Liberalno Demokratska Mladina-LiDeM

Liberalno Demokratska Mladina-LiDeM Кликни лајк за либерални младински идеи!

📌 140 денари дневно за студентски оброк денес повеќе не се доволни!📈 Трошоците за живот секојдневно растат, а цените на ...
27/08/2026

📌 140 денари дневно за студентски оброк денес повеќе не се доволни!

📈 Трошоците за живот секојдневно растат, а цените на храната уште повеќе. Ако сегашниот износ од 140 денари се усогласи со инфлацијата, денес би требало да изнесува околу 195 денари.

✅️ Ако го земеме предвид и растот на цените на храната, сумата е 210 денари.

📣 ЛиДеМ предлага студентскиот оброк да биде најмалку 200 денари дневно и ова не е произволна бројка:
- 195 денари е износот усогласен со инфлацијата;
- 210 денари е износот според растот на цените на храната;
- 200 денари е разумен минимум.

👉 Студентите не треба да ја плаќаат цената на инфлацијата со намалување на квалитетот и количината на храната. Поддршката за студентите мора да ја следи реалноста и реалните трошоци за живот.

❗️ 200 денари денес се најмалку државата што може да направи за достоинствен студентски оброк.

27/08/2026

⛹️‍♂️⛹️‍♀️На децата за правилен раст и развој им треба движење, спорт и физичка активност – не со часови седење во клупа и мечтаење за сала која им стои пред нос, но не смеат да ја користат!

❓️Градоначалниче Александар Стојкоски "Дали и оваа учебна година учениците на подрачното училиште Димитар Поп Георгиев Беровски ќе седат во училишни клупи и ќе мечтаат да играат во спортската сала" ???

🚫Измина скоро цела година како ја "пуштивте" во употреба спортката сала на училиштето која не чинеше сите нас нешто повеќе од 300.000 евра, а учениците не смеат да ја користат.

✋🏻Доста објавувате пофалби на вашиот профил кои траат додека да завртите грб! Решете ги реалните потреби на граѓаните на Ѓорче Петров, ако имате капацитет...🤔

Либерално Демократска Партија ЛДП
Општина Ѓорче Петров

❓️ Какви можности им нуди Македонија на младите? 👉 Премногу често на едно место наоѓаме обложувалница, казино или реклам...
15/08/2026

❓️ Какви можности им нуди Македонија на младите?

👉 Премногу често на едно место наоѓаме обложувалница, казино или реклама за „лесна заработка“, а многу потешко некаков простор за култура, спорт, образование, младински активизам или поддршка за сопствена иницијатива.

📈 Податоците од ESPAD 2024 се доволно сериозен сигнал за институциите: 25% од учениците на возраст од 15 до 16 години се коцкале за пари во последните 12 месеци. Кај момчињата процентот е уште повисок.

🛑 Кога растете во средина во која коцкањето е нормализирано, рекламирано и достапно, особено преку интернет, не може да кажете дека тоа е „личен избор“.

❗️ ЛиДеМ бара конкретни мерки: подобра контрола на возраста, поголема дистанца меѓу обложувалниците и училиштата и ограничување на рекламите за коцкање.

📌 На младите не им треба лажна надеж дека ќе се збогатат преку среќа, нив им треба општество во кое успехот ќе зависи од знаењето, трудот, талентот и можностите што државата ќе им ги создаде.

Сликата преземена од Сител Телевизија

🟡 На Меѓународниот ден на младите, како политички подмладок, не сакаме само да зборуваме за младите, за нашата генерациј...
12/08/2026

🟡 На Меѓународниот ден на младите, како политички подмладок, не сакаме само да зборуваме за младите, за нашата генерација, туку сите заедно да ги најдеме решенијата за проблемите со кои што се соочуваме во сегашноста.

Ние не сме декор, ниту публика. Ние сме тие кои мора да бидат таму каде што се носат одлуките. За младинската аполитичност, која не треба да ја гледаме само како незаинтересираност, туку и како последица на разочарување и недоверба во институциите и политиката.

‼️ Со години слушаме дека „младите се иднината“, а премалку зборуваме за нивната сегашност. За врсничкото насилство, кое остава последици и предолго останува незабележано.

‼️ И за сè поприсутното младинско коцкање, кое станува сериозен општествен проблем, особено кога младите се изложени на лесна достапност и агресивна промоција на коцкањето.

‼️ Во исто време, студентите се соочуваат со супстандардни услови за живот и студирање. Студентскиот стандард не смее да биде сведено на преживување од месец за месец, ниту студентските домови и условите за студирање да бидат нешто што младите мора да го прифатат како „нормално“.

🟣 Како млади либерали, но и како политички подмладок, наша обврска е овие теми да не ги оставаме само за пригодни говори. Потребни се политики што ќе превенираат насилство, ќе создаваат простор за реално учество на младите и ќе ги заштитат од зависности и ризици.

На овој Меѓународен ден на младите, пораката е едноставна - Не зборувајте за иднината на младите без да им дадете глас во сегашноста.

07/08/2026
02/08/2026

🇲🇰Од Илинденците мораме конечно да ја научиме најважната лекција: во историјата никогаш не постоел 'идеален момент', туку постоеле луѓе со храброст да донесат одлуки! Борбата и жртвите од 1903 година го запалија огнот, АСНОМ во 1944 година ја создаде македонската држава, а генерацијата од 1991 година ја запечати независноста.
Ниту една од овие генерации не одлагаше, не калкулираше и не се криеше зад евтини изговори.

Вистинскиот илинденски пркос денес не се докажува со празни фолклорни пароли, туку со одлучност! Не смееме да дозволиме денешните политички калкулации да го претворат илинденскиот завет во маратонско исцрпување и децениско закотвување на нашиот народ како најсиромашен во Европа.

Да не ги одлагаме решенијата!
Апелирам на разум и храброст — да докажеме дека сме способни да донесеме државнички одлуки кои ќе ги осигурат европските милијарди и ќе ја направат македонската нација силна, богата и рамноправна со сите европски народи. Тоа е единствениот начин за во Македонија да остане и среќно да живее македонскиот народ!🇲🇰🇲🇰🇲🇰

🙏🏼Честит 2-ри Август, Ден на Републиката!
Нека е вечна! 🔥

18/07/2026

Либерално-демократската партија (ЛДП) до јавноста го презентира официјалниот одговор од Народниот правобранител, кој претставува класичен доказ за тоа како инсти....

09/07/2026

Либерално-демократската партија (ЛДП) со гордост ја информира јавноста за историскиот меѓународен успех. Претседателката на ЛДП и пратеничка во македонското Собр....

📚 2 години отчет на работата на министерката за образование и наука, Весна Јаневска.🟣 Додека самата министерка нагласи д...
29/06/2026

📚 2 години отчет на работата на министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

🟣 Додека самата министерка нагласи дека во изминатите две години се реализирани бројни реформи насочени кон подобрување на условите и можностите за учениците, студентите, наставниците и научната заедница.

Но дали во реалноста тоа е така❓️

‼️Прочитај повеќе во колумната од нашиот член на Извршниот одбор, Тамара Гарческа.

Додека самата министерка нагласи дека во изминатите две години се реализирани бројни реформи насочени кон подобрување на условите и можностите за учениците, студ....

Address

Улица Васил Главинов бр. 14/1/7
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Liberalno Demokratska Mladina-LiDeM posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Liberalno Demokratska Mladina-LiDeM:

Shortcuts

Share