Златко Перински

Златко Перински Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Златко Перински, Government Official, Sv. Kiril i Metodij 54, Skopje.

Илинден е повеќе од историски датум. Тој е симбол на непокорот, достоинството и вечниот стремеж на македонскиот народ ко...
02/08/2026

Илинден е повеќе од историски датум. Тој е симбол на непокорот, достоинството и вечниот стремеж на македонскиот народ кон слобода и своја држава. Од Крушевската Република до АСНОМ, испишана е приказната за народ кој, и покрај сите искушенија, никогаш не престанал да верува во Македонија.

Историјата нè научи дека силата на еден народ не се мери по тоа колку пати паднал, туку по тоа колку пати повторно застанал исправен. Таа сила е вградена во македонскиот дух истраен, достоинствен и непоколеблив.

Нека Илинден нè потсетува дека нашата најголема обврска е да ја чуваме Македонија, да ја развиваме и да ја оставиме посилна на генерациите што доаѓаат.

Нека е вечен Илинден! Нека е вечна Македонија! 🇲🇰

Во Фондот за здравствено осигурување бев домаќин на H.E. Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Амер...
30/07/2026

Во Фондот за здравствено осигурување бев домаќин на H.E. Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави.

САД се наш стратешки партнер и, во духот на традиционално добрите односи меѓу двете земји, разговаравме за актуелните прашања и предизвиците во здравството, како и за можностите за натамошна поддршка на реформските процеси и развојот на здравствениот систем.

Во здравството нема едноставни решенија, но секој отворен разговор и секое споделено искуство можат да помогнат да се направи следниот чекор во вистинската насока.

Заедно со министерот за здравство д-р Сашо Клековски, градоначалникот Иван Јорданов и претставниците од Светска банка, ј...
30/07/2026

Заедно со министерот за здравство д-р Сашо Клековски, градоначалникот Иван Јорданов и претставниците од Светска банка, ја посетивме Клиничката болница во Штип, каде го разгледавме новиот концепт за реализација на еден од најзначајните капитални проекти во македонското здравство.
 
Со инвестиција вредна 109 милиони евра, проектот добива значително поширок опфат и претставува стратешко вложување во иднината на македонското здравство. Новиот концепт не се однесува само на изградба на болнички капацитети, туку предвидува развој на современ здравствено-образовен комплекс кој ќе обезбеди подобри услови за лекување, едукација во областа на медицината и понатамошен развој на здравствениот систем.
 
Овој проект е значаен затоа што создава услови здравствените услуги да се организираат подобро, а капацитетите на здравствениот систем да се користат поефикасно.

Заедно со министерот за здравство д-р Сашо Клековски, градоначалникот Биљал Касами и делегација на Светска банка, ја пос...
29/07/2026

Заедно со министерот за здравство д-р Сашо Клековски, градоначалникот Биљал Касами и делегација на Светска банка, ја посетивме Клиничката болница Тетово, каде разговаравме за концептот за реконструкција, проширување и опремување на оваа здравствена установа.

Станува збор за инвестиција вредна околу 74 милиони евра, со која се предвидува модернизација на хируршкиот и интернистичкиот блок, изградба на нови објекти за повеќе медицински дејности и набавка на современа медицинска опрема.

Со реализацијата на проектот ќе се создадат подобри услови за здравствена заштита на сите жители од Полошкиот регион.

Овој проект има пошироко значење за целиот здравствен систем. Со зајакнувањето на капацитетите на Клиничката болница Тетово ќе се намали притисокот врз Универзитетскиот клинички центар во Скопје, а здравствените услуги ќе станат поквалитетни за сите здравствени осигуреници.

Фондот за здравствено осигурување активно ќе учествува во планирањето на здравствените услуги и обезбедувањето финансиска одржливост на новите капацитети, со цел тие да одговорат на потреби на граѓаните и да обезбедат квалитетна и ефикасна здравствена заштита.

Во организација на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, се одржа работилницата „Зајакнување ...
23/07/2026

Во организација на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, се одржа работилницата „Зајакнување на управувањето со боледувањата“, на која учествуваа претставници на Владата, институциите, здравствените установи, лекарската фела, синдикатите, стопанските комори и меѓународните партнери.

Во фокусот на дискусијата беа можностите за зајакнување на системот за управување со боледувањата преку појасни процедури, поефикасни механизми на контрола и решенија кои ќе обезбедат рамнотежа помеѓу заштитата на правата на осигурениците и одговорното управување со средствата на задолжителното здравствено осигурување.

Верувам дека ваквиот инклузивен пристап и отворената стручна дебата се клучни за креирање одржливи и применливи решенија кои ќе придонесат за поефикасен здравствен систем.

