23/04/2026
Денес во Скопје, во организација на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, започна дводневната валидациска работилница за подготовка на Националната стратегија и Акцискиот план за борба против трговија со луѓе, трговија со деца и илегална миграција (2026–2030).
Работилницата претставува значајна фаза во процесот на креирање на стратешките документи, преку која се обезбедува активно учество на сите релевантни институции, организации и партнери, со цел усогласување на приоритетите, мерките и активностите.
Преку заедничка работа и размена на искуства, се очекува да се утврдат решенија кои ќе придонесат кон поефикасен и координиран национален одговор во борбата против трговијата со луѓе.
🤝 Работилницата се реализира со поддршка на Меѓународната организација за миграции (IOM) и Европската унија.
#борбапротивтрговијасолуѓе