во секоја сфера од општинското функционирање. Во соработка со Центарот за поддршка на згрижувачки семејства при ЈУ Детски дом „11 Октомври“-Скопје, континуирано работиме и посветено ќе продолжиме да делуваме преку кампања за јакнење на свеста кај локалното население, со цел да поттикнеме отворање на повеќе вакви семејства. Само така ќе овозможиме повеќе деца да добијат соодветна грижа, топол дом и љубов- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ потпишаа Меморандум за поддршка на пациентите со малигни заболувањаВо насока на унапре...
17/08/2026

Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ потпишаа Меморандум за поддршка на пациентите со малигни заболувања

Во насока на унапредување на здравствената и социјалната заштита на локално ниво, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и потпретседателката на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негователи „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузманоска, денеска ставија потпис на Меморандум за стратешка соработка.
Овој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено лекување на малигните заболувања.
Соработката предвидува широка палета на хуманитарни, едукативни и превентивни активности кои ќе се реализираат во директен интерес на граѓаните. Особено е значајно што претставници на Здружението „ХЕМА-ОНКО“ активно ќе бидат вклучени во консултативните процеси и работните групи при подготовката на локалните програми поврзани со здравството и социјалната заштита во општината.
-Здравјето и добросостојбата на граѓаните секогаш се во фокусот на нашата локална самоуправа. Борбата со малигните заболувања не е товар што треба да се носи поединечно, туку колективна обврска во која институциите имаат должност да бидат најсилен потпирач. Со овој Меморандум со „ХЕМА-ОНКО“, ја зацврстуваме рамката за континуирана едукација и превенција, но пред сè, испраќаме силна порака до пациентите и нивните семејства: не сте сами. Нашата цел е преку заеднички активности да обезбедиме уште поголема поддршка и конкретна помош за нашите сограѓани- истакна градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.
Партнерството меѓу Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ќе се реализира преку заедничко планирање и организација на едукативни трибини, работилници, јавни дебати и кампањи. Дополнително, документот отвора можност за здружено аплицирање на домашни и меѓународни повици за финансирање проекти кои се од заеднички интерес.

Свечено пуштена во употреба новата спортска сала во ПОУ „Круме Кепески во Припор, општина Кисела ВодаУчениците од подрач...
15/08/2026

Свечено пуштена во употреба новата спортска сала во ПОУ „Круме Кепески во Припор, општина Кисела Вода

Учениците од подрачното основно училиште „Круме Кепески“ во Припор од денес добија современ затворен спортски објект каде што ќе можат непречено да ја одржуваат наставата по физичко воспитување, да спортуваат и да се развиваат. Денес свечено беше пуштена во употреба новата училишна спортска сала.

На настанот присуствуваа премиерот, проф. д-р Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. Овој капитален проект е реализиран преку успешна соработка меѓу локалната самоуправа и централната власт. Имено, тој се реализираше со средства од Владата на Република Македонија преку унгарскиот кредит, фаза 2.

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска истакна дека Општина Кисела Вода континуирано работи на подобрување на условите во образованието, потсетувајќи на тековните проекти и мерки за поддршка на учениците.
-Огромно е задоволството што денеска овде, во подрачното училиште „Круме Кепески“ во Припор, ја отвораме новата спортска сала, место каде што учениците ќе имаат можност правилно да се развиваат и да ги следат часовите по физичко образование. Особено ме радува фактот што преку соработката со Владата и ресорното министерство реализиравме проект вреден речиси 20 милиони денари. На површина од околу 440 квадратни метри добивме прекрасна сала изградена според НБА стандардите. Ова беше долгогодишно барање на жителите од населбата Припор, со кое решаваме уште еден децениски проблем. Воедно, квалитетно се работи на проширување на основните училишта „Невена Георгиева Дуња“ и „Кирил Пејчиновиќ“, но и на изградба и реновирање на повече училишни спортски сали. Сакам да истакнам дека и ние, самостојно, како општина, продолжуваме да создаваме одлични услови, па така обезбедуваме бесплатни униформи за сите ученици и бесплатни ранчиња за сите првачиња. Упатувам голема благодарност до Владата за поддршката. Нека ни е аирлија и салата секогаш да биде полна со дечиња кои тука ќе растат и ќе се развиваат-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави нов инвестициски бран во училиштата ширум државата, со посебен фокус на инфраструктурата во Кисела Вода и воведувањето на едносменска настава.
Честитки до граѓаните на Кисела Вода, до учениците и наставниот кадар за оваа нова спортска сала изградена по најсовремени стандарди. Во овој период имаме инвестициски циклус од околу 90 милиони евра. Што се однесува до Кисела Вода, покрај оваа, градиме сала и во „Кузман Јосифовски Питу“, а реконструираме сали во ЦОУ „Круме Кепески“ и ООУ „Кузман Шапкарев“. Наша приоритетна цел е воведување едносменска настава за подобар квалитет на образованието. За таа намена ќе доградиме по шест училници во уште три училишта: „Кузман Јосифовски Питу“, „Круме Кепески“ и „Рајко Жинзифов“ во Пинтија. Кисела Вода е општина која бележи прилив на првачиња, што особено нè радува, и ние се трудиме да ги обезбедиме сите услови тие да останат тука“, истакна министерката Јаневска.

