Дирекција за Технолошки Индустриски Развојни Зони (ДТИРЗ - DTIDZ)

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Дирекција за Технолошки Индустриски Развојни Зони (ДТИРЗ - DTIDZ)

Дирекција за Технолошки Индустриски Развојни Зони (ДТИРЗ - DTIDZ) The Directorate for Technological Industrial Development Zones (DTIDZ) offer the most competitive business and investment environment in CEE

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, во име на Владата на Република Северна Македонија, управува со Технолошките Индустриски Развојни Зони во Република Северна Македонија. Владата на Република Северна Македонија има основано четиринаесет зони кои се наоѓаат во различна фаза на изградба.
---
The Directorate for Technological Industrial Development Zones, on behalf of the Government

of the Republic of North Macedonia, manages the Technological Industrial Development Zones in the Republic of North Macedonia. The Government of the Republic of North Macedonia has established fourteen zones that are in various stages of construction.

Директорот Гоце Димовски ги претстави инвестициските потенцијали и можности на ТИРЗ во рамки на амбасадорскиот совет📌Во ...
21/08/2026

Директорот Гоце Димовски ги претстави инвестициските потенцијали и можности на ТИРЗ во рамки на амбасадорскиот совет

📌Во рамки на амбасадорскиот совет, со учество во работната сесија „Економска дипломатија“, директорот Гоце Димовски денес ги претстави инвестициските потенцијали и можности што ги нудат технолошките индустриски развојни зони. Работната сесија беше посветена на улогата на економската дипломатија во привлекувањето странски директни инвестиции, како и на значењето на дипломатско-конзуларната мрежа во промоцијата на инвестициските и економските потенцијали на Северна Македонија на меѓународно ниво.

✅Во своето обраќање, директорот Димовски истакна дека за успешно привлекување на нови инвестиции не е доволно само да постојат добро подготвени индустриски зони, туку е потребна и активна и координирана мрежа која инвестициската понуда ќе ја носи директно до компаниите.

🗣️„Нашиот заеднички интерес е јасен – да донесеме повеќе квалитетни инвестиции, да создадеме подобро платени работни места, да ја зголемиме технолошката содржина на економијата и да ја позиционираме Северна Македонија како конкурентна инвестициска локација во регионот и пошироко“, истакна Димовски.

🎯Тој посочи дека дипломатско-конзуларната мрежа има исклучително важна улога во првиот контакт со потенцијалните инвеститори, препознавањето на нивните потреби и навременото вклучување на ТИРЗ во процесот. Во таа насока, Димовски нагласи дека пристапот треба да биде секторски и насочен кон конкретни компании со реален инвестициски потенцијал, наместо испраќање генерализирани материјали и понуди.

💡Како особено важен елемент беше истакнат и брзиот одговор кон компаниите кои ќе покажат сериозен интерес. Според Димовски, во таквите ситуации амбасадите, ТИРЗ, Владата и останатите институции треба да делуваат како еден тим, со јасно дефинирани чекори, релевантни состаноци, посети на конкретни локации и навремени одговори на техничките и правните прашања.

💬На крајот, Димовски порача дека целта е ТИРЗ да биде „продолжена рака“ на дипломатско-конзуларната мрежа во земјата – место каде што потенцијалниот инвеститор ќе добие конкретна понуда, брз и професионален одговор и поддршка низ целиот инвестициски процес.

Дополнително, на работната сесија беа разменети мислења и предлози за унапредување на економската дипломатија и зајакнување на соработката меѓу дипломатско-конзуларната мрежа, ТИРЗ и останатите институции, со цел создавање нови можности за привлекување квалитетни инвестиции во Северна Македонија.

Остварена средба со Тадаши Мураками, генерален директор на канцеларијата во Виена на Јапонската организација за надвореш...
17/08/2026

Остварена средба со Тадаши Мураками, генерален директор на канцеларијата во Виена на Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO)

🇲🇰🇯🇵Во рамки на соработката со Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO), директорот Гоце Димовски, денес оствари средба со Тадаши Мураками, генерален директор на канцеларијата во Виена. На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на економската соработка, со посебен фокус на следната мисија на јапонска бизнис делегација во Скопје, која е закажана за ноември. Во рамки на средбата беа разгледани можностите за претставување на инвестицискиот потенцијал на Македонија пред јапонските компании, како и за воспоставување нови контакти со компании заинтересирани за проширување на своето присуство во регионот.

