Teatar Anton Panov Strumica

Teatar Anton Panov Strumica founded 1949, Strumica

По повод 90. роденден на Стефан ЦаневТеатар „Антон Панов“ – Струмица  му го честита 90. роденден на истакнатиот бугарски...
07/08/2026

По повод 90. роденден на Стефан Цанев
Театар „Антон Панов“ – Струмица му го честита 90. роденден на истакнатиот бугарски драматург, поет и писател Стефан Цанев.

Постојат автори чии текстови не остануваат само на страницата, туку продолжуваат да живеат на сцената, во секоја нова изведба и пред секоја нова публика. Стефан Цанев е еден од нив.

Неговото творештво остави трага и во историјата на нашиот театар. Во 1999 година на сцената на Театар „Антон Панов“ беше поставена драмата „Последната Сократова ноќ“, а во 2025 година премиерно беше изведена претставата „Деца на светот“, која и денес е дел од нашиот репертоар.

Следната изведба на „Деца на светот“ е закажана за 24 август 2026 година, на гостувањето во Демир Хисар.

На Стефан Цанев му посакуваме добро здравје, творечка ведрина и уште многу години исполнети со зборови што ќе продолжат да наоѓаат свој живот на театарската сцена.

Среќен 90. роденден!

Театар „Антон Панов“ – Струмица

Денес со гордост го одбележуваме 2 Август – Илинден, еден од најсветлите датуми во македонската историја, симбол на слоб...
02/08/2026

Денес со гордост го одбележуваме 2 Август – Илинден, еден од најсветлите датуми во македонската историја, симбол на слободата, достоинството и државноста.

Нека идеалите на илинденците и вредностите на АСНОМ бидат трајна инспирација за единство, културен напредок и љубов кон татковината.

НУЦК „Антон Панов“ – Струмица им го честита Денот на Републиката – Илинден на сите граѓани, со желби за мир, благосостојба и заедничка иднина.

Честит Илинден!

Kритички осврт за" Бегалка"https://dodovski.blogspot.com/2026/07/blog-post_26.html?m=1&fbclid=IwdGRjcATStxJjbGNrBNK3X2V4...
26/07/2026

Kритички осврт за" Бегалка"

https://dodovski.blogspot.com/2026/07/blog-post_26.html?m=1&fbclid=IwdGRjcATStxJjbGNrBNK3X2V4dG4DYWVtAjExAHNydGMGYXBwX2lkDDM1MDY4NTUzMTcyOAABHnHIRr1ArMhCpxWwvabajvq_ihyWQXHSj-QiqunM9bOG_Xtf8WXTufRh2DW7_aem_iTALBNlF6y82t99tL_mzxg

Кон претставата „Бегалка“ од Васил Иљоски, адаптација и режија - Дамјан Димовски, во изведба на Народ ниот театар „Антон Панов“ од Струм...

🎭 Споделуваме дел од атмосферата од синоќешната изведба на „Бегалка“ во рамките на БИТ ФЕСТ 2026. Благодарност до органи...
25/07/2026

🎭 Споделуваме дел од атмосферата од синоќешната изведба на „Бегалка“ во рамките на БИТ ФЕСТ 2026.

Благодарност до организаторот за гостопримството и до публиката за прекрасниот прием.

25/07/2026
25/07/2026

🎭 Синоќешната изведба заврши со долг аплауз од публиката – знак дека „Бегалка“ допре до присутните и ја оствари својата театарска мисија.

„Бегалка“ достојно го претстави Театар „Антон Панов“ – Струмица на БИТ ФЕСТ 2026, оставајќи силен впечаток со својата актерска игра, емоција и сценска искреност.

Благодарност до публиката во Битола за топлиот прием.

🎭 Вечерва на „БИТ ФЕСТ“ 2026Вечерва, 24.07.2026 (петок), со почеток во 20.00 часот, претставата „Бегалка“ од Васил Иљоск...
24/07/2026

🎭 Вечерва на „БИТ ФЕСТ“ 2026

Вечерва, 24.07.2026 (петок), со почеток во 20.00 часот, претставата „Бегалка“ од Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски, ќе биде изведена во рамките на „БИТ ФЕСТ“ 2026, во Центарот за култура – Битола.

Сценографијата и костимите се дело на Благој Мицевски, а музиката е на Александар Димовски. Дизајн на плакат и рекламен материјал Ване Костуранов.

Во претставата настапуваат Стојан Велков – Трн, Танкица Стојанова, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова, Васка Ангелова, Михаил Велков и Игор Тодоров.

🎭 Бегалка на „БИТ ФЕСТ“ 2026На 24.07.2026 (петок), со почеток во 20.00 часот, претставата „Бегалка“ од Васил Иљоски, во ...
21/07/2026

🎭 Бегалка на „БИТ ФЕСТ“ 2026

На 24.07.2026 (петок), со почеток во 20.00 часот, претставата „Бегалка“ од Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски, ќе биде изведена во рамките на „БИТ ФЕСТ“ 2026, во Центарот за култура – Битола.

Сценографијата и костимите се дело на Благој Мицевски, а музиката е на Александар Димовски. Дизајн на плакат и рекламен материјал Ване Костуранов.

Во претставата настапуваат Стојан Велков – Трн, Танкица Стојанова, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова, Васка Ангелова, Михаил Велков и Игор Тодоров.

Меѓународно признание за визуелниот идентитет на претставата „Трговци со презервативи“Плакатот за претставата „Трговци с...
18/07/2026

Меѓународно признание за визуелниот идентитет на претставата „Трговци со презервативи“

Плакатот за претставата „Трговци со презервативи“, во режија на Дејан Ангелов, а во продукција на Театар „Антон Панов“ – Струмица, е избран во официјалната селекција на Меѓународно биенале на театарски плакат – TPAM 2026 во Ерменија.

Дизајнот на плакатот е авторско дело на Ване Костуранов, чиј препознатлив визуелен јазик и креативен пристап добиваат значајно меѓународно признание. Избраниот плакат ќе биде претставен на изложбата во рамките на Биеналето, кое ќе се
одржи во септември 2026 година.

Ова признание претставува исклучителна афирмација за уметничката работа на целиот тим на претставата и потврда за квалитетот и посветеноста со кои Театар „Антон Панов“ – Струмица ја создава и промовира својата театарска продукција

Честитки до Ване Костуранов, како и до сите автори и соработници на претставата „Трговци со презервативи“ за ова значајно меѓународно признание.

🎭 Во спомен на Тинка РистескаВо чест и сеќавање на нашата драга колешка Тинка Ристеска, споделуваме снимка од претстават...
14/07/2026

🎭 Во спомен на Тинка Ристеска

Во чест и сеќавање на нашата драга колешка Тинка Ристеска, споделуваме снимка од претставата „Вечна игра“ од Митко Маџунков, во режија на Бранко Ставрев.

Во оваа претстава Тинка Ристеска со својата препознатлива актерска сила ја толкува улогата на Андромаха, оставајќи уште едно трајно сведоштво за својот исклучителен талент, посветеност и љубов кон театарската уметност.

Вечна слава и благодарност, Тинка. 🕊️

https://youtu.be/uNiU6K0_msU?si=ODu6x6NimMc7uwPB

https://youtu.be/_lFX6n5Nfo4?si=Qo8KWCeWUTDmb7Mq

,,Вечна игра" е театарска претстава во изведба на ансамблот на НУЦК...

Address

Ulica Mosha Pijade 1
Strumica
2400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Teatar Anton Panov Strumica posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Teatar Anton Panov Strumica:

Shortcuts

Share