Игор Филков

Игор Филков Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Игор Филков, Government Official, Dimitrie Chupovski 9, Skopje 1000, Skopje.

Суштината на секоја социјална мрежа е да се отвори канал за комуникација. Очекувам од граѓаните да имаме комуникација, да слушнам коментари, отворен сум за прашања. Како министер ќе ги користам сите канали на комуникација да бидам поблизок до граѓаните.

✅ По две децении донесен е нов Закон за парнична постапка ⚖️🇲🇰Со 81 глас „за“, 9 „против“ и ниту еден воздржан, Собрание...
03/07/2026

✅ По две децении донесен е нов Закон за парнична постапка ⚖️🇲🇰

Со 81 глас „за“, 9 „против“ и ниту еден воздржан, Собранието го донесе новиот Закон за парнична постапка, кој претставува еден од клучните реформски чекори кон унапредување на правосудниот систем и негово усогласување со современите европски стандарди.

Со новите законски решенија се создаваат услови за побрзи, поефикасни и поквалитетни судски постапки, како и за поголема правна сигурност и подобра заштита на правата на граѓаните и правните лица.

Законот предвидува зајакнување на улогата на судот во утврдувањето на фактичката состојба, воведување современи дигитални алатки во работењето на судовите, како и поедноставување и забрзување на постапките, особено кај споровите од помала вредност.

Меѓу значајните новини е и можноста за електронска достава на писмена и одржување на судски рочишта преку електронски средства, со што дополнително ќе се намалат трошоците и ќе се скрати времетраењето на постапките.

Законот воведува и претставнички тужби за заштита на колективните интереси и права, со што се проширува пристапот до правда и се создаваат нови механизми за правна заштита на граѓаните.

Воедно, предвидени се поправедни и попропорционални санкции во текот на постапките, а законските решенија се усогласени со останатите системски прописи со цел да се обезбеди кохерентен, функционален и предвидлив правен систем.

Министерството за правда продолжува со спроведување на реформската агенда насочена кон ефикасно судство, владеење на правото и јакнење на довербата на граѓаните во институциите. ⚖️📜🤝

02/07/2026
01/07/2026
⚖️ Предлог-законот за судовите е објавен на ЕНЕРНовото законско решение претставува еден од клучните реформски чекори за...
01/07/2026

⚖️ Предлог-законот за судовите е објавен на ЕНЕР

Новото законско решение претставува еден од клучните реформски чекори за модернизација на судскиот систем и создавање поефикасно, понезависно и поодговорно судство.

Целта е подобра организација на судската мрежа, зајакнување на независноста на судиите и унапредување на механизмите за судиска одговорност.

Најзначајни новини:

✅ Оптимизација на судската мрежа преку реорганизација на основните судови и поефикасно организирање на апелационите судови, со цел рамномерна распределба на предметите, намалување на заостанатите предмети и побрз пристап до правда за граѓаните;

✅ Нови законски гаранции за заштита на независноста на судството и спречување на недозволено влијание врз судиите при вршењето на судиската функција;

✅ Појасен, потранспарентен и пообјективен систем за утврдување на судиската одговорност и спроведување на дисциплинските постапки, во согласност со европските стандарди;

✅ Услови за поефикасно функционирање на судскиот систем и поцелосно остварување на правото на правично судење.

Со овие реформи се зајакнуваат владеењето на правото, независноста и ефикасноста на судството, а истовремено се придонесува кон враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем и исполнување на европските стандарди во областа на правосудството. 🇪🇺

🔗 Предлог-законот е достапен на ЕНЕР:
https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=122914

Најобемниот реформски циклус во правосудството е веќе реалност ⚖️🇪🇺Денеска, на брифинг со амбасадорите на земјите-членки...
30/06/2026

Најобемниот реформски циклус во правосудството е веќе реалност ⚖️🇪🇺

Денеска, на брифинг со амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија, ги презентирав резултатите од спроведувањето на Реформската агенда во областа на владеењето на правото и напредокот во исполнувањето на европските обврски на државата. 🤝

За помалку од две години, Министерството за правда подготви околу 30 законски решенија, од кои 13 се директно поврзани со Реформската агенда. Станува збор за најобемниот законодавен реформски циклус реализиран во толку краток временски период. 📄✅

Донесен е новиот Закон за Судскиот совет, целосно усогласен со препораките на Оценската мисија на Европската Унија и Венецијанската комисија. ⚖️

Донесени се и новите Закон за судска служба и Закон за јавнообвинителска служба, со кои се гарантираат стекнатите права на вработените, се поедноставуваат процедурите за вработување и се воспоставува правичен и предвидлив систем за вреднување на трудот. 👩‍⚖️👨‍⚖️

Пополнети се сите работни места во Агенцијата за управување со одземен имот, а избрани се и двајца нови членови на Судскиот совет согласно новите законски решенија. 🏛️

Во завршна фаза се и новиот Закон за јавното обвинителство, Законот за судски буџет, новиот Закон за кривичната постапка и новиот Кривичен законик, со кои ќе се заокружи најзначајниот пакет правосудни реформи во последните години и ќе се воспостави современа правна рамка усогласена со европските стандарди. 📌🇪🇺

Паралелно, преку индикаторите на Европската комисија се евидентира континуирано зголемување на бројот на истраги, обвиненија, пресуди, конфискации и управување со одземен имот во предметите поврзани со корупцијата, организираниот криминал и перењето пари. 📈

Реформите се резултат на интензивна работа, координација со Владата, Европската комисија и меѓународните партнери, како и јасна определба за создавање независно, ефикасно и европско правосудство. 🤝⚖️

Тие се инвестиција во иднината на државата. Со нив градиме посилни институции, поефикасно правосудство, повисока доверба кај граѓаните и побрза европска интеграција. 🇲🇰🇪🇺

Таму каде што е потребен политички консензус, очекувам одговорност и државнички пристап од сите политички чинители, затоа што европските реформи се обврска кон државата и кон идните генерации. ✅

29/06/2026

33 реформски закони за само 2 години се подготвени во Министерството за правда.

✅Со спроведените реформи очекуваме ослободување на 47 милиони евра.

✅ Донесовме најдобри законски решенија за граѓаните

28/06/2026

Address

Dimitrie Chupovski 9, Skopje 1000
Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Игор Филков posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Игор Филков:

Shortcuts

Share