📌Директорот Димовски ги претстави можностите што ги нудат ТИРЗ и поддршката која Дирекцијата ја обезбедува за инвеститорите, истакнувајќи ја подготвеноста за понатамошна соработка со JETRO и јапонската бизнис заедница. Тој посочи дека активно се работи на подобрување на условите за инвестирање, унапредување на инфраструктурата и создавање конкурентна деловна средина која ќе овозможи привлекување на нови инвестиции и поддршка на компаниите кои веќе работат во зоните.

🔑Од страна на Мураками беше истакната важноста на континуираното поврзување на јапонските компании со институциите и бизнис секторот во Македонија, при што беше нагласена улогата на JETRO во создавањето нови можности за деловна соработка и размена на информации за инвестициските можности.

🇲🇰Нека е честит и вековит 2 Август - Денот на Републиката!✊Да ги чуваме и негуваме вредностите за кои се бореле нашите п...
02/08/2026

🇲🇰Нека е честит и вековит 2 Август - Денот на Републиката!

✊Да ги чуваме и негуваме вредностите за кои се бореле нашите предци - слободата, правдата, солидарноста и достоинството.

Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со следење на реализацијата на инвестициските проекти: директорот Гоце Димовски во посета...
31/07/2026

Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со следење на реализацијата на инвестициските проекти: директорот Гоце Димовски во посета на Шахтерм

🎯Во рамки на редовната комуникација со сите инвеститори во ТИРЗ, директорот Гоце Димовски ја посети компанијата Шахтерм, каде беше извршен увид во текот на градежните активности кои започнаа во мај минатата година, а веќе до крајот на оваа година се очекува почеток со производство. За време на посетата, директорот Димовски оствари средба со менаџментот на компанијата, при што заеднички беше разгледана динамиката на реализација на проектот, тековните активности на локацијата, како и следните чекори до воспоставување на производствените капацитети.

🏭Директорот Димовски истакна дека ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои инвестираат во зоните, обезбедувајќи поддршка и навремена комуникација во сите фази од реализацијата на инвестициските проекти. Тој посочи дека успешната реализација на секоја инвестиција е резултат на добра координација, отворена комуникација и партнерски однос меѓу компаниите и институциите.

📈Од страна на Фарук Шахин, генерален менаџер на Шахтерм, беше изразена благодарност за континуираната поддршка и соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, при што беше истакната важноста од ефикасната координација со институциите во периодот на реализација на инвестицијата.

⚡Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со активностите насочени кон создавање стабилна и конкурентна инвестициска средина, како и поддршка на компаниите кои придонесуваат кон економскиот раст и развој на земјата. Инвестицијата на компанијата Шахтерм само во прва фаза ќе изнесува 25 милиони евра со 200 нови работни места, додека планот е инвестиција да изнесува 50 милиони евра и бројот на вработени се планира да биде над 500.

Остварена средба со менаџментот на Magna International📌Директорот Гоце Димовски денес оствари средба со дел од менаџмент...
30/07/2026

Остварена средба со менаџментот на Magna International

📌Директорот Гоце Димовски денес оствари средба со дел од менаџментот на Magna International, Љубица Себенова, менаџер за владини прашања за Европа и Алехандра Плашински, глобален директор за економски развој и регулаторна усогласеност. Во рамки на средбата беа разгледани тековните активности, како и можностите и плановите за во иднина.

🔑Димовски истакна дека стратешкиот пристап на Дирекцијата за ТИРЗ е насочен кон создавање долгорочни партнерства со компаниите кои инвестираат во земјата, при што фокусот не е само на привлекување нови инвестиции, туку и на поддршка на постојните инвеститори во нивниот раст, модернизација и проширување на производствените капацитети.

✅Од страна на менаџментот беше посочена важноста од континуиран дијалог меѓу институциите и бизнис секторот, како предуслов за навремено препознавање на потребите на инвеститорите и креирање услови што ќе придонесат за одржлив развој и поголема конкурентност. Од нивна страна беше изразено задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, при што беше нагласена подготвеноста за нејзино понатамошно унапредување.

🖇️Во текот на средбата беше потврдена заедничката заложба за унапредување на соработката, при што се разговараше за идните развојни приоритети на компанијата, конкурентноста и можностите што ги нуди Македонија за реализација на нови инвестициски активности.

Словенечка компанија со нова потенцијална инвестиција вредна минимум 15 милиони евра во ТИРЗ🇲🇰🇸🇮Директорот Гоце Димовски...
29/07/2026

Словенечка компанија со нова потенцијална инвестиција вредна минимум 15 милиони евра во ТИРЗ

🇲🇰🇸🇮Директорот Гоце Димовски денес оствари средба со ИНЕА, словенечка инженерска и технолошка компанија со седиште во Љубљана. На средбата беа разгледани можностите кои ги нудат ТИР зоните, како и активностите и плановите на компанијата за нова потенцијална инвестиција вредна минимум 15 милиони евра, со отворање на најмалку 100 нови работни места.

