03/09/2026
Вчера попладне силно невреме со обилни врнежи од дожд и проследено со силен ветер зафати поголем дел од државата, вклучувајќи ја и Струмица и струмичкиот регион. Според првичните податоци наврнати се околу 45 литри дожд на метар квадратен.
Пријавени беа поплавени објекти на повеќе улици, а најпогодени беа улиците „Младинска" и „Ленинова", паднати гранки, како и паднат потпорен ѕид на излезот од Струмица кон Вељуса.
Интервенција беше потребна и во просторот под плоштадот, каде беше насобрана поголема количина вода што го отежнуваше нормалното функционирање.
На терен беа екипите на ТППЕ Струмица, ЈПКД „Комуналец" и ЈП „Паркиралишта", со асистенција на СВР Струмица, кои работеа на испумпување на водата, расчистување на наносите, гранките и останатите последици од невремето.
Сите расположливи екипи беа на терен и интервенираа таму каде што беше најпотребно. Следењето на состојбата и интервенциите продолжија во текот на ноќта, а екипите се и денес на терен таму каде што е потребно доотстранување на последиците.
☎️ За пријави: 13-110