Министерство за енергетика рударство и минерални суровини

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Министерство за енергетика рударство и минерални суровини

Министерство за енергетика рударство и минерални суровини Официјална Facebook страница на Министерство за енергетика рударство и минерални суровини

Македонија има иднина. А нејзината иднина се младите. 🇲🇰Денес, на Машинскиот факултет, министерката за енергетика, рудар...
13/09/2026

Македонија има иднина. А нејзината иднина се младите. 🇲🇰

Денес, на Машинскиот факултет, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со гордост го проследи претставувањето на новиот болид на MES Racing – проект зад кој стојат млади студенти и идни инженери кои со месеци создаваат, конструираат, тестираат и учат.

Ова е доказ дека Македонија има млади луѓе со знаење, амбиција и капацитет да создаваат нешто свое и да се натпреваруваат со најдобрите.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи. Затоа што инвестицијата во младите инженери, науката и техничкото знаење е инвестиција во македонската економија, индустрија и енергетска иднина.

Посебна чест за министерката Божиновска беше доделувањето на благодарницата од тимот MES Racing за поддршката која ја даде за нивниот проект.

Но, најголемата благодарност денес ја заслужуваат токму тие – младите луѓе кои со своето знаење и труд покажуваат дека можеме да создаваме, а не само да следиме.

Младите инженери се нашиот потенцијал.
Нивното знаење е нашата сила.
Нивните идеи се дел од иднината на Македонија.

Продолжете да создавате.
Продолжете да поместувате граници.

Македонија има потреба од вас. 🇲🇰

⚡ МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГРАДИ. ДА ИНВЕСТИРА. ДА СОЗДАВА НОВИ ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТИ. 🇲🇰Секој нов енергетски капа...
12/09/2026

⚡ МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГРАДИ. ДА ИНВЕСТИРА. ДА СОЗДАВА НОВИ ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТИ. 🇲🇰

Секој нов енергетски капацитет значи повеќе сигурност, поголема стабилност и посилен енергетски систем за државата.

На свеченото пуштање во употреба на новата когенеративна централа на „ТЕССА Енерџи“, уште еднаш испративме јасна порака:

Македонија има потреба од инвестиции во енергетиката. Но секоја инвестиција треба да носи поширока вредност – за економијата, за локалната заедница и за иднината на државата.

Како Министерство, продолжуваме да создаваме стабилна и предвидлива средина за нови инвестиции – затоа што енергетските проекти можат и мора да се реализираат ефикасно, одговорно и во согласност со утврдените правила и стандарди.

⚡ Повеќе инвестиции. Повеќе домашни капацитети. Поголема енергетска сигурност.
Но развојот на енергетиката не застанува само со изградба на нови производни капацитети.

⚡ Мора да инвестираме во мрежата и инфраструктурата.
🌱 Во обновливите извори и енергетската ефикасност.
🔋 Во современи технологии и подобро управување со енергијата.

Тоа е патот кон модерен, стабилен и конкурентен енергетски систем – подготвен за потребите на граѓаните, економијата и предизвиците на новото време.

Затоа што силната енергетика е основа за силна економија и сигурна иднина на Македонија! 🇲🇰

Повеќе прочитајте на - https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/bozinovska-za-tessa-enerdzi-sekoj-nov-energetski-kapacitet-ja-zajaknuva-sigurnosta-i-stabilnosta-na-drzavata

На денешниот состанок за Реформската агенда, пред претставниците од Европската Унија заменикот министер за енергетика, р...
11/09/2026

На денешниот состанок за Реформската агенда, пред претставниците од Европската Унија заменикот министер за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ, го изложи досегашниот напредок на тековните чекори во енергетскиот сектор.

​,, Реализацијата на овие чекори е голем предизвик и бара посветена работа од многу институции, но императивот е голем за сите нас вклучени во процесот, а тоа е да обезбедиме енергетска стабилност, одржлива транзиција и поквалитетни услуги за граѓаните,, истакна Лабудовиќ.

