Официјална Фејсбук страна на Академијата за судии и јавни обвинители, преку која јавноста може да се информира за тековното работење на Академијата.
Академијата за судии и јавни обвинители е јавна установа која има за цел професионално, независно, непристрасно и ефикасно извршување на судиската и јавно - обвинителската функција, како и стручно и ефикасно извршување на работите на стручните служб
и во судството и јавното обвинителство.
Академијата врши прием и стручно усовршување на кандидатите за судии и јавни обвинители, континуирана обука за унапредување на стручноста на судиите и на јавните обвинители, континуирана обука на стручните служби во судството и во јавното обвинителство, специјализирана обука за судиите поротници, обука на субјектите кои учествуваат во спроведување на законите од областа на правосудството, како и заради вршење аналитичко-истражувачка дејност од областа на правосудната теорија и практика.
Академијата својата дејност ја спроведува преку: - организирање и спроведување почетна обука на идните кандидати за судии и јавни обвинители за потребите на основните судови и основните јавни обвинителства, - организирање и спроведување континуирана обука за унапредување на стручноста на судиите и јавните обвинители, - организирање и спроведување континуирана обука на стручните служби во судството и јавното обвинителство, како и обука на другите субјекти кои учествуваат во спроведувањето на законите од областа на правосудството,- спроведување аналитичко - истражувачка дејност од областа на правосудната теорија и практика.