Општина Струмица

Општина Струмица Официјална фејсбук страница на општина Струмица.

Нови дела и траен уметнички печат во Струмица – заврши 63. издание на Меѓународната струмичка ликовна колонија Во Струми...
15/08/2026

Нови дела и траен уметнички печат во Струмица – заврши 63. издание на Меѓународната струмичка ликовна колонија

Во Струмица синоќа заврши 63. издание на Меѓународната струмичка ликовна колонија, една од најзначајните и најдолготрајни културни манифестации во градот.

На свеченото затворање, проследено со изложба на новосоздадените дела, присуствуваше градоначалникот Петар Јанков.

Во изминатите десет дена, уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Турција, Црна Гора и Монголија твореа и оставаа свој авторски печат во Струмица. Работејќи во различни ликовни техники, масло и акрил на платно, скулптура во дрво, фотографија и мозаик, тие создаваа, разменуваа искуства и воспоставуваа нови професионални и културни врски.

Различните ликовни изрази, авторски пристапи и современи уметнички визии создадоа богата креативна атмосфера, која е една од најголемите вредности и препознатливи обележја на оваа долгогодишна меѓународна манифестација.

Новосоздадените дела остануваат како трајно сведоштво за уште едно успешно издание на Меѓународната струмичка ликовна колонија.

14/08/2026
Денеска, градоначалникот Петар Јанков во својот кабинет ги прими основците кои постигнаа најдобри резултати на државно н...
14/08/2026

Денеска, градоначалникот Петар Јанков во својот кабинет ги прими основците кои постигнаа најдобри резултати на државно ниво во одбојка, кошарка и шах на Плазма - Спортските игри на младите, кои се одржаа во Струмица во мај годинава, и со тоа обезбедија пласман на меѓународното финале.

Јубилејното 30-то меѓународно финале на Младинските спортски игри „Плазма“ ќе се одржи од 17 до 21 август во Сплит, каде што младите струмички спортисти ќе се натпреваруваат со свои врсници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

Градоначалникот Јанков им посака успешен настап изразувајќи уверување дека достојно ќе ја претставуваат Струмица и ќе покажат дека со труд, посветеност и тимски дух се постигнуваат големи резултати.

Општина Струмица целосно го покрива нивното учество на меѓународното финале, вклучувајќи ги трошоците за патување и спортската опрема потребна за натпреварувањата.

„Плазма“ Спортските игри на младите се најголемата аматерска спортска манифестација за деца и млади во Европа, која веќе три децении обединува милиони деца и млади преку спортот, дружењето и пријателството. Натпреварувања се за деца на возраст од 6 до 18 години, а досега учествувале повеќе од 3.440.000 млади. Освен што го промовираат спортот и спортскиот начин на живот, преку различни програми активно се работи и на едукација на децата за сите аспекти на одржливиот развој, не насилството на спортските терени и фер-плејот.

„Никогаш повеќе да не се повтори – за идеја да се убива и, за мисла да се умира“, оваа порака ја упати градоначалникот н...
13/08/2026

„Никогаш повеќе да не се повтори – за идеја да се убива и, за мисла да се умира“, оваа порака ја упати градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, од одбележувањето на 75-годишнината од погибијата на Петте струмички студенти Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Борис Белев, Ѓорги Костуранов и Стево Топчев на 13 август 1951 година.

Пред Споменикот подигнат во нивна чест во малиот градски парк кој го носи името „Петте струмички студенти“ и во кој од вчера се поставени табли и обележја, денеска се одржа пригодна свеченост на којашто пред присутните зборуваше градоначалникот Петар Јанков.

-За седум и пол децении многу генерации се родија, пораснаа и го изградија својот живот. Но, времето не успеа да ги избрише сеќавањата и болката што овој настан ги остави низ струмичките улици. Напротив, со секоја измината година се потврдува дека споменот за нив останува жив, затоа што не почива само на историски записи, туку и во свеста на граѓаните кои од генерација на генерација ја пренесуваат трагедијата. Затоа денес сме овде, како и секоја година претходно, да ѝ се поклониме на младоста што беше прекината. Да им оддадеме почит на луѓето чии животи завршија прерано. И да покажеме дека Струмица знае да памети. Зашто град кој заборава, го губи сопствениот идентитет. А град кој се сеќава, покажува достоинство.
Ми претставува чест што во новиот урбан дел на Струмица, улицата која ги граничи урбаните блокови 41/1, предвиден со објекти за домување и блокот 41/2 ќе го носи името „Петте Струмички Студенти“, рече градоначалникот Јанков.

За идејата и визијата на петте струмички студенти зборуваше и Никола Андонов претседател на Здружението на политички затвореници.

Градоначалникот Петар Јанков со претставници на Советот на општина Струмица положи свежо цвеќе пред Споменикот на петте струмички студенти, а цвеќе положија и претставници на семејствата на убиените студенти, политички партии и здруженија.

На одбележувањето во малиот градски парк му претходеше панихида на градските гробишта во Струмица на којашто присуствуваше и градоначалникот, Петар Јанков.

13/08/2026
Општинската програма за улици и патишта за 2026 година продолжува да се реализира и во градот и во населените места обез...
12/08/2026

Општинската програма за улици и патишта за 2026 година продолжува да се реализира и во градот и во населените места обезбедувајќи поквалитетен живот за сите граѓани.

По завршените подготовки кои вклучуваа расчистување на теренот од дрвја, растенија и отпад, ископ на земја, посипување со тампонски материјал и армирање, се бетонира улица во населеното место Вељуса. Улицата е со должина од 190 метри и ширина од 3 метри или вкупна површина од 570 метри квадратни, а со тампонски материјал ќе се обработуваат и банкини во широчина од 0,5 метри во зависност од условите на патот.

Овој проект се реализира со средства од општинскиот буџет, а изведувач на работите е фирмата „Пешо Инжинеринг“ ДОО Струмица.

Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите На...
11/08/2026

Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите Нации во Македонија, Рита Колумбиа.

На средбата се разговараше за тековните проекти во Општина Струмица насочени кон рамномерен и одржлив развој со фокус на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Тема на разговор беа и можностите за заеднички проекти што ќе го поттикнат учеството на младите во активности корисни за заедницата, како и во процесите и донесувањето одлуки кои се важни за развојот на градот.

Address

Улица Сандо Масев бр. 1
Strumica
2400

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

034 348030

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Струмица posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Струмица:

Shortcuts

Share

Category