СЕПУГС Васил Антевски Дрен

СЕПУГС Васил Антевски Дрен Официјална страна на Средно економско правно училиште

Средното економско и правно училиште на град Скопје „Васил Антевски – Дрен“ постои уште од 1913 година, кога е формирано како двегодишно трговско училиште. Две години подоцна прераснало во Трговска академија, во која школувањето се одвивало 4 години. За време на окупацијата училиштето било претворено во Трговска гимназија во која школувањето траело 5 години. По ослободувањето било преименувано во

економски техникум, а половина станало Средно економско училиште „Борис Кидрич“. Во 1963 година донесена е одлука на училиштето да му се додели и средното правно училиште, па од учебната 1964/65 година во склоп на училиштето постојат и паралелки од правна струка. Од 1993 година му е дадено името на народниот херој Васил Антевски - Дрен, а е сместено во модерна мошне убава училишна зграда која го замени стариот училиштен објект во кој училиштето работеше по земјотресот во 1963 година

02/08/2026
https://www.facebook.com/share/p/18Y13oUtxu/?mibextid=wwXIfr
11/07/2026

https://www.facebook.com/share/p/18Y13oUtxu/?mibextid=wwXIfr

🧠 Менталното здравје и безбедноста на младите се наш приоритет!

Започнуваме нов проект за бесплатна психолошка поддршка за средношколци (15-19 год.) во Скопје преку две активности:

1️⃣ Психолошко советување – бесплатни индивидуални сесии за емоционална поддршка.
📍 Локации: Козле, Аеродром и Центар.

2️⃣ Едукативни работилници – за стручен кадар и родители од 23 средни училишта, со фокус на:
🛑 Превенција од насилство
🔗 Справување со зависности
🌱 Унапредување на менталното здравје

📞 Информации и закажување: +389 75 422 781
🤝 Носители: Асоцијација Гаспар и Лумен.
🏛️ Проектот е поддржан од Град Скопје.

Успешен состанок за проектот CAGEA во Софија, Бугарија! ✨Со задоволство споделуваме дека партнерите на проектот неодамна...
30/06/2026

Успешен состанок за проектот CAGEA во Софија, Бугарија! ✨

Со задоволство споделуваме дека партнерите на проектот неодамна се собраа во Софија, Бугарија, на уште еден продуктивен транснационален состанок за проектот, стручно организиран од нашиот партнер EDINNO.

Огромна благодарност до EDINNO за одличната организација, топлото гостопримство и можноста да се сретнеме и да размениме искуства за неверојатниот напредок на проектот. 🤝

Најважниот момент на состанокот беше размената на искуства од тековната пилот-фаза. Со гордост објавуваме дека над 100 активности за кариерно насочување веќе се одржаа низ земјите-партнери, добивајќи многу позитивни повратни информации од учениците, наставниците и родителите. Ентузијазмот и посветеноста што ги гледаме во училниците ја потврдуваат важноста за поддршката на младите луѓе додека ги истражуваат своите силни страни, интереси и идни можности.

Како што се приближуваме кон последната фаза од пилот-проектот, инспиративно е да се види како едукаторите и учениците ја прифаќаат методологијата CAGEA. Заедно, им помагаме на младите луѓе да развијат самосвест, да го истражуваат светот на работата и да ја стекнат потребната самодоверба за да донесуваат информирани одлуки за нивната професионална иднина.

Со заедничка работа низ цела Европа, создаваме алатки и пристапи што ја оспособуваат следната генерација да се движи по своите образовни и кариерни патеки со поголема самодоверба и решителност. 🌍🚀

Уште еднаш им благодариме на EDINNO и на сите партнери во проектот за нивната посветеност и тимска работа. Проектот продолжува и со нетрпение ги очекуваме последните чекори што претстојат!

На 9 мај се одржа Државниот натпревар по англиски јазик и нашите ученици Јана Костова од III-7 и Дарко Наумов од III-4  ...
11/06/2026

На 9 мај се одржа Државниот натпревар по англиски јазик и нашите ученици Јана Костова од III-7 и Дарко Наумов од III-4 во силна конкуренција со ученици од целата земја освоија втора награда и покажаа одлично познавање на англискиот јазик, посветеност и труд.
Честитки и до помладите Ана Грбиќ и Мила Игњатовска од II-7 кои на регионалниот натпревар освоија трета награда и им посакуваме многу успех во следниот циклус натпревари.

Потпишан Меморандум за соработка со компанијата Крестон Македонија, членка на меѓународната мрежа Крестон Глобал, претст...
10/06/2026

Потпишан Меморандум за соработка со компанијата Крестон Македонија, членка на меѓународната мрежа Крестон Глобал, претставувана од страна на основачкиот партнер г-дин Ненад Тортевски. Ненад истовремено ја извтшува функцијата претседател на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРСМ).
Овој настан има посебно значење за нашето училиште, бидејќи Ненад е поранешен ученик на „Дрен“, кој денес е препознаен како врвен професионалец во областа на ревизијата и финансиите. Неговото враќање во училишните клупи – овојпат како предавач и партнер – е доказ дека знаењето, трудот и посветеноста отвораат пат кон големи достигнувања.
Во рамките на посетата, учениците од трета година имаа можност да присуствуваат на инспиративно предавање за значењето на континуираното учење, личниот развој, изборот на вистински ментори и градењето успешна кариера. Тие добија драгоцени совети директно од професионалец кој својот успех го изградил токму врз темелите поставени во нашето училиште.
Потпишаниот меморандум претставува нова можност за унапредување на практичната настава, поврзување на учениците со реалниот сектор, развој на професионални компетенции и создавање нови можности за кариерен развој. Ваквите партнерства ја потврдуваат нашата заложба образованието да биде тесно поврзано со потребите на современиот пазар на труд.
Горди сме кога нашите поранешни ученици стануваат лидери во своите професии и уште повеќе кога избираат да се вратат и да инвестираат во идните генерации.
Заедно градиме знаење, професионалност и иднина.
#ВасилАнтевскиДрен

Address

Улица Вера Јоциќ Бр. 4
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:45 - 19:40
Tuesday 07:45 - 19:40
Wednesday 07:45 - 19:40
Thursday 07:45 - 19:40
Friday 07:45 - 19:40

Telephone

+38922777343

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СЕПУГС Васил Антевски Дрен posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to СЕПУГС Васил Антевски Дрен:

Shortcuts

Share