Министерство за спорт / Ministry of sports

Министерство за спорт / Ministry of sports Министерство за спорт

04/09/2026
По повод Денот на независноста 8 Септември, Министерството за спорт денеска на пригодна свеченост во Собранието на Репуб...
04/09/2026

По повод Денот на независноста 8 Септември, Министерството за спорт денеска на пригодна свеченост во Собранието на Република Македонија, ги додели државните награди за високи остварувања во областа на спортотот.

Државната награда „8 Септември“, со која Република Македонија им оддава признание на спортистите, тренерите и спортските работници кои со своите резултати, посветеност и долгогодишна работа оставиле трајна трага во македонскиот спорт, годинава се одржа по четиринаесетти пат.

Годинешни добитници на еднократната наградата за остварувања во областа на спортот се: Димче Ангелов (борење), Ацо Крстов (борење), Дејан Ангеловски (атлетика) и Ангел Мицевски-Скакар(борење), а наградата за животно дело која е од траен карактер му припадна на Трајче Димков, човек чиј живот е нераскинливо поврзан со борењето – како спортист, тренер, селектор и спортски работник.

Министерот за спорт Борко Ристовски, ги поздрави добитниците и во своето обраќање истакна дека државната награда што го носи името на Денот на независноста има посебна симболика, бидејќи со неа државата им оддава почит на луѓето чии спортски достигнувања станале дел од нејзината историја.

https://ms.gov.mk/mk-MK/prikazi/odnosi-so-javnost/soopstenija/ristovski-golemite-sportski-rezultati-stanuvaat-del-od-istorijata-na-drzavata-dodeleni-drzavnite-nagradi-8-septemvri

Министерството за спорт, ја објави Листа на категоризирани спортисти - Спортска надеж за 2026 година, врз основа на член...
03/09/2026

Министерството за спорт, ја објави Листа на категоризирани спортисти - Спортска надеж за 2026 година, врз основа на член 8 став (1) од Уредбата за условите, критериумите и начинот на доделување на категоријата спортист - Спортска надеж .

Финансиска поддршка од државата преку проектот „Спортска надеж“, добиваат до 500 млади спортисти на возраст до 20 години кои се македонски репрезентативци, членови на националните селекции до оваа возрасна категорија во олимписки и неолимписки спортови.

https://ms.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/novosti/ministerstvoto-za-sport-ja-objavi-listata-na-kategorizirani-sportisti-sportska-nadez-za-2026-godina

Министерот за спорт, Борко Ристовски, вечерва присуствуваше на 9. издание на Ракометниот Супер Куп на Македонија, што се...
02/09/2026

Министерот за спорт, Борко Ристовски, вечерва присуствуваше на 9. издание на Ракометниот Супер Куп на Македонија, што се одржа во Гевгелија, во организација на Ракометната федерација на Македонија.

Во натпреварот за првиот трофеј во новата ракометна сезона силите ги одмерија актуелниот шампион РК Вардар и финалистот во Купот на Македонија, РК Охрид.

РК Вардар ја потврди шампионската форма и со победата над РК Охрид во неизвесен дуел ја освои петтата титула во Супер Купот на Македонија. За вардарци ова е прв трофеј во новата сезона и продолжение на успешната традиција на клубот во ова натпреварување.

Двојниот европски првак воедно е и најуспешниот клуб во историјата на Супер Купот.

„Честитки за РК Вардар за заслужената победа и за освоениот петти трофеј во Супер Купот. Ова е одличен почеток на новата сезона и потврда за квалитетот и победничкиот карактер на тимот. На вардарци им посакувам успешна сезона како на домашната, така и на европската сцена во Лигата на шампионите. Честитки и за РК Охрид за прикажаната борбеност и одличниот натпревар. Верувам дека и оваа сезона ќе донесе квалитетен и конкурентен македонски ракомет“ - порача министерот Борко Ристовски.

Министерството за спорт останува силен партнер и поддржувач на македонскиот ракомет и на сите спортски колективи кои придонесуваат за развојот и афирмацијата на македонскиот спорт.
https://ms.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/ristovski-upati-cestitki-za-rk-vardar-za-novata-titula-vo-super-kupot

Министерот за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на завршниот дел од меѓународното финале на „Плазма Спортските игри ...
21/08/2026

Министерот за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на завршниот дел од меѓународното финале на „Плазма Спортските игри за млади“, што се одржа во Сплит, Хрватска.

Во своето обраќање, Ристовски ги поздрави учесниците и организаторите на најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа. Игрите годинава ја одбележуваат својата јубилејна 30. сезона, во која, со заложба и поддршка поддршка од Министерството за спорт и од Владата, за прв пат се приклучи и Македонија.

https://ms.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/megjunarodno-finale-na-plazma-sportskite-igri-za-mladi-vo-split-ristovski-sportot-mora-da-bide-pravo-i-moznost-za-sekoe-dete

Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска присуствуваше на одбележувањето на 34-годишнината од формирањето на Армијат...
18/08/2026

Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска присуствуваше на одбележувањето на 34-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија, на централната свеченост што се одржа во Кампот за обука на вода во Охрид, во присуство на највисокиот воен и државен врв.

По повод 18 Август – Денот на Армијата, Ристовски упати честитка до припадниците на Армијата и до сите кои низ годините биле дел од македонскиот одбранбен систем.

https://ms.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/cestit-18-avgust-denot-na-makedonskata-armija-ristovski-texnologijata-se-menuva-no-obvrskata-kon-drzavata-ostanuva

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со делегација на Владата на Република Македонија, денеска на Карпалак оддаде...
08/08/2026

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со делегација на Владата на Република Македонија, денеска на Карпалак оддаде почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години го положија својот живот бранејќи ја татковината.

Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Десет имиња кои Македонија нема право да ги заборави.

Нивната жртва е вградена во темелите на нашата држава. Тие застанаа во нејзина одбрана тогаш кога беше најтешко и за Македонија го дадоа најскапоценото што човек може да го даде – сопствениот живот.

Карпалак не е само место на нашата колективна болка. Карпалак е место на кое се потсетуваме што значат храброста, должноста, честа и љубовта кон татковината.

Наша обврска е нивните имиња да ги чуваме од заборав, нивната жртва да ја почитуваме, а на идните генерации да им ја пренесеме вистината за луѓето кои застанаа во одбрана на Македонија.

https://ms.gov.mk/mk-MK/prikazi/odnosi-so-javnost/soopstenija/ristovski-karpalak-e-amanet-makedonija-ne-gi-zaborava-svoite-xeroi

08/08/2026

Нашата цел е Струга повторно да се врати на старите патеки и да биде успешна ракометна приказна која ќе произведува сериозни таленти за иднината на македонскиот ракомет.“

08/08/2026

Веќе почнавме генерални разговори конечно тоа игралиште да се направи и да се реконструира навистина, а не само да се зборува.

07/08/2026

Струшкиот турнир претставува историја за спортот, претставува историја за ракометот, но претставува и историја на Струга и историја на Македонија.

Address

Ulica Makedonija Br. 38 (Palata Panko Brasnarov)
Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Министерство за спорт / Ministry of sports posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share