РСБСП

РСБСП Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата е советодавно тело на Собранието на 🇲🇰

🚦  #РСБСПнаТеренНа 02.09.2026 година, РСБСП во соработка со полициски службеници од СВР Велес и полициски службеници од ...
02/09/2026

🚦 #РСБСПнаТерен
На 02.09.2026 година, РСБСП во соработка со полициски службеници од СВР Велес и полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север - Полициската станица за граничен надзор Попова Шапка, реализираше превентивно-едукативни активности во рамките на кампањите „Алкохолот и воланот не одат заедно“ и „Стави појас“. 👮‍♂️🚗
🔹 Во рамките на активностите, преку непосредни разговори со возачите и делење на превентивно-едукативни материјали, беше укажано на опасностите и последиците од управувањето моторно возило под дејство на алкохол, како еден од најзначајните фактори на ризик за настанување сообраќајни незгоди. На возачите им беше посочено дека алкохолот негативно влијае врз концентрацијата, способноста за проценка и времето на реакција, со што сериозно се загрозува безбедноста во сообраќајот.
🔹 Истовремено, на возачите и патниците им беше потенцирано значењето на користењето на сигурносниот појас како една од најефикасните мерки за заштита од тешки повреди и смртни последици при сообраќајни незгоди, при што беше нагласено дека сигурносниот појас значително ги намалува последиците при евентуална сообраќајна незгода и претставува основен предуслов за побезбедно учество во сообраќајот.
🍷❌ Алкохолот и воланот не одат заедно
🔒 Стави сигурносен појас
🚦 Почитувај ги сообраќајните правила и прописи
✅ Вози одговорно
🚗 Грижи се за својата и безбедноста на другите
🪢 Со ваквите активности продолжуваме да ја подигнуваме јавната свест и да придонесуваме за поголема сообраќајна култура и безбедност на патиштата.
💟 Да не заборавиме, безбедноста во сообраќајот зависи од секој од нас. Секој живот е важен.
#РСБСП #АлкохолотИВоланотНеОдатЗаедно #СтавиПојас #ВозиОдговорноСекојЖивотЕВажен 🚦🍷❌🔒🚗💙

🚸  #РСБСПнаТерен | Со започнувањето на новата учебна година РСБСП ја започна кампањата „Безбедноста на децата во сообраќ...
01/09/2026

🚸 #РСБСПнаТерен | Со започнувањето на новата учебна година РСБСП ја започна кампањата „Безбедноста на децата во сообраќајот е заедничка одговорност“. На првиот училишен ден во рамки на кампањата РСБСП во соработка со ДООЕЛ Делфино Мобилити Груп, реализираше едукативни активности со учениците од прво одделение по повод почетокот на новата учебна година. 📚🎒
🔹 Преку интерактивни разговори и едукативни содржини, првачињата беа запознаени со основните правила за безбедно учество во сообраќајот, безбедното движење од домот до училиштето и обратно, како и со важноста од почитување на сообраќајната сигнализација и пешачките премини.
🔹 Активностите беа реализирани во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром, во ООУ „Димитар Миладинов“ и ООУ „Кочо Рацин“ во Општина Центар, Скопје.
🚸 Користи пешачки премин
🚦 Почитувај ја сообраќајната сигнализација
👀 Погледни лево, потоа десно, па пак лево пред преминување на улица
✅ Види и биди виден
🪢 Безбедноста во сообраќајот се учи од најмала возраст. Со правилна едукација и одговорно однесување, заеднички создаваме побезбедна средина за нашите најмлади учесници во сообраќајот.
💟 На сите првачиња им посакуваме среќен почеток на учебната година, многу успех, нови знаења и убави училишни спомени.
ЗА БЕЗБЕДНО ДЕТСТВО, ЗА БЕЗБЕДНИ УЛИЦИ, ЗА ЖИВОТ!
СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН!
#РСБСП #БезбедностаНаДецатаВоСообраќајотЕЗаедничкаОдговорност #ПрвУчилишенДен #БезбедноДоУчилиште СекојЖивотЕВажен 🚸📚🚦💙

