01/09/2026
По повод првиот училишен ден, им го честитаме почетокот на новата учебна година на сите првачиња и ученици.
На нашите најмали ученици – првачињата, им посакуваме среќен почеток на едно прекрасно ново поглавје, исполнето со првите букви, нови знаења, искрени другарства и многу детски насмевки.
На сите ученици им посакуваме успешна и плодна учебна година, исполнета со знаење, истрајност, креативност и многу постигнати цели.
Среќен прв училишен ден и успешна учебна година на сите ученици, а на нашите драги првачиња – среќни први чекори во светот на знаењето!
ЈУ Детски дом „11 Октомври“-Скопје