​Со поддршка од нашите партнери од ЕУ, продолжуваме одговорно и фокусирано кон исполнување на поставените цели! 🇲🇰🇪🇺

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини бара доследно спроведување на препораките од ревизорските и...
11/09/2026

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини бара доследно спроведување на препораките од ревизорските извештаи во енергетскиот сектор

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Главниот државен ревизор, Максим Ацевски, на која во фокус беа резултатите од спроведените ревизии во институциите и субјектите поврзани со секторот енергетика, утврдените состојби и мерките за нивно надминување.

По барање на министерката Божиновска, Државниот завод за ревизија во изминатиот период спроведе ревизорски постапки во институции од енергетскиот сектор. На средбата беа разгледани информациите содржани во ревизорските извештаи, констатираните пропусти и слабости, како и препораките дадени од Државниот завод за ревизија за нивно надминување. Исто така беше разговарано за воспоставување поефикасен механизам за следење на реализацијата на ревизорските препораки, со јасно дефинирани активности и одговорности на институциите, како и за намерата на Министерството да побара од надлежните институции и органи во секторот енергетика да подготват акциски планови за спроведување на препораките од ревизорските извештаи, со конкретни мерки, рокови и одговорни лица, со цел утврдените состојби да бидат системски надминати.

„Неопходно е препораките на Државниот завод за ревизија да не останат само констатации на хартија. Ќе бараме конкретни активности, рокови и отчетност од институциите. Само така можеме да зборуваме за одговорно управување со јавните средства, поголема ефикасност и институции кои работат во интерес на граѓаните“, нагласи Божиновска.

Повеќе детали на линкот во прилог: https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/bozinovska-so-glavniot-drzaven-revizor-acevski-revizorskite-naodi-mora-da-se-pretvorat-vo-konkretni-merki-i-odgovornost

Од заштита на рубинот кон воспоставување систем што ќе го гарантира неговото потекло, квалитет и препознатливост во свет...
11/09/2026

Од заштита на рубинот кон воспоставување систем што ќе го гарантира неговото потекло, квалитет и препознатливост во светот

Во Министерството денеска се одржа работна средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со новоформираната Комисија за македонскиот рубин, претставници на Државниот завод за индустриска сопственост, претставници од надлежните сектори за геологија и рударство во Министерството и директорот на Геолошкиот завод, Ивица Андов, институцијата под чија стручна надлежност ќе функционира Комисијата.

Формирањето на Комисијата претставува нова фаза во процесот што започна со институционалното признавање и заштита на македонскиот рубин.
Главни чекори и активности на Комисијтата ќе бидат:
• Правилник за иниституционална и правна рамка за заштита.
• Воспоставување систем за сертификација: Дефинирање стандарди за верификација и потврда на автентичноста и квалитетот.
• Контролиран и одржлив модел на експлоатација и заштита од злоупотреби.
• Меѓународна промоција: Создавање препознатлив национален бренд и позиционирање на македонскиот рубин на светските пазари.

„Нашата цел е од природно богатство да создадеме препознатлива национална вредност и бренд со јасни правила и стандарди“, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со Геолошкиот завод и Државниот завод за индустриска сопственост, продолжува со реализација на конкретните активности на Комисијата.

Повеќе детали на линкот во прилог:
https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/makedonskiot-rubin-dobiva-sistem-sertifikacija-i-megjunarodna-afirmacija-formirana-komisija-za-negova-zastita

Над 500 семејства добија ваучери за инвертер клими – објавени списоците, еве како да се искористи поддршкатаМинистерство...
10/09/2026

Над 500 семејства добија ваучери за инвертер клими – објавени списоците, еве како да се искористи поддршката

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги објавува списоците на добитници на финансиска поддршка за набавка и вградување на инвертер клима уреди, во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година.

