ОО СДСМ Струмица

ОО СДСМ Струмица Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ОО СДСМ Струмица, Political organisation, Strumica.

НАШАТА ВИЗИЈА

Основен постулат на СДСМ и на новата левица во Македонија е дека: луѓето се добри, тие сакаат слобода и еднаквост, но потребна им е и солидарност. Секој човек е личност за себе, и е еднакво вреден како и секој друг. Секое човечко суштество, секој од нас, заслужува шанса за да ги реализира своите соништа за подобар живот. Шансите не смеат да бидат шанси само за неколкумина, само за м

нозинството, туку за сите. Затоа, граѓаните заслужуваат политички решенија кои ќе бидат стабилни, развојни и напредни. Решенија кои секогаш ќе ја водат државата во таква насока: за подобро утре, за подобар живот, за посилна економија, за техничка модернизација, за намалување на сиромаштијата, за зголемување на личните слободи, за еднаквост, за стабилно и праведно општество, за професионална администрација, за развиени и самостојни општини, за зачувување на животната средина, за регионална соработка и за целосно интегрирање во меѓународните организации.

Историјата сосема јасно нè учи дека левицата во Македонија секогаш била храбра и прогресивна. Токму со тие постулати, а и со огромна почит кон претходниците, се зафативме да ја градиме независна Македонија. И денес не отстапуваме од нашите идеи. Не бегаме од одговорноста за минатото, но и од одговорноста да се соочиме со предизвиците за да ја градиме државата и да се бориме за подобра иднина. Интересите на државата секогаш ни се на прво место, но не само тие од денес, туку и оние од утре. Наместо популизам ние нудиме прагматични и реални политички решенија. Посветеноста на развојот на Македонија е нашиот главен мотив, а храброста и прогресивноста се нашите основни белези. Патриотизмот и љубовта кон татковината се нашите ѕвезди водилки.

Програмата на СДСМ е нашата политичка платформа и нашата визија за развој на државата. Во следните 10 години сакаме Македонија да стане поинаква Македонија. Да биде економски развиена, без сиромаштија, со вработени и социјално обезбедени граѓани. Сакаме да има повеќе лични слободи, поголеми колективни права и сите да се еднакви пред институциите, кои ќе функционираат според највисоките професионални стандарди. Сакаме да има еднаквост и рамноправност на сите граѓани, и да имаме еднаква застапеност на жените во сите сфери на општеството. Сакаме да имаме повисока политичка култура, силна и критичка јавна дебата во независни медиуми, толеранција кон разликите и активни граѓани кои лично, или преку нивните здруженија ќе бидат вклучени во донесувањето и спроведувањето на политичките решенија. Сакаме да имаме добри односи и соработка со сите наши соседи. Конечно, сакаме Македонија да стане рамноправна членка во НАТО и во ЕУ.

ИДЕОЛОШКИ ПРИНЦИПИ
- Развој на демократијата и на слободата.
- Еднаквоста и солидарноста се темелите на општеството.
- Почитување на дијалогот и толеранцијата.
- Секое право носи одговорност.
- Корпоративно управување и ново партнерство.
- Социјално одговорна пазарна економија .
- Мир и безбедност преку регионални интеграции и меѓународната соработка.

10/08/2026

СДСМ дава целосна поддршка на струмичките земјоделци производители на црвена пиперка. Даваме целосна поддршка на македонскиот земјоделец кој од утро до мрак е на нива за да произведе храна за цела држава.

Струмичките земјоделци не бараат милост - бараат достоинствени откупни цени и вреднување на трудот.

Откупната цена на пиперката ајварка од 25 денари за килограм е крајно понижувачка и нерентабилна цена. Оваа цена на ги покрива ниту производните трошоци.

Со поскапувањето на горивата, се е поскапено во земјоделството. Поскапи се репроматеријалите, ѓубривата, работната рака, производството.
Само трудот на земјоделецот е поефтин.

Бараме Владата да донесе системско и одржливо решение, а не како до сега половични и задоцнети мерки.

Откупната цена на црвената пиперка мора да биде над 50 денари за килограм. Тоа е цена која може да даде сигурност и соодветен егзистенцијален приход на земјоделците.

Во овие две години со ВМРО на власт, земјоделците се излажани, понижени и оставени сами без поддршка.

Оваа Влада направи пустош во земјоделството. Тотален колапс.

Доста е од понижување на луѓето кои произведуваат храна.

09/08/2026
„Упатувам порака, децата не се сами. Не беа сами синоќа, не се сами денеска, нема да бидат сами ни утре. Ова е знак дека...
06/08/2026

„Упатувам порака, децата не се сами. Не беа сами синоќа, не се сами денеска, нема да бидат сами ни утре. Ова е знак дека власта е исплашена. Исплашена е заради тоа што излегува вистината за загадената вода, излегува вистината за економијата, излегува вистината за Европа, излегува вистината за тоа дека сега сме слепо црево на Европа“, рече Филипче.

🎙️ Криминалната група ВМРО физички се пресметува со деца затоа што ја зборуваат вистината, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во денешната изјава во Ново Село, во однос на вчерашниот инцидент, кога млади луѓе членови на СДСМ, беа нападнати од активисти на ВМРО. Филипче во изјавата нагласи дека младите социјалдемократи само ја говореа вистината за Гостивар, а овој инцидент не смее да се премолчи.

