НСДП - Нова социјалдемократска партија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • НСДП - Нова социјалдемократска партија

НСДП - Нова социјалдемократска партија 🔵Силно❕️⚫️Одговорно❕️🟡Чесно❕️ Political party
https://nsdp.org.mk/

🇲🇰35 години независност‼️🇲🇰"Македонија е се' што имаме" -Киро Глигоров
04/09/2026

🇲🇰35 години независност‼️
🇲🇰"Македонија е се' што имаме" -Киро Глигоров

🟦🟨СООПШТЕНИЕ ОД СОВЕТНИЦИТЕ НА СДСМ И НСДП ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КУМАНОВО🟦Денес беше прекината седумнаесетта седница на ...
31/08/2026

🟦🟨СООПШТЕНИЕ ОД СОВЕТНИЦИТЕ НА СДСМ И НСДП ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КУМАНОВО

🟦Денес беше прекината седумнаесетта седница на Советот на Општина Куманово, во моментот кога требаше да се гласаат програмите на основните и средните училишта во Општина Куманово.

🟨Претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска го образложи прекинувањето на седницата со немање на кворум, што не е точно, кворум имаше како што имаше и коалициско несогласување во мнозинството.

🟦Поради дилентатизам во водење на градот од страна на мнозинството и Градоначалникот, утре основните и средните училишта ќе ја започнат учебната година без усвоени програми и извештаи за работа.

🟨Кога личниот и партискиот интерест е над општиот граѓански интерест, иселувањето на граѓаните ќе продолжи а со тоа и намалување на бројот на децата.

🟦Срамно е мнозинството со своите недоразбирања во коалицијата во време кога општината уназадува а образовниот процес е пред сериозен испит, поради политичка трговија целиот град да бидне заложник а посебно училиштата.

🟨Дали овие несогласувања и во иднина ќе го креираат општествениот амбиент во Куманово, дали оваа коалиција воопшто мисли на граѓаните⁉️

Blagojce Jakimovic Nsdp Kumanovo

27/08/2026

Жестот одговор на пратеничката Соња Мираковска на колегата Малиша Станковиќ по притисокот врз Јавното обвинителство да апсат функционери од предходната власт.

НСДП: Кризата најсилно ги погодува најранливите – граѓаните не смеат да ја плаќаат цената на лошите економски политикиРа...
25/08/2026

НСДП: Кризата најсилно ги погодува најранливите – граѓаните не смеат да ја плаќаат цената на лошите економски политики

Растот на цената на дизелот до над 100 денари за литар, новото задолжување на државата и растот на обврските кон приватниот сектор се сериозен сигнал дека економските проблеми повторно се префрлаат врз грбот на граѓаните и стопанството.

Најголемиот товар од ваквата состојба го чувствуваат семејствата со ниски примања, работниците со минимални плати, социјално ранливите категории, пензионерите со минимална пензија, младите семејства и малите и средните претпријатија.

Кога расте цената на горивото, не поскапува само полнењето на автомобилот. Растат транспортните трошоци, цените на храната и услугите, трошоците за производство и на крајот – сметката повторно ја плаќа граѓанинот.

Во исто време, државата продолжува да се задолжува. Според јавно достапните податоци, јавниот долг надминува 60% од БДП, а вкупниот долг на државата и јавните претпријатија се приближува до 70% од БДП. Обврските кон приватниот сектор се високи преку 300 милиони евра, а доцнењето на плаќањата дополнително ја загрозува ликвидноста на компаниите.

Наместо задолжувањето да биде инструмент за развој, инвестиции и подобар животен стандард, граѓаните имаат право да прашаат каде завршуваат овие средства и каков е ефектот од нивното трошење врз економијата?

НСДП смета дека во услови на економска неизвесност Владата мора да покаже поголема одговорност и да преземе конкретни мерки за заштита на животниот стандард.

