10/06/2026
📣 Почитувани членови, симпатизери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ,
Со големо задоволство и гордост ве информираме дека нашиот истакнат сопартиец, Ален Деребан е реизбран за Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ - Струга.
Во оваа прилика му честитаме на човекот кој години наназад сесрдно и неуморно работеше на консолидацијата, јакнењето и напредокот на нашиот Општински комитет, не штедејќи се себеси ниту професионално, ниту приватно. Покажа како со вистинска посветеност, чесност и лојалност се бранат идеалите на партијата и се работи за доброто на стружани. Неговиот досегашен ангажман е пример за вистински активизам и безусловна љубов кон Македонија.
Ова повторно назначување е признание за досегашниот труд, но и силен мотив за нови победи.
Од сесрце му го честитаме изборот и му посакуваме огромни успеси во понатамошната работа!
Веруваме дека со истата енергија и мудрост ќе продолжи да води кон уште повисоки резултати, на задоволство на сите нас, на целиот комитет и на сите граѓани.
Со вера во идејата, продолжуваме заедно и уште посилно! 💪 🔴⚫️