Дирекција за заштита и спасување - Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Дирекција за заштита и спасување - Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim

Дирекција за заштита и спасување - Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim Protection and Rescue Directorate

Фото моменти од с. Грачани - 04.09.2026
04/09/2026

Фото моменти од с. Грачани - 04.09.2026

04/09/2026

Дејство на авионите ,,ер трактор" на ДЗС кај с. Грачани 04.09.2026

04/09/2026

Одбрана на с. Грачани, Ангелов, 04.09.2023

02/09/2026

Противпожарните „ер трактор“ авиони на ДЗС: во одбрана од пожарот на с. Грачани, близу границата со Косово, а во поддршка на скопските пожарникари и локални жители... 02.08.2026

ДЗС: Национална работилница посветена на профилот на ризици во рамки на ИПА проектОваа недела, во просториите на Воената...
02/09/2026

ДЗС: Национална работилница посветена на профилот на ризици во рамки на ИПА проект

Оваа недела, во просториите на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, се одржува национална работилница посветена на профилот на ризици, изготвен во рамките на проектот „ИПА студија за повеќе земји - Сеопфатна анализа на пределот на ризик од катастрофи и капацитетот за реагирање („IPA Multi-country Study – Comprehensive Analysis of Disaster Risk Landscape and Capacity to Respond“ ). Национален координатор на проектот е Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Целта на работилницата беше презентација, разгледување и валидација на наодите, препораките и предложените приоритетни активности содржани во нацрт-профилот на ризици на државата. Токму во тој контекст, заменик директор на ДЗС, Кашмир Салиу, имаше негово воведно обраќање, при што ја истакна важноста на проектот за државата и за регионот.

Профилот на ризиците ги обединува наодите за целокупниот циклус на управување со ризици од катастрофи – од процена и превенција, преку подготвеност и одговор, до опоравување. Притоа, идентификувани се клучните предизвици и недостатоци, постојните капацитети и предности, како и препораки за нивно натамошно унапредување и усогласување со европските и меѓународните рамки и стандарди.

Работните сесии беа организирани тематски, по одделни ризици, со фокус на поплави, шумски пожари, епидемии, земјотреси и големи кризи. Во рамките на сесиите, учесниците имаа можност да ги разгледаат наодите и препораките, да дадат стручни мислења и предлози и да придонесат кон нивно подобрување и финализирање.

Преку ваквиот инклузивен процес се настојува да се зајакне сопственоста и ангажманот на националните институции во однос на резултатите од проектот и да се обезбеди финализирање на квалитетен, применлив и одржлив профил на ризици на Македонија.

Националниот профил на ризици претставува значајна основа за понатамошно унапредување на националните капацитети за намалување на ризикот од катастрофи, зајакнување на подготвеноста и координацијата меѓу институциите, како и за поефикасно управување со ризиците во сите фази на циклусот на управување со катастрофи.

Инаку, на оваа Работилница учествуваа претставници на повеќе национални институции и организации, како на пример, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство, Агенцијата за катастар на недвижности, Воената академија, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Институтот за јавно здравје, ЈП „Национални шуми“, АД „Водостопанство“, а и Факултетот за безбедност при УКЛО.

Address

Vasko Karangeleski Br. 10
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Дирекција за заштита и спасување - Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Дирекција за заштита и спасување - Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim:

Share