🚸  #РСБСПАпелира📚 На 1 септември започнува новата учебна година. Со секое дете кое тргнува кон училиштето започнува и на...
01/09/2026

🚸 #РСБСПАпелира
📚 На 1 септември започнува новата учебна година. Со секое дете кое тргнува кон училиштето започнува и нашата заедничка обврска – да му овозможиме безбедно да стигне таму и безбедно да се врати дома.
Почетокот на учебната година носи зголемено присуство на деца во сообраќајот, особено во близина на училиштата, пешачките премини и автобуските постојки. Затоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, одговорни и совесни.
🚗 Возачи: ✅ Намалете ја брзината во училишните зони
✅ Пропуштајте пешаци на пешачки премини
✅ Не користете мобилен телефон додека возите
✅ Не паркирајте на места што ја загрозуваат безбедноста на учениците
👨‍👩‍👧 Родители: ✅ Разговарајте со децата за сообраќајните правила
✅ Заедно поминете ја најбезбедната рута до училиштето
✅ Бидете пример за одговорно однесување во сообраќајот
🎒 Ученици: ✅ Преминувајте на пешачки премин
✅ Погледнете лево и десно пред да ја преминете улицата
✅ Не дозволувајте телефонот да ви го одвлече вниманието
✅ Види и биди виден
🪢 Безбедноста во сообраќајот започнува од дома, се потврдува во училиштето и се практикува секој ден

🚦  #РСБСПнаТеренНа 31.08.2026 година (понеделник), Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со РСБСП, на р...
31/08/2026

🚦 #РСБСПнаТерен
На 31.08.2026 година (понеделник), Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со РСБСП, на регионалниот пат Скопје - Блаце, реализираше превентивно-едукативни активности во рамките на кампањите „Стави појас“, „Не користи мобилен телефон и други електронски уреди додека возиш“ и „Безбеден град - за безбедни учесници во сообраќајот“. 👮‍♂️🚗
🔹 Во рамките на активностите, преку непосредни разговори со возачите и делење на превентивно-едукативни материјали, беше укажано на важноста од користењето на сигурносен појас, избегнувањето на користење мобилен телефон и други електронски уреди за време на возењето, како и на потребата од доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.
🔹 Истовремено, учесниците во сообраќајот беа информирани и за значењето на кампањата „Безбеден град - за безбедни учесници во сообраќајот“, како и за придобивките од современите техничко-технолошки решенија кои придонесуваат за унапредување на безбедноста во сообраќајот и поголема сообраќајна дисциплина.
🔒 Стави сигурносен појас
📵 Не користи мобилен телефон и други електронски уреди додека возиш
📹 Безбеден град - за безбедни учесници во сообраќајот
🚦 Почитувај ги сообраќајните правила и прописи
✅ Вози одговорно
🪢 Со ваквите активности продолжуваме да ја подигнуваме јавната свест и заеднички да придонесуваме за поголема сообраќајна култура и безбедност на патиштата.
💟 Да не заборавиме дека безбедноста во сообраќајот зависи од секој од нас. Секој живот е важен.
#РСБСП #СтавиПојас #НеКористиМобиленТелефон #БезбеденГрад ВозиОдговорно 🚦📵📹🚗💙

🚦  #РСБСПнаТерен во Дојран!На градскиот кеј во Дојран, како и на граничниот премин Стар Дојран,  #РСБСП организираше гол...
29/08/2026