Потребни се мерки за ограничување на ценовните удари врз основните производи и услуги, целна помош за најранливите категории граѓани, заштита на реалната куповна моќ на пензионерите и работниците со ниски примања, како и поддршка за малите и средните претпријатија.

Потребни се и поголема транспарентност во задолжувањето и трошењето на јавните средства, навремено подмирување на обврските кон приватниот сектор и економски политики кои ќе создаваат раст и нови работни места, наместо само нови долгови.

На граѓаните не им се потребни статистики и оправдувања, туку сигурност, достоинствен живот и одговорна економска политика.

НСДП ќе продолжи да инсистира на политики во интерес на работниците, социјално ранливите категории и реалниот сектор.

Пристојниот и достоинствен живот на секој граѓанин мора да биде приоритет на државата.

🖲4900 првачиња помалку – аларм за иднината на Македонија‼️Податокот дека оваа учебна година се запишани околу 4.900 прва...
07/08/2026

🖲4900 првачиња помалку – аларм за иднината на Македонија‼️

Податокот дека оваа учебна година се запишани околу 4.900 првачиња помалку од претходната е поразителен и претставува сериозен аларм за државата.

Зад овие бројки стојат иселени семејства, празни училишни клупи и неизвесна иднина.

НСДП уште во 2013 година во Собранието го отвори прашањето за масовното иселување и предупреди дека, доколку државата не создаде услови за достоинствен живот, Македонија ќе се соочи со сериозна демографска криза. За жал, денес сведочиме дека тие предупредувања се остваруваат.

Младите нема да останат и нема да се одлучуваат да формираат семејства и да имаат деца ако живеат во несигурност. Без континуирано покачување на платите, без реално вреднување на трудот, без сигурни работни места и без крај на уцените со времени договори, не може да се очекува позитивен демографски пресврт.

Затоа, борбата против прекарната работа ќе биде еден од врвните приоритети на НСДП во наредниот период.

Наша цел е секој работник да има сигурно вработување, достоинствена плата и можност да го планира својот живот без страв и неизвесност.

Само држава во која младите имаат сигурност, перспектива и достоинствени услови за живот може да ја запре миграцијата и да создаде услови за повеќе деца, повеќе насмевки и повеќе исполнети училишни клупи.

НСДП останува доследна на својата определба – трудот да биде вреднуван, младите да останат дома, а Македонија да има иднина.

🇲🇰Честит Ден на Републиката – 2 Август, Илинден‼️🇲🇰Најискрени честитки до сите граѓани по повод 2 Август – Илинден, најс...
02/08/2026

🇲🇰Честит Ден на Републиката – 2 Август, Илинден‼️

🇲🇰Најискрени честитки до сите граѓани по повод 2 Август – Илинден, најсветлиот празник на македонскиот народ и темел на нашата државност.

🇲🇰На овој ден со гордост се сеќаваме на Илинденското востание од 1903 година, кога илинденците ја создадоа Крушевската Република – највисокиот дострел на нивната борба за слобода, правда и еднаквост.

🇲🇰Со еднаква почит им оддаваме признание и на борците од Народноослободителната борба, кои преку својата жртва ја извојуваа слободата, а на Првото заседание на АСНОМ беа поставени темелите на современата македонска држава.

🇪🇺🇲🇰Илинден е симбол на непокорот, достоинството и вековниот стремеж за слобода. Тој нè обврзува да ги чуваме и негуваме идеалите на илинденците и партизаните, да ја зајакнуваме демократијата, солидарноста и правдата и да изградиме модерна, европска и просперитетна држава во која новите поколенија ќе живеат достоинствено и слободно.

🇲🇰Нека е вечен Илинден‼️
🇲🇰Честит 2 Август – Денот на Републиката‼️

НСДП - Нова социјалдемократска партија

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when НСДП - Нова социјалдемократска партија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to НСДП - Нова социјалдемократска партија:

Shortcuts

Share