🗣Директорот Димовски ги претстави поволностите за странските инвеститори што ги нуди Дирекцијата за ТИРЗ во соработка со Владата, истакнувајќи ја стратешката локација на државата, современата инфраструктура, квалификуваната работна сила и пакетот на државни мерки за поддршка на инвестициите. Тој нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ е стабилен партнер на сите инвеститори во текот на целиот инвестициски процес, обезбедувајќи континуирана институционална поддршка од првичните разговори до реализацијата и понатамошниот развој на инвестицијата.

💬Од страна на Алесандро Лупис, генерален директор на компанијата, беше изразено задоволство за остварената средба, со очекување за продолжување на комуникацијата и понатамошно разгледување на можностите за реализација на потенцијална инвестиција во рамки на ТИР зоните. Тој ги претстави тековните проекти и активности, како и долгогодишното искуство на компанијата во развојот и имплементацијата на современи инженерски решенија за индустрискиот сектор.

🎯ИНЕА е компанија специјализирана за индустриска автоматизација, дигитализација на производствените процеси, роботика и енергетски менаџмент, која со своите решенија им помага на компаниите да ја зголемат ефикасноста, продуктивноста и конкурентноста. Компанијата има реализирано бројни проекти на меѓународно ниво и претставува пример за високотехнолошки развој и иновации. Со повеќе од 35 години искуство и над 3.000 реализирани проекти во повеќе од 30 земји, ИНЕА е препознаена како партнер за развој и имплементација на современи решенија во индустриската автоматизација, дигитализацијата и управувањето со енергија. Компанијата соработува со водечки глобални технолошки компании, меѓу кои AVEVA, Siemens, Rockwell Automation и Dassault Systèmes, придонесувајќи кон унапредување на производствените процеси и воведување на иновативни технологии.

Директорот Гоце Димовски во работна посета на ТИРЗ Штип: остануваме целосно посветени на поддршката на постојните компан...
24/07/2026

Директорот Гоце Димовски во работна посета на ТИРЗ Штип: остануваме целосно посветени на поддршката на постојните компании

📌Директорот Гоце Димовски денес оствари посета на ТИРЗ Штип, при што беа реализирани работни средби со менаџментот на компаниите Адиент, Кондево и Техникал Текстајлс. За време на посетата беа разгледани тековните активности на компаниите, нивните развојни планови, како и можностите за понатамошно унапредување на деловното опкружување и условите за работа во рамки на зоната. Во разговорите беше потенцирана важноста од континуираната комуникација помеѓу институциите и инвеститорите, со цел навремено адресирање на сите предизвици и создавање услови за нови инвестиции, технолошки развој и отворање нови работни места.

🗣Директорот Димовски ја истакна посветеноста на Владата кон обезбедување стабилна и предвидлива деловна средина, нагласувајќи дека директната комуникација со компаниите претставува клучен елемент во креирањето политики кои ќе придонесат за натамошен економски раст и зголемување на конкурентноста на македонската економија. Тој посочи дека покрај привлекувањето нови инвеститори, Дирекцијата останува целосно посветена на поддршката на постојните компании, преку навремено препознавање и надминување на предизвиците со кои се соочуваат.

✅️Од страна на менаџментот на компаниите беа презентирани тековните активности, остварените резултати и плановите за понатамошен развој и инвестиции. Воедно, беше изразено задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, како и подготвеност истата да продолжи и дополнително да се интензивира во наредниот период.

🖇Во рамки на посетата беше реализирана и обиколка на производствените капацитети на компаниите. Посетата претставува дел од континуираните активности на Дирекцијата за ТИРЗ насочени кон одржување редовна комуникација со инвеститорите, унапредување на деловната клима и создавање поволни услови за понатамошен развој, нови инвестиции и отворање квалитетни работни места.

🇲🇰🇧🇷Во рамките на Бразилско - Македонскиот бизнис и инвестициски форум, директорот Гоце Димовски ги презентираше инвести...
23/07/2026

🇲🇰🇧🇷Во рамките на Бразилско - Македонскиот бизнис и инвестициски форум, директорот Гоце Димовски ги презентираше инвестициските можности што ги нуди земјата преку ТИРЗ. Форумот претставува значајна платформа за воспоставување и унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Бразил, со цел поттикнување на трговската размена, привлекување странски директни инвестиции и развој на нови деловни партнерства.

