18/08/2026
Денес, в.д. директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, во придружба на државни земјоделски инспектори, во Валандово и Гевгелија оствари работна посета на неколку регистрирани преработувачки капацитети, кои што вршат откуп на ајварската пиперка наменета за преработка.
Според изјавите од страна на преработувачките капацитети, откупот на ајварската пиперка се одвива непречено, со утврдена динамика и според претходно договорените цени за откуп.
Државниот инспекторат за земјоделство продолжува со редовни инспекциски контроли на регистрираните откупни пунктови во Струмичкиот регион, со цел целосно почитување на законските одредби, договорените услови за откуп и утврдените откупни цени.