🚦 #РСБСПнаТерен во Дојран!
На градскиот кеј во Дојран, како и на граничниот премин Стар Дојран, #РСБСП организираше голем превентивно-едукативен настан „Караван за безбедноста во сообраќајот“, во соработка со Општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата Гевгелија и Дојран и полициски службеници од РЦ за ГР ЈУГ и ПО за БПС Гевгелија при СВР Струмица👮‍♂️
Посетителите имаа можност одблизу да се информираат за безбедното учество во сообраќајот, да добијат едукативни материјали во рамките на кампањите од РСБСП и практични совети за заштита на сите учесници во сообраќајот. 📚🛴🏍️🚗
🔹 Особено голем интерес предизвика едукативно-интерактивната активност со т.н. „пијани очила“, преку која посетителите имаа можност да искусат симулација на нарушена просторна ориентација, намалена координација и забавено време на реакција, состојби карактеристични при дејство на алкохол. На овој начин тие непосредно можеа да ги согледаат опасностите и негативното влијание на алкохолот врз психофизичките способности на возачот при управување со моторно возило. 🍷❌
🔹 Во рамките на настанот, граѓаните и возачите беа информирани и за значењето на кампањата “Вози одморен”и „Безбеден град - за безбедни учесници во сообраќајот“, како и за придобивките од современите системи за унапредување на безбедноста во сообраќајот и доследното почитување на сообраќајните правила и прописи. 📹🚦
✅ Вози одморен
✅ Вози одговорно
✅ Не вози во алкохолизирана состојба
✅ Почитувај ги сообраќајните правила
✅ Поддржи безбеден град за безбедни учесници во сообраќајот
🪢 Да не заборавиме дека безбедноста во сообраќајот зависи од секој од нас. Со одговорно однесување, почитување на сообраќајните правила и правилни одлуки зад воланот, можеме да спасиме животи и да создадеме побезбедни патишта за сите. 💟
#ВозиОдморен #ВозиОдговорно #НеВозиВоАлкохолизиранаСостојба БезбеденГрад КараванЗаБезбедностаВоСообраќајот РСБСП 🚦🛴🏍️🚗💙📹

🚦  #РСБСПнаТеренНа 28.08.2026 година, РСБСП, во соработка со Регионалниот центар за гранични работи Југ и Отсекот за пре...
28/08/2026

🚦 #РСБСПнаТерен
На 28.08.2026 година, РСБСП, во соработка со Регионалниот центар за гранични работи Југ и Отсекот за превенција при СВР Битола реализираше превентивно-едукативни активности на Граничниот премин Меџитлија. 👮‍♂️🚗
🔹 Во рамките на активностите, на возачите, вклучително и на возачите на возила со странски регистарски ознаки, им беа поделени превентивно-едукативни и информативни материјали со цел подигнување на свеста за одговорно учество во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи.
🔹 Посебен акцент беше ставен на безбедното управување со моторно возило, почитувањето на сообраќајната сигнализација, избегнувањето на ризично однесување во сообраќајот и грижата за сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
🚦 Почитувај ги сообраќајните правила и прописи
✅ Вози одговорно
📵 Не користи мобилен телефон додека возиш
🍷❌ Не управувај возило под дејство на алкохол
🚗 Придонеси за побезбедни патишта
🪢 Со ваквите активности продолжуваме да ја подигнуваме јавната свест и заеднички да придонесуваме за поголема сообраќајна култура и безбедност на патиштата.
💟 Да не заборавиме, безбедноста во сообраќајот зависи од секој од нас. Секој живот е важен.
#РСБСП #ГПМеџитлија #ВозиОдговорно #БезбедностВоСообраќајот СекојЖивотЕВажен 🚦🚗💙

🚦  #РСБСПнаТеренНа 27.08.2026 година, РСБСП во соработка со полициски службеници од СВР Тетово, на регионалниот пат Тето...
28/08/2026