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува силно посветена на капиталните инвестиции и ги охрабри општините да продолжат со подготовка на нови проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните.

-Добро е кога се гради и кога се исполнуваат потребите на најмладите. Ние, како Влада, ќе продолжиме да поддржуваме вакви проекти и во периодот којшто следи. Нашата задача е да работиме и тоа коешто сме го ветиле да го испорачаме. Од ден на ден, дел од проектите коишто ги започнавме се завршуваат, помал дел се во фаза на реализација, а помал дел се отпочнуваат сега. Повеќе од 1.200 проекти веќе се реализираат на целата територија на државата и мислам дека Македонија во моментот е претворена во едно големо градилиште, што беше и целта на оваа Влада. За следната година, преку ЗЕЛС, ги охрабруваме градоначалниците да подготвуваат проекти, а планираме и дел од средствата да ги децентрализираме од централниот буџет кон општините за уште поголема реализација. Нека е со среќа и посакувам од оваа сала да излезат голем број успешни репрезентативци кои со гордост и достоинство ќе ги бранат боите на Македонија- изјави премиерот Мицкоски.

Оваа учебна година, во подрачното основно училиште „Круме Кепески“ во Припор, во општина Кисела Вода, се запишани 29 првачиња, што е значително зголемен број во споредба со минатата учебна година.

Трето вонредно прскање против комарци во ДрачевоЦентарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва ...
14/08/2026

Трето вонредно прскање против комарци во Драчево

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува трета вонредна акција за дезинсекција. Третманот ќе го опфати подрачјето на населбата и селото Драчево, со цел заштита на граѓаните и спречување на масовно размножување на комарците.

Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци. Оваа трета вонредна интервенција се надоврзува на досегашните активности кои започнаа кон крајот на минатиот месец со првото прскање, кое исто така беше насочено кон возрасните инсекти. Континуитетот продолжи пред два дена со втората акција, кога екипите на терен вршеа уништување на ларвите со соодветен ларвицид во каналите, застоените води и влажните места.

Уште еднаш ги потсетуваме пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради вечерашните активности. Истовремено, за акцијата да се реализира безбедно и ефикасно, ги замолуваме граѓаните во наведениот временски период, доколку се во можност, да ги држат затворени прозорците и вратите од своите домови.

Заеднички увид со директорот на ЈПДП Коце Трајановски: Реконструкција на мостот на Маркова Река за поголема безбедност н...
13/08/2026

Заеднички увид со директорот на ЈПДП Коце Трајановски: Реконструкција на мостот на Маркова Река за поголема безбедност на граѓаните

