Општина Штип Македонија

Општина Штип Македонија Во средното сливно подрачје на р.Брегалница, во источн?

Лоциран меѓу височините на Исарот, Мерите и Кумлакот, по должината на двата брега на суводолицата Отиња се простира нашиот град што е источен македонски центар и еден од најстарите македонски градови. Лежи на надморска височина од 300 метри. Распослан е на површина од 893 км2 на која според последниот попис живеат 47.796 жители.

31/08/2026

17 Sednica na Sovet

27/08/2026

ШТИП ДОБИВА НОВИ ИНФРАСТРУКТУРНИ РЕШЕНИЈА ЗА СОВРЕМЕН И ФУНКЦИОНАЛЕН ГРАД

Почитувани граѓани,

Општина Штип продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти кои ќе придонесат за подобро сообраќајно поврзување, унапредување на водоснабдувањето и понатамошен развој на градот.

Меѓу позначајните проекти се обиколницата во должина од 3,2 километри, новите резервоари за вода, како и новиот мост на река Брегалница, во близина на бањско-рекреативниот центар „Кежовица“.

Со реализацијата на овие проекти, Штип добива современа и функционална инфраструктура, создавајќи подобри услови за граѓаните и нови можности за развој.

Со почит,
Општина Штип

Почитувани,Вработените во Локалната самоуправа - Општина Штип, заедно со вработените од ЈП „Стипион“ и ЈП „Исар“, и оваа...
26/08/2026

Почитувани,

Вработените во Локалната самоуправа - Општина Штип, заедно со вработените од ЈП „Стипион“ и ЈП „Исар“, и оваа година традиционално ја покажаа својата хуманост и солидарност по повод празникот Успение на Пресвета Богородица - Голема Богородица, со учество во крводарителска акција.

Преку оваа хумана мисија, вработените даруваа крв и уште еднаш покажаа дека со својот хуман гест можат да направат нешто големо за оние на кои им е најпотребно. Секоја дарувана единица крв може да биде драгоцена и да помогне во лекувањето и спасувањето на човечки живот, особено во моменти кога крвта е неопходна за пациентите и за итните медицински случаи.

Акцијата се реализираше во духот на солидарноста и хуманоста, благодарение на одличната соработка и професионалноста на д-р Мери Шорова и вработените од Регионалниот центар за трансфузиона медицина - Штип, како и несебичниот ангажман на волонтерите на Општинската организација на Црвениот крст - Штип.

Упатуваме искрена благодарност до сите вработени кои се вклучија во оваа хумана мисија, како и до сите кои со својата посветеност придонесоа акцијата да биде успешно реализирана.

Хуманоста се покажува со дела, а секоја дарувана единица крв значи надеж и можност за спасување човечки живот.

Со почит,
Општина Штип

Покана до сите угостители за учество на „Пастрмалијада 2026”Почитувани, Општина Штип ги поканува сите угостители заинтер...
25/08/2026

Покана до сите угостители за учество на „Пастрмалијада 2026”

Почитувани,

Општина Штип ги поканува сите угостители заинтересирани за учество на „Пастрмалијада 2026 на состанок кој ќе се одржи на 26.08.2026 година (среда), во 16:00 часот, 4ти спрат во Општина Штип.

Целта на состанокот е да се запознаат сите заинтересирани со организацијата на манифестацијата „Пастрмалијада 2026“.

Состанокот ќе биде отворен за дискусија, при што учесниците ќе имаат можност да добијат информации и да разговаараат за следните теми:

- Услови и правила за учество во манифестацијата

- Логистика и поставување на штандови

- Програма на настанот и организирани активности

- Рокови и пријавување на учесниците

Овој состанок ќе овозможи директен контакт со организаторите, за да се разјаснат сите детали во врска со учеството, како и да се обезбеди што поефикасна координација во текот на подготовките.

Ве молиме да присуствувате на состанокот и активно да учествувате во дискусијата.

Со почит,
Општина Штип

Почитувани граѓани,Со особено задоволство ве информираме дека програмата за првата вечер на Штипска Пастрмалијада 2026, ...
19/08/2026

Почитувани граѓани,

Со особено задоволство ве информираме дека програмата за првата вечер на Штипска Пастрмалијада 2026, која ќе се одржи на 18 септември на Шеталиштето „Ванчо Прке“, добива уште две музички имиња.

На сцената ќе настапат македонските артисти Таско и Лара, кои со својот препознатлив музички израз и сценска енергија ќе придонесат за одлична атмосфера и незаборавна вечер за сите посетители.

Македонските артисти се приклучуваат на претходно најавената Сара Јо, со што музичката програма за првата вечер на Пастрмалијадата станува уште побогата и поразновидна.

Во периодот што следува ќе бидат објавени и дополнителни детали за програмата.
Ве очекуваме на 18 септември во Штип, заеднички да ја започнеме една од најпрепознатливите манифестации во нашиот град.

