SDSM Struga

SDSM Struga Општинска организација СДСМ Струга

По повод големиот празник Курбан Бајрам, ОО на СДСМ- Струга упатува искрени честитки до сите граѓани од исламска вероисп...
27/05/2026

По повод големиот празник Курбан Бајрам, ОО на СДСМ- Струга упатува искрени честитки до сите граѓани од исламска вероисповед.
Нека празничните денови донесат мир, здравје, среќа и благосостојба во секој дом.
Со почитување, солидарност и меѓусебна грижа да продолжиме да градиме заедништво и подобра иднина за сите.

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, ОО СДСМ Струга упатува искрени чест...
24/05/2026

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, ОО СДСМ Струга упатува искрени честитки до сите граѓани.

Нивното дело е темел на словенската писменост, култура и духовност, а нивната просветителска мисија останува вечна инспирација за знаење, напредок и единство.

Да го чуваме и негуваме македонскиот јазик, образованието и културните вредности како наш заеднички пат кон подобра иднина.

Нека е честит 24 Мај – Денот на сесловенските просветители!

👉По повод Денот на Власите, ОО СДСМ Струга упатува искрени честитки до сите припадници на влашката заедница. 👉Нека овој ...
23/05/2026

👉По повод Денот на Власите, ОО СДСМ Струга упатува искрени честитки до сите припадници на влашката заедница.
👉Нека овој ден биде потсетник за богатството на различностите, меѓусебната почит и заедништвото што ја градат нашата држава.
👉 Среќен Ден на Власите!

👉Денеска во работна посета со членовите и симпатизери на ОО СДСМ Струга беше пратеничката во Собранието на Македонија, Б...
21/05/2026

👉Денеска во работна посета со членовите и симпатизери на ОО СДСМ Струга беше пратеничката во Собранието на Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска. Во отворена и конструктивна атмосфера во присуство и на пратеникот Јован Митрески се разговараше за актуелната политичка и општествена состојба во државата, како и за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните.
👉Посебен акцент беше ставен на социјалдемократските политики, европскиот пат на државата и потребата од одговорно и посветено политичко дејствување.
👉Присутните ја потврдија определбата за продолжување на борбата за демократски вредности, социјална правда и подобар животен стандард за сите граѓани.
🇲🇰СДСМ останува силен и обединет фактор во креирањето на прогресивни политики и стабилна иднина за државата.

https://www.facebook.com/share/p/18cKFjbuKs/?mibextid=wwXIfr
21/05/2026

https://www.facebook.com/share/p/18cKFjbuKs/?mibextid=wwXIfr

Претседателот Филипче: Се повлекуваме од Комисијата, СДСМ нема да учествува во брутално, задолжување на државата за криминални тендери.

🎙️Секојдневно гледаме како владата на Христијан Мицкоски ја турка земјата во должничко ропство. Последниот предлог е да се земат 300 милиони евра од банки, но банките на Владата не ѝ ги дозволија, што укажува на веќе постоечки сомнежи во нашиот кредитен рејтинг. Имено, конзорциум на банки дозволи кредит од само 260 милиони евра, со ужасно голема каматна стапка од близу 4,5%.

Првото прашање што се поставува е: каде одат овие пари?

Нема редовна исплата на плати по јавните институции. Нема ниту размислување, а камоли најава за зголемување на минималната плата. Се доцни со социјалните трансфери, се доцни со повратот на ДДВ кај компаниите кои се месечни и тримесечни обврзници. Вкупната сума на пари што оваа Влада им ја должи на компаниите за поврат на ДДВ изнесува близу 200 милиони евра.

Овие пари одат само за партиски тендери. И тоа е единственото нешто што добро функционира кај оваа власт.

Опасно се зголемува вкупниот долг. За 2 милијарди евра, за само две години, е зголемено задолжувањето на земјата. Пари што ќе ги враќаат следните генерации.
Вкупниот долг, кој беше 8,5 милијарди евра во 2024 година, сега е близу 11 милијарди евра.

Се поставува прашањето: има ли оваа власт компас? Има ли идеја, има ли визија каде и како ја води државата?

Нашата пратеничка група нема да учествува во ова брутално, секојдневно задолжување на земјата за огромни суми, стотици милиони евра, милијарди евра пари, кои не одат никаде, освен строго контролирано во партиските фирми преку тендерските постапки.

Ние нема да учествуваме во комисиската расправа на оваа тема и целосно се повлекуваме од неа.

Дополнително, сакам да укажам на уште еден скандал. Скандал кој не е нов и кој претседателот на Собранието веќе континуирано го спроведува, а тоа е дека, кршејќи го Деловникот, закажува состанок на Комисијата за финансирање и буџет — комисија што ја води нашата пратеничка Сања Лукаревска — и покрај тоа што таа е тука и не е отсутна, а Деловникот тоа не го дозволува. Кога пратеникот е тука, тој задолжува друг пратеник да ја води оваа комисија.

Имајќи предвид дека ова е веќе пракса на претседателот на Собранието, Африм Гаши, и со тоа го крши Деловникот, најавуваме дека ќе поднесеме кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието.

https://www.facebook.com/share/p/1EZpNzQreT/?mibextid=wwXIfr
18/05/2026

https://www.facebook.com/share/p/1EZpNzQreT/?mibextid=wwXIfr

💬 Мицкоски и Сиљановска признаа, Преспанскиот договор не го загрозил македонскиот идентитет, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „360 степени“ на Македонската радио телевизија.

Филипче посочи дека ако се споредат поранешните со сегашните ставови на Сиљановска-Давкова и Мицкоски за Преспанскиот договор, јасно се гледа дека тие свесно со својата пропаганда ја манипулирале јавноста.

„Како говореше сегашната претседателка Сиљановска-Давкова, дека Преспанскиот договор е предавство, дека го загрозува националниот идентитет и дека таа никогаш нема да го користи уставното име. Како говореше премиерот Христијан Мицкоски дека тој е ВМРО-ДПМНЕ и дека Преспанскиот договор не е завршена работа. Жената била свесна дека лажела, дека кога говорела дека тоа е спротивно на нашиот Устав, меѓународното право, тоа никако сепак не го загрозува националниот идентитет. И тоа е исто за целата пропаганда на ВМРО“, рече Филипче.

👉 https://sdsm.org.mk/soopstenija/110200

Address

Struga

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when SDSM Struga posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to SDSM Struga:

Share