Државен архив - Одделение Штип

Државен архив - Одделение Штип Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Државен архив - Одделение Штип, Government Organization, Улица Сане Георгиев бр. 35, Штип, Stip.

18/08/2026
10/08/2026

,,Несекојдневна драма во скопскиот парк"
30.8.1960 година

Истражувајќи низ старите страници на весникот „Нова Македонија“, понекогаш наидуваме на приказни кои, и по повеќе од шест децении, успеваат да го привлечат нашето внимание.

Во весникот од 30 август 1960 година го сретнавме текстот со наслов „Несекојдневна драма во скопскиот парк“, посветен на мајмунката Милева, која предизвикала вистинска драма во еден од скопските паркови.

Според написот, мајмунката грабнала петмесечно дете и речиси половина час го носела низ гранките на дрвјата. Загрижените граѓани повикале Народна милиција, а по драматичната интервенција детето било спасено. Написот известува дека детето било во тешка состојба, додека Милева на крајот била совладана и однесена.

05/08/2026
04/08/2026

Директорот на Државниот архив на Македонија, Димитар Богески, во интервју за ВЕЧЕР вели оваа институција во своите фондови чува исклучително вредни оригинални

03/08/2026

Свидетелства, дипломи, нотни записи, црковни книги, ракописи, фотографии се чуваат на долгите полици во депоата на штипскиот Архив пренесува МИА во нивната

01/08/2026

Л Е Ш О К се наоѓа на 560 метри надморска височина во Долни Полог (тетовскиот дел на котлината Полог). Од Тетово, селото Лешок е оддалечено 9 километри во северен правец.
Лешок се споменува на почетокот на средниот век како градска населба под името Леген Град. За него сведочат археолошките остатоци, од кои најпознато е Лешочкото Кале.
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 200 семејства, 11 неженети и 22 вдовици, сите христијани.
Селото е споменува во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626 - 1627 година и е забележано како село Лешка со 89 домаќинства.Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лешок живееле 540 жители, сите Македонци.
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лешок имало 488 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година во Лешок имало 97 куќи и 580 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2002 година, селото брои 440 жители и е исклучиво населено со Македонци од православна вероисповед. Следува табела на националната структура на населението.
Пејчиновиќ е роден во тетовското село Теарце во 1771 година. Првите почетоци од неговото образование биле во селото Лешок, а потоа продолжил во Дебарскиот манастир "Свети Јован Бигорски". Меѓутоа, потоа татко му решава да го продаде имотот во Теарце и со него и со неговиот чичко одат во Света Гора каде се замонашуваат. По извесно време Кирил се вратил во Тетово, а оттаму заминува во Кичевскиот манастир „Света Богородица Пречиста“.
Во 1801 година Пејчиновиќ станал игумен на Марковиот манастир, кој решил да го обнови. Манастирот бил речиси уништен, меѓутоа Кирил успеал да издејствува помош од верниците, па конаците и манастирот биле обновени. Во наредните 17 години (до 1818 година), тој се занимавал со обновувањето и истовремено оформил манастирска библиотека од собраните ракописи од претходниот век. Додека престојувал во Марковиот манастир ја напишал неговата прва книга Книга сија глаголемаја Огледало, која била отпечатена во 1816 година во Будим. По дваесет години минати во манастирот, под притисок на грчкиот владика од Скопје, го напуштил Марков манастир и се вратил во родното Теарце. Го обновил Лешочкиот манастир со помош на богатите верници и отворил училиште во кое ги подучувал младите и старите. Патувал и како проповедник собирајќи книги и пишувајќи сопствени текстови. Кирил Пејчиновиќ умрел на 12 март 1845 година во Лешочкиот манастир и е погребан во црковниот двор.

Address

Улица Сане Георгиев бр. 35, Штип
Stip
2000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Државен архив - Одделение Штип posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share