Инфо Бутел - Info Butel

Инфо Бутел - Info Butel Пријавете проблем или дајте предлог за вашето место на живеење.

25/08/2026

🚩Повикот не беше упатен до Филипче, ниту пак Левица има потреба од какво било „обединување“ со компромитираните политики и кадри на СДСМ. Напротив, неговата реакција само покажува дека самиот Филипче не знае каде тера, обидувајќи се да се претстави како носител на некаква “проевропска“ опозиција, додека зад себе има политичко наследство и постапки кои го компромитираат СДСМ како опозиција, изјави Апасиев.

Повеќе на линкот: 👉https://antropol.mk/2026/08/25/apasiev-do-filipce-povikot-na-levica-za-obedinuvanje-ne-beshe-za-tebe-tuku-protiv-politikite-shto-gi-pretstavuvash/

25/08/2026

‼Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Тимчо Муцунски, деновиве претстојува во посета на неговиот колега, инаку осомничен воен злосторник Гидеон Саар, кој е познат по ставовите дека нема да дозволи постоење на палестинска држава, кој сесрдно се залага за анексија на Западниот Брег, за илегална воена окупација на територии во Сирија и Либан итн. Тој е и еден од главните осомничени за организираното грабнување, затворање и злоставување на д-р Хусам Абу Сафијех – директор на болницата Камал Адван во Газа – која беше целосно уништена како последица на израелска опсада во 2024 година.

Повеќе на линкот:👉https://antropol.mk/2026/08/25/lev-muc-vo-izr-ja-zag-bez-na-mak-gragj-vrz-gi-so-oso-voe-zlo/

25/08/2026

📣Управниот суд ја уважи тужбата на пратеникот и лидер на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, против Државната комисија за спречување на корупцијата и го задолжи тужениот орган во рок од 15 дена да донесе нов управен акт во согласност со пресудата. Апасиев случајот го оцени како уште една „мала победа“ во правните битки против, како што вели, „закржлавените институции“, најавувајќи и нова кривична пријава доколку ДКСК не ја спроведе судската одлука.

Повеќе на линкот:👉https://antropol.mk/2026/08/25/apa-ja-dob-tuz-pro-antikor-dksk-mor-pov-da-odl-vo-rok-od-15-den/

25/08/2026

‼Денес, Советот на Општина Пехчево ќе гласа за иницијатива за изградба на дата-центар на пет парцели во Панчарево. За ваков објект, кој потенцијално може да биде огромен потрошувач на електрична енергија и вода, јавноста не знае речиси ништо: нема објавен инвеститор, нема податок за потрошувачката на струја, нема податок за потрошувачката на вода, нема информација за потребната инфраструктура, нема анализа за економската корист, нема јавна расправа. И покрај тоа, советниците треба да гласаат. Па се поставува прашањето: кој толку брза да ја распродаде иднината на Пехчево?

Повеќе на линкот:👉https://antropol.mk/2026/08/25/lev-dpmne-ja-ras-ener-idn-na-mak-so-dat-cen-vo-peh/

25/08/2026

🚨Од полноќ дизелот ќе чини 101,5 денари за литар и тоа е највисока цена во овој кризен циклус. Од 28 февруари, кога започнаа американско-израелските напади врз Иран, кај нас цената порасна од 71 на 101,5 денари – 43% за помалку од шест месеци! Резервоар од 50 литри кој тогаш чинеше 3.550 денари, сега чини 5.075 денари, односно 1.525 денари повеќе. Светската криза го објаснува берзанскиот удар, но не ја оправдува пасивноста на Владата – Мицкоски не може секое поскапување да го прогласува за увезено, а секој денар од даноците да продолжи уредно да го наплаќа дома.

Повеќе на линкот:👉https://antropol.mk/2026/08/25/lev-diz-ja-pro-stot-dpmne-pro-kon-pak-vo-okta-a-den-so-pol-ddv-ja-nap-kriz-od-dze-na-gragj/

25/08/2026

✊Левица дава целосна поддршка на струмичките земјоделци кои повторно излегуваат на улица за да го одбранат својот труд и својата егзистенција. Пред неполни две недели Серафимовски им продаде приказна за „договор“ со откупувачите, а договорените цени не издржаа ни четири дена. Токму како што предупредивме, без законски регулирана минимална откупна цена и без механизам со кој државата ќе го обврзе откупувачот, договорот се покажа како обична фарса: пиперката повторно се откупува по 25, а според земјоделците и по 20 денари.

Повеќе на линкот:👉https://antropol.mk/2026/08/25/lev-res-na-dpmne-ne-izd-ni-cet-den-zem-pov-na-uli/

25/08/2026

‼Владата на ДПМНЕ повторно ќе ги остави граѓаните со најмизерни плати во Европа сами да се справуваат со последиците од неспособноста на власта. Нов ценовен бран на храната се приближува кон Македонија, а државата повторно нема стратегија како да го заштити стандардот на граѓаните.

Повеќе на линкот:👉https://antropol.mk/2026/08/25/lev-dpmne-ja-ost-mak-nep-za-nov-cen-shok-nam-da-se-zaj-dom-pro-vlad-cek-pov-hra-ser-da-pos/

25/08/2026

🇺🇸Премиерот Христијан Мицкоски во ексклузивно интервју за „Брајтбарт њуз“ отворено ја истакна силната поддршка за американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација, притоа изразувајќи надеж дека за време на претстојното Генерално собрание на Обединетите нации ќе има можност да се сретне со него, во Белата куќа или на друга локација во Соединетите Американски Држави.

Повеќе на линкот: https://antropol.mk/2026/08/25/mic-sil-go-poddr-tramp-sak-da-go-prec-vo-mak-ise-nad-dek-ke-me-pok-vo-bel-kukj/

25/08/2026

Фирмата ,, Индиго инц"ДООЕЛ- Скопје го доби тендерот во Психијатриската Болница- Скопје, за одржување на софтверските системи, како и за 300 обновени лиценци за нови мејл сандачиња.
,,Индиго инц" е во сопственост на Бесим Абдулаи, кој е братучед на директорот на
ЈЗУ психијатриска болница ,,Бардовци" Иса Абдулаи.

Добро спакуваните флоскули:
Судар на интереси, законот ќе важи за сите, нема повеќе наши-ваши, нулта корупција итн, се само продолжение на владеењето на
,,Братучед системот" воспоставен од минатата постава на ДПМНЕ, против кои денешната Влада треба(ше) отворено да се спротистави.

25/08/2026

„Животот во државата не напредува во ниту еден поглед. Напротив, само се уназадува“, изјави Мециновиќ, додавајќи дека во случај на избори очекува голема поддршка за партијата и сериозен изборен резултат, особено во Скопје и другите урбани средини.

Прочитајте повеќе на линкот во коментар.

Address

БУТЕЛ
Skopje

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Инфо Бутел - Info Butel posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category