📍 Шеталиште „Ванчо Прке“ - Штип

📅 18 септември 2026

Штипска Пастрмалијада 2026 - ве очекуваме!

Завршува целосната реконструкција на улицата „Борис Кидрич“Денес, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, изврши...
19/08/2026

Завршува целосната реконструкција на улицата „Борис Кидрич“

Денес, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, изврши увид во завршните активности од целосната реконструкција на улицата „Борис Кидрич“.

По замената на старата водоводна и канализациска мрежа, денес започна поставувањето на првиот асфалтен слој, со што реконструкцијата влегува во завршна фаза.

Со проектот се решава долгогодишен инфраструктурен проблем на една од најфреквентните улици во централното градско подрачје.

Општина Штип продолжува посветено со реализација на проекти за модернизација и унапредување на градската инфраструктура, создавајќи подобри услови за живот и пофункционален и уреден град за сите граѓани.

Ви благодариме за трпението и разбирањето за време на реализацијата на градежните активности.

Со почит,

Општина Штип

10/08/2026

Општина Штип со задоволство најавува уште едно големо музичко засилување во програмата за „Штипска Пастрмалијада 2026“.

Драги сограѓани,

На 19 септември 2026 година, на Градскиот стадион во Штип, ве очекува посебна музичка вечер со заедничкиот настап на Јован Јованов и Елвир Мекиќ.

Двајцата препознатливи автори и изведувачи повторно ќе застанат заедно на сцената, носејќи ги добро познатите хитови што одбележаа едно музичко време, но и подготвувајќи посебен заеднички музички и сценски настап за публиката во Штип.

Нè очекуваат познати рефрени, одлична атмосфера и силна музичка енергија на една од најзначајните фестивалски вечери во нашиот град.

📅 19 септември 2026

📍 Градски стадион - Штип

Почитувани граѓани,Со големо задоволство го најавуваме првото големо име од музичката програма на „Штипска Пастрмалијада...
04/08/2026

Почитувани граѓани,

Со големо задоволство го најавуваме првото големо име од музичката програма на „Штипска Пастрмалијада 2026“.

На 19 септември, Градскиот стадион во Штип ќе биде домаќин на уште една голема музичка вечер во рамки на годинашното издание на „Штипска Пастрмалијада “.

Пред штипјани и гостите ќе настапи ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ - еден од најпознатите и најпочитувани автори и изведувачи на регионалната музичка сцена.

Со своите безвременски хитови, препознатлив музички израз и концертна енергија која обединува генерации, Жељко Јоксимовиќ доаѓа во Штип за вечер исполнета со врвна музика, емоции и незаборавна атмосфера.

Минатогодишното издание на Штипска Пастрмалијада остави силни впечатоци и покажа дека нашиот град знае да создава големи настани и моменти кои долго се паметат.

И оваа година продолжуваме со истата посветеност - со квалитетна програма, професионална продукција и содржини кои ќе донесат нови спомени за сите посетители.

Жељко Јоксимовиќ е само почетокот. Останатите артисти и целосната програма за Штипска Пастрмалијада 2026 ќе бидат објавени наскоро.

📅 19 септември 2026📍 Градски стадион - Штип

Со почит,

Општина Штип

Почитувани граѓани,Денес, министерот за здравство, д-р Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, ...
30/07/2026

Почитувани граѓани,

Денес, министерот за здравство, д-р Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, претседателот на Управниот одбор на болницата, Биљана Ефтимова, и делегација на Светска банка го разгледаа концептот за завршување и целосно опремување на новата Клиничка болница во Штип.

Станува збор за капитална инвестиција вредна околу 6,7 милијарди денари, односно 109 милиони евра, со која Источна Македонија ќе добие современ регионален здравствен центар.

Проектот предвидува завршување на главниот болнички објект, негово современо опремување и функционално поврзување на сите одделенија, со што ќе се овозможат поквалитетни здравствени услуги, подобра дијагностика и третман, како и намалување на притисокот врз здравствените установи во Скопје.

Клиничката болница Штип е единствениот клинички регионален центар во источниот дел на државата и обезбедува здравствена заштита за повеќе од 150.000 граѓани, додека нејзиното пошироко гравитациско подрачје опфаќа околу 250.000 жители.

Општина Штип, во соработка со Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Клиничката болница Штип и останатите надлежни институции, останува посветена на успешната реализација на овој капитален проект, кој ќе обезбеди современо и поквалитетно здравство за сите граѓани на Источна Македонија.

Address

Васил Главинов
Stip
2000

Opening Hours

Monday 07:30 - 18:30
Tuesday 07:30 - 18:30
Wednesday 07:30 - 18:30
Thursday 07:30 - 18:30
Friday 07:30 - 18:30

Telephone

+38932226600

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Штип Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Штип Македонија:

Shortcuts

Share