На примопредавањето на функцијата со д-р Сашо Клековски разговаравме за состојбите во Фондот за здравствено осигурување,...
22/07/2026

На примопредавањето на функцијата со д-р Сашо Клековски разговаравме за состојбите во Фондот за здравствено осигурување, тековните активности и обврските што следуваат во наредниот период.

Пред мене е голема одговорност. Фондот е една од клучните институции во здравствениот систем и мојата цел е со посветена работа, добар тим и јасни приоритети да придонесеме за поефикасни услуги и поголема сигурност за осигурениците.

На д-р Клековски му посакувам успех во извршувањето на функцијата министер за здравство.

Две години исполнети со многу работа, предизвици и резултати. Чувствувам искрена благодарност што имав можност да бидам ...
30/06/2026

Две години исполнети со многу работа, предизвици и резултати. Чувствувам искрена благодарност што имав можност да бидам дел од тимот кој работеше за вистински промени преку Министерството за локална самоуправа.

Заедно со моите соработници покажавме дека државата може да биде вистински партнер на општините. Поддржавме 1.116 инфраструктурни проекти во вредност од 18,4 милијарди денари, воспоставивме Ресурсен центар за поддршка на општините, започнавме значајни законски реформи, работевме на финансиска стабилизација на општините и создадовме посилни механизми за рамномерен регионален развој. Истовремено, обезбедивме силна искористеност на европските фондови, со десетици проекти кои веќе се реализираат во корист на граѓаните.

Најголемата вредност од сето ова не се само бројките, туку поставените темели за посилни општини, подобри јавни услуги и поквалитетен живот за секој граѓанин.

Упатувам искрена благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за довербата, поддршката и можноста да бидам дел од реформскиот тим кој секојдневно работи за напредокот на Македонија.

Новата должност како директор на Фондот за здравствено осигурување ја прифаќам со истата енергија, одговорност и посветеност. Здравството е еден од најважните столбови на секое општество и мојата цел ќе биде Фондот да биде уште поефикасен, пофункционален и вистински сервис на осигурениците, здравствените работници и здравствените установи.

Продолжуваме со работа. Со истата посветеност, со уште поголема одговорност и со јасна цел – подобри институции и подобар живот за сите граѓани.

❗️Со директорката на ИНОВА, Даниела Димовска, договоривме конкретни активности со кои ќе ги поврземе општините, младите ...
29/06/2026

❗️Со директорката на ИНОВА, Даниела Димовска, договоривме конкретни активности со кои ќе ги поврземе општините, младите и приватниот сектор во делот на иновации, со цел на општините да им се обезбедат услови за развој и нови идеи во секојдневното работење.

✅Преку Ресурсниот центар за поддршка на општините, кој веќе прерасна во важен механизам за јакнење на локалните капацитети, ќе овозможиме општините полесно да ги користат програмите и можностите што ги нуди ИНОВА, но и да ги преточат своите реални потреби во иновативни решенија.

❗️Заеднички ќе креираме јавни повици кои ќе произлезат од потребите на општините, со што ќе обезбедиме иновациите да одговорат на конкретни предизвици. ИНОВА преку своите грант-програми ќе обезбедува финансиска поддршка за стартапи, иновативни компании и претприемачи кои ќе понудат практични и применливи решенија за општините.

🎯Договоривме и реализација на програмата „Месеци на практиканство“, преку која студентите ќе добијат можност одблиску да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа, а општините ќе добијат нова енергија, знаење и идеи од младите.

📌Во периодот што следи фокусот ќе биде ставен на реализација на конкретни заеднички активности кои ќе ги поврзат локалната самоуправа, младите и иновациите во функција на развојот на општините.

#ЗлаткоПерински

❗️Присуствував на Третиот состанок на Управниот комитет во чии рамки е и проектот „Јакнење на општинските капацитети за ...
26/06/2026

❗️Присуствував на Третиот состанок на Управниот комитет во чии рамки е и проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2“, на кој направивме осврт на досегашната реализација на проектните активности и ги утврдивме следните чекори за нивна успешна имплементација.

✅Овој проект веќе испорача конкретни резултати кои придонесуваат за поефикасно планирање и реализација на локалниот развој.

🎯Развиените алатките во рамки на проектот како Фондот за техничка документација и Општинскиот развоен индекс, нема да останат само проектни решенија.

❗️По завршувањето на проектот, тие ќе бидат институционализирани во рамки на Ресурсниот центар за поддршка на општините, со што ќе обезбедиме нивна долгорочна одржливост и континуирана поддршка за општините.

#ЗлаткоПерински

Address

Sv. Kiril I Metodij 54
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Златко Перински posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share