🚦 #РСБСПнаТерен
На 27.08.2026 година, РСБСП во соработка со полициски службеници од СВР Тетово, на регионалниот пат Тетово - Јажинце, кај Лешок, реализираше превентивно-едукативни активности насочени кон подигнување на сообраќајната култура и спречување на управување возило под дејство на алкохол. 👮‍♂️🚗
🔹 Во рамките на активностите, преку непосредни разговори со возачите и делење на превентивно-едукативни материјали, беше укажано на сериозните последици и ризици од управување моторно возило под дејство на алкохол, како една од најчестите причини за тешки сообраќајни незгоди.
🔹 На возачите им беше посочено дека алкохолот ја намалува концентрацијата, го продолжува времето на реакција и значително влијае врз способноста за безбедно управување со возило.
🍷❌ Не управувај возило под дејство на алкохол
🚦 Почитувај ги сообраќајните правила и прописи
✅ Вози одговорно
🚗 Биди внимателен и совесен учесник во сообраќајот
🪢 Со ваквите активности продолжуваме да ја подигнуваме јавната свест и заеднички да придонесуваме за поголема сообраќајна култура и безбедност на патиштата.
💟 Да не заборавиме, безбедноста во сообраќајот зависи од секој од нас. Секој живот е важен.
#РСБСП #НеВозиПодДејствоНаАлкохол #ВозиОдговорно #БезбедностВоСообраќајот СекојЖивотЕВажен 🚦🍷❌🚗💙

🚦  #РСБСПнаТеренНа 26.08.2026 година (среда), Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со РСБСП, на булева...
27/08/2026

🚦 #РСБСПнаТерен
На 26.08.2026 година (среда), Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со РСБСП, на булеварот „Александар Македонски“, на излезот од Скопје, реализираше превентивно-едукативни активности во рамките на кампањите „Стави појас“, „Не користи мобилен телефон и други електронски уреди додека возиш“ и „Безбеден град“. 👮‍♂️🚗
🔹 Во рамките на активностите, преку непосредни разговори со возачите и делење на превентивно-едукативни материјали, беше укажано на важноста од користење на сигурносен појас, избегнување на користење мобилен телефон и други електронски уреди за време на возењето, како и на потребата од доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.
🔹 Истовремено, учесниците во сообраќајот беа информирани за значењето на системот „Безбеден град“, кој има за цел унапредување на безбедноста во сообраќајот преку примена на современи техничко-технолошки решенија.
🔒 Стави сигурносен појас
📵 Не користи мобилен телефон и други електронски уреди додека возиш
📹 „Безбеден град“ - за безбедни учесници во сообраќајот
🚦 Почитувај ги сообраќајните правила
✅ Вози одговорно
🪢 Со ваквите активности продолжуваме да ја подигнуваме јавната свест и заеднички да придонесуваме за поголема сообраќајна култура и безбедност на патиштата.
💟 Да не заборавиме, безбедноста во сообраќајот зависи од секој од нас. Секој живот е важен.
#РСБСП #СтавиПојас #НеКористиМобиленТелефон #БезбеденГрад ВозиОдговорно 🚦📵📹🚗💙

🚦  #РСБСПАпелираВо пресрет на претстојниот продолжен викенд, кога на патиштата се очекува зголемена фреквенција на возил...
27/08/2026

🚦 #РСБСПАпелира
Во пресрет на претстојниот продолжен викенд, кога на патиштата се очекува зголемена фреквенција на возила и поголем број патувања, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, одговорни и совесни.
✅ Почитувајте ги сообраќајните правила и ограничувањата на брзината
✅ Не управувајте возило под дејство на алкохол
✅ Користете сигурносен појас
✅ Не користете мобилен телефон додека возите
✅ Правете почести паузи при подолги патувања и возете одморени
🪢 Безбедното пристигнување на дестинацијата е поважно од брзото пристигнување. Секое неодговорно однесување може да има сериозни последици по вас, вашите најблиски и сите останати учесници во сообраќајот.
💟 Да покажеме сообраќајна култура, меѓусебна почит и одговорност.
🚦 Вози одговорно. Вози одморен. Почитувај ги правилата.
ЗАТОА ШТО СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН.
#РСБСП #ВозиОдговорно #ВозиОдморен #СекојЖивотЕВажен БезбедностВоСообраќајот 🚗🚦💙

Address

Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Telephone

+38922700047

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when РСБСП posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share