За двете опфатени категории се доделени над 500 потврди-ваучери, со кои на домаќинствата што ги исполнуваат условите им се овозможува поддршка за набавка и монтажа на инвертер клима уред . Списоците можете да ги проследите на следниов линк: https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/rezultati-i-spisoci/spisoci-na-dobitnici-na-finansiska-poddrska-za-ranlivi-potrosuvaci-na-energija-za-2026-godina-naslov-za-2-ta-spisoci

Прочитајте ги 5-те важни чекори на слајдовите за да го реализирате вашето право брзо и без пречки.

⚠️ Краен рок за користење на ваучерите е 15 октомври 2026 година.

Списокот на овластени фирми каде што можете да го искористите ваучерот најдете го тука:https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/rezultati-i-spisoci-file-VBTe.pdf

За какви било прашања или технички проблеми со документите, обратете се на:
✉️ [email protected] | 📞 071 320 384

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со ректорот на УГД –...
10/09/2026

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со ректорот на УГД – Штип, проф. д-р Дејан Мираковски. Фокусот е ставен врз градење модерен и научно поткрепен систем за управување со природните ресурси.

Клучни иницијативи од средбата:

- Каталог на минерални суровини и целосна мапа на геолошките истражувања.
- Заштита и промоција на македонскиот рубин како национално геонаследство.
- Истражување на критични минерали за зелена транзиција и интегрирање во европските синџири на вредност.
- Агроволтаици: Можности за фотоволтаични системи во земјоделството.
- Создавање нови кадри: Специјализирани програми и пракса за студентите во областа на обновливите извори и одржливите технологии.

Со зајакнување на истражувачките капацитети и искористување на европските фондови, знаењето станува главен двигател на економскиот развој!

Повеќе инфромации на линкот во прилог: https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/bozinovska-vo-ugd-stip-naukata-i-instituciite-mora-da-rabotat-zaedno-za-silen-energetski-i-mineralen-sektor

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, дене...
09/09/2026

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на одбележувањето на успешното финансиско затворање на проектот „Ветерен парк Штип“ – една од значајните инвестиции во нови производствени капацитети и посигурна енергетска иднина на Македонија.

„Енергетската независност не се прогласува. Таа се гради. Се гради со нови производствени капацитети, со одговорни инвестиции, со знаење и со институции што имаат јасна насока. Се гради со одлуки чија вредност нема да се мери само денес, туку и во децениите што доаѓаат“, истакна Божиновска.

Ветерниот парк ќе произведува чиста електрична енергија, ќе отвори повеќе од 300 работни места и ќе создаде нови можности за домашните и регионалните компании.

А улогата на институциите е јасна:

„Нашата работа е да ја поставиме насоката на енергетскиот развој, да обезбедуваме институционална координација, да ги поврзуваме потребите на економијата со можностите на енергетскиот систем и во секоја одлука да го чуваме јавниот интерес. Министерството мора да биде двигател на развојот и чувар на јавниот интерес.“

Големите инвестиции бараат силно партнерство.

Повеќе детали на линкот во прилог: https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/bozinovska-za-veterniot-park-stip-energetskata-nezavisnost-se-gradi-so-investicii-i-silni-partnerstva

09/09/2026
Силно светнал ден. 🇲🇰8 Септември 1991 година.35 години независна Македонија.За генерациите што сонувале за неа. За децат...
08/09/2026

Силно светнал ден. 🇲🇰

8 Септември 1991 година.
35 години независна Македонија.

За генерациите што сонувале за неа. За децата што треба да останат и да создаваат во неа.

Македонија останува.

Ќе ја чуваме.
Ќе ја градиме.
Ќе веруваме во неа.

Повторно силно светнал ден.
Ден за гордост. Ден за надеж. Ден за Македонија. ❤️🇲🇰

Честит 8 Септември — Денот на независноста!
Честит роденден, Македонијо. Биди вечна! 🇲🇰

Address

Улица Македонија Бр. 27
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Министерство за енергетика рударство и минерални суровини posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Министерство за енергетика рударство и минерални суровини:

Shortcuts

Share