🗣Во своето обраќање, директорот Димовски ги посочи предностите што ги нуди државата за странските инвеститори, со посебен акцент на поволното деловно окружување, стратешката географска позиција, членството во НАТО, пристапот до бројни меѓународни пазари преку договори за слободна трговија, како и конкурентните услови што ги обезбедуваат технолошките индустриски развојни зони. Тој истакна дека ТИРЗ останува сигурен и доверлив партнер на инвеститорите, обезбедувајќи институционална поддршка во сите фази од инвестицискиот процес.

🤝На форумот присуствуваше делегација составена од претставници на бројни бразилски компании кои работат во повеќе индустрии. Во рамки на форумот, директорот Димовски оствари директни средби со претставниците на компаниите, при што беа презентирани можностите за инвестирање во технолошко-индустриските развојни зони, како и потенцијалите за воспоставување долгорочна економска соработка и реализација на нови инвестиции.

🎯Учеството на вакви деловни форуми претставува важен чекор во промоцијата на Македонија и ТИРЗ како конкурентна и атрактивна инвестициска дестинација, како и во отворањето нови можности за економска соработка со мултинационални компании.

Директорот Гоце Димовски ги претстави инвестициските можности на македонско-индискиот бизнис форум🎯Директорот Гоце Димов...
21/07/2026

Директорот Гоце Димовски ги претстави инвестициските можности на македонско-индискиот бизнис форум

🎯Директорот Гоце Димовски ги претстави инвестициските можности на македонско-индискиот бизнис форум, организиран од страна на Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во соработка со Директоратот за економска дипломатија при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На настанот обраќања имаа претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Друпади Мурму, а присутни беа претставници на стопанските комори, како и претставници на бројни компании од двете земји.

🗣️Во своето обраќање, Димовски ги презентираше конкурентните предности кои Македонија ги нуди како инвестициска дестинација, со посебен осврт на улогата на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони во привлекувањето и поддршката на странските директни инвестиции. Тој ги претстави поволностите што ги нудат технолошките индустриски развојни зони, вклучително и современата инфраструктура, поволната географска позиција, квалификуваната работна сила, како и пакетот мерки и услуги што Дирекцијата ги обезбедува за странските инвеститори во текот на целиот инвестициски процес.

🤝Во рамки на форумот беа остварени повеќе билатерални средби со претставници на индиски компании и стопански комори, при што беа разгледани можностите за воспоставување нови деловни партнерства и потенцијални инвестиции во земјава.

Високи претставници на бизнис секторот од Индија во посета на ТИРЗ Скопје🇲🇰🇮🇳Висока бизнис делегација од Индија, составе...
21/07/2026

Високи претставници на бизнис секторот од Индија во посета на ТИРЗ Скопје

🇲🇰🇮🇳Висока бизнис делегација од Индија, составена од претставници на двете најголеми стопански комори во земјата, ASSOCHAM и FICCI, како и од сопственици и директори на водечки индиски компании од повеќе индустрии, денес ја посети ТИРЗ Скопје. Во рамки на посетата, директорот Гоце Димовски ги претстави инвестициските можности што ги нуди Македонија, поволностите за инвеститорите во технолошките индустриски развојни зони, како и услугите и институционалната поддршка што Дирекцијата ја обезбедува во текот на целиот инвестициски процес.

💬Димовски истакна дека Македонија претставува стабилна и конкурентна дестинација за странските инвеститори, со стратешка географска положба, квалификувана работна сила и поволна деловна клима, што ја прави атрактивна за компании кои сакаат да го прошират своето присуство на европскиот пазар.

🎯За време на посетата, членовите на делегацијата се запознаа со условите за работење во ТИРЗ, успешните приказни на компаниите кои веќе инвестираат во зоните, како и со можностите за соработка во повеќе области. Воедно, беше организирана и посета на Џагатај Кабло, каде беше реализирана обиколка низ производствените капацитети и беа претставени активностите на компанијата, како пример за успешна инвестиција и позитивно деловно искуство во рамки на ТИРЗ.

🔑Посетата претставува значаен чекор кон зајакнување на економската соработка со Индија и отворање нови можности за идни инвестиции и деловни партнерства со компании и институции од меѓународниот пазар. Индија, како една од најбрзо растечките економии во светот, претставува значаен партнер, особено во насока на привлекување нови инвестиции, размена на искуства и развој на идни проекти со висока додадена вредност.

Address

Булевар Партизански Одреди бр. 2
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Telephone

+38923111166

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Дирекција за Технолошки Индустриски Развојни Зони (ДТИРЗ - DTIDZ) posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share