19/08/2026
НОВА ЖЕНСКА ОДБОЈКАРСКА ШКОЛА БОСИЛОВО 🏐
Со големо задоволство го најавуваме отворањето на новата Женска одбојкарска школа Босилово со седиште во с.Иловица!
Ќе бидат опфатени повеќе возрасни групи од предучилишна возраст до средно образование.
Агенцијата Sports Factory, со нов спортски проект започнува мисија за развој и промоција на женскиот спорт во општина Босилово.
По веќе докажаните и успешни спортски проекти, Sports Factory продолжува со нов предизвик за создавање нови здрави генерации и давање можност на младите девојки да тренираат, напредуваат и ги остваруваат своите спортски соништа.
Босилово добива ново место кадешто талентот, дисциплината и тимскиот дух ќе растат заедно.