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, денеска извршија увид во градежните работи кои интензивно се одвиваат на мостот на Маркова Река. Објектот кој е лоциран на регионалниот пат Р1106, на самиот влез во Драчево, се реконструира со цел трајно решавање на прашањето за безбедноста и функционалноста на сообраќајната инфраструктура во овој дел од општината.
Како што беше истакнато при денешниот теренски увид, динамиката на градежните зафати е целосно приспособена на летниот период. Целта е да се искористи намалениот сообраќаен интензитет за побрзо одвивање на активностите и максимално минимизирање на застоите за граѓаните кои секојдневно транзитираат низ оваа делница.
Санацијата го опфаќа комплетниот горен строј на мостот. Во моментов се работи на отстранување на дотраените дилатациски фуги, сливниците, стариот асфалт, како и постоечките огради и тротоари. Веднаш по овие подготвителни активности, предвидена е изведба на нова бетонска плоча, поставување на современа хидроизолација и ново асфалтирање. Проектот вклучува и изградба на потполно нови тротоари за пешаците, како и поставување на нова заштитна ограда.
Инвестицијата за овој инфраструктурен зафат изнесува 4.619.800 денари без ДДВ, а средствата се целосно обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. Градежните работи ги изведува фирмата „Синтек Инженеринг“ ДООЕЛ, додека надзорот над изведбата е доверен на „ЕОС Е.Е.“ ДОО од Скопје.
Согласно договорот со изведувачот и предвидената динамика на терен, се очекува целосната реконструкција на мостот да биде завршена на почетокот на септември.

Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарциЦентарот за јавно...
12/08/2026

Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување.

Денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, застоените води и влажните места каде што се собира вода и каде што постојат услови за развој на овие инсекти. За дополнителна заштита и целосно намалување на бројноста на инсектите, акцијата ќе продолжи и во петок, кога ќе се изврши теренско прскање против возрасни комарци на територијата на овој дел од општината.

Општина Кисела Вода ги потсетува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради најавеното прскање против возрасни комарци кое ќе се реализира во петок.

За секое прваче во Кисела Вода - бесплатен ранец и училишен прибор!Општина Кисела Вода и оваа година ќе додели бесплатни...
11/08/2026

За секое прваче во Кисела Вода - бесплатен ранец и училишен прибор!

Општина Кисела Вода и оваа година ќе додели бесплатни анатомски ранци и училиштен прибор за сите првачиња запишани во основните училишта на нејзина територија.
Мерката ќе опфати околу 530 ученици во осумте општински основни училишта кои од септември тргнуваат во прво одделение. Обезбедениот пакет ги вклучува сите основни материјали, како ранец, тетратки и останат прибор неопходен за почетокот на наставата.
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, нагласи дека примарната цел на овој проект е финансиско олеснување за семејствата пред почетокот на учебната година.
- Првиот училишен ден е важен момент за децата и родителите, а нашата цел како Општина е тој да помине без дополнителен финансиски товар за семејниот буџет. Овој проект, кој како позитивен пример веќе се применува и во голем дел од другите општини, ја потврдува нашата континуирана заложба за директна поддршка на граѓаните. Затоа, апелирам до родителите на идните првачиња да не се изложуваат на трошоци и да не купуваат ранци и прибор. Сакам да нагласам дека за добивање на оваа поддршка не се потребни никакви критериуми, ниту дополнителни административни процедури, бидејќи мерката важи автоматски за сите запишани првачиња во општината-изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Целосно реновиран објектот „Кокиче“ при ЈДГ „Весели Цветови“Завршени се градежните работи на уште еден дел од објектот „...
10/08/2026

Целосно реновиран објектот „Кокиче“ при ЈДГ „Весели Цветови“

Завршени се градежните работи на уште еден дел од објектот „Кокиче“, кој функционира во состав на ЈДГ „Весели Цветови“. Со овој зафат објектот е целосно реновиран. Комплетно е обновен средишниот, постар дел од објектот, кој опфаќа: три занимални во кои престојуваат деца на возраст од 2 до 6 години, кујна, канцеларија и ходникот.

За време на реновирањето, целосно е отстранета ламперијата од ѕидовите, по што е поставена арматурна мрежа и ѕидовите се израмнети и соодветно обработени. Поставен е и нов плафон. Истовремено, извршена е демонтажа, темелно чистење и бојадисување на радијаторите, а поставено е и ново осветлување.

-Континуираното унапредување на условите за децата во градинките останува наш основен приоритет. Со ова реновирање создаваме многу попријатна, побезбедна и поздрава средина за престој и едукација на најмладите. Нашата цел е секое дете да има квалитетни услови за раст и развој, а воспитниот кадар современ и соодветен простор за работа - изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска при посетата на градинката.

Address

Улица Петар Дељан 17
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Telephone

+38922785400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Кисела Вода posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Кисела Вода:

Shortcuts

Share