„Беа нападнати млади деца. Млади деца кои што ја говореа вистината. А вистината е дека водата во Гостивар и во половина држава е загадена и не е за пиење. И кога веќе медиумскиот линч на организираната криминална група не помага, тие физички се пресметаа со децата. Со децата на Ново село, со децата на Македонија, кои што единствено нешто што правеа, ја говореа вистината“, рече Филипче.

▫️Во изјавата, Филипче упати порака дека децата не се сами, а инцидентот е показател дека власта е исплашена.

„Упатувам порака, децата не се сами. Не беа сами синоќа, не се сами денеска, нема да бидат сами ни утре. Ова е знак дека власта е исплашена. Исплашена е заради тоа што излегува вистината за загадената вода, излегува вистината за економијата, излегува вистината за Европа, излегува вистината за тоа дека сега сме слепо црево на Европа“, рече Филипче.

▫️Воедно, Филипче побара итна истрага и реакција од Министерството за внатрешни работи и од Јавното обвинителство.

„Затоа што беа активисти на ВМРО, затоа што беа луѓе блиски на Христијан Мицкоски. Тие луѓе кои што посегнаа по тоа да физички се пресметаат со младите деца кои повторно ќе кажам, ја говореа вистината“, рече Филипче.

„Ние не кренавме пушка против мирниот народ... кренавме пушка против тиранијата...“ Крушевскиот манифест е вечен доказ з...
02/08/2026

„Ние не кренавме пушка против мирниот народ... кренавме пушка против тиранијата...“
Крушевскиот манифест е вечен доказ за македонскиот хуманизам и стремежот за слобода како и за далекугледоста на идејата позади Републиката.

По повод големиот празник Илинден, претставници од ОО СДСМ Струмица предводени од претседателот д-р Лазо Манев положија свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Струмица. Со овој чин беше оддадена длабока почит кон делото на илинденците и асномците кои повикаа на сплотеност без разлика на вера и нација. Како и тогаш, така и денес – заедништвото нека е нашиот најголем штит.
Честит Илинден!

Претставници на ОО СДСМ Струмица, предводени од претседателот д-р Лазо Манев, денеска положија свежо цвеќе пред спомен-о...
23/07/2026

Претставници на ОО СДСМ Струмица, предводени од претседателот д-р Лазо Манев, денеска положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето во чест на Блажо Стојков, Пено Стојанов, Мите Ѓоргиев и Војо Гркљанов, кои ги загубија животите во големиот шумски пожар над Струмица во 2012 година.

Со положувањето свежо цвеќе беше оддадена почит на нивната несебична жртва и храброст, кои засекогаш ќе останат дел од колективното сеќавање на Струмица. Нека им е вечна слава.

Делегација на ОО СДСМ Струмица денеска оддаде почит по повод 82-годишнината од убиството на народниот херој Благој Јанко...
14/07/2026

Делегација на ОО СДСМ Струмица денеска оддаде почит по повод 82-годишнината од убиството на народниот херој Благој Јанков – Мучето.

Пред неговите спомен-обележја беа положени свежо цвеќе и оддадена почит на неговото дело и жртвата што ја положи за слободата. Неговото име и денес останува симбол на храброста, достоинството и борбата за праведно општество.

Вечна слава на народниот херој Благој Јанков – Мучето! 🇲🇰

Денес се навршуваат 70 години од раѓањето на Борис Трајковски – претседател кој остави значаен белег во современата маке...
25/06/2026

Денес се навршуваат 70 години од раѓањето на Борис Трајковски – претседател кој остави значаен белег во современата македонска историја.

Неговата посветеност на мирот, соживотот, дијалогот и европските вредности останува трајна инспирација за сите кои веруваат во демократска, стабилна и обединета држава. Со својата скромност и човечност покажа дека политиката пред сè треба да биде во служба на граѓаните.

По тој повод, членови на Советот на општина Струмица од советничката група на СДСМ положија свежо цвеќе.

Со почит се сеќаваме на неговото дело и пораките што ги остави – пораки на надеж, разбирање и заедништво.

Вечен спомен.

Почитувани сограѓани,Еве ја изјавата на претседателот д-р Лазо Манев за која бевме обвинети дека е дадена со цел оставар...
23/06/2026

Почитувани сограѓани,

Еве ја изјавата на претседателот д-р Лазо Манев за која бевме обвинети дека е дадена со цел оставарување на девно-политичка корист.

Ако ја изгледате во целост и сами ќе се уверите дека во самата изјава уште од самиот почеток се нагласува дека советничката група и СДСМ не е против процесот на оптимизација и дека не е поентата да навлегуваме во бескрајна дебата и да се обвинуваме кој е поодговорен за состојбата, но последиците мораме сите заедно да ги сносиме и овој процес да помине на најбезболниот начин за сите засегнати. Нити децата, нити родителите, нити наставниците се бројка и статистика со која може лесно да се манипулира и прилагодува, бидејќи позади секоја бројка се крие човечка судбина.

Уште еднаш повикуваме на разгледување на спорниот план и нема да дозволиме вовлекување во непотребна дебата и политичко препукување врз грбот на граѓаните.

Др Лазо Манев заедно со останатите членови на СДСМ одржаа прес по п...

18/06/2026

Колку ги чинеше граѓаните на Македонија прославата на Мицкоски и ВМРО во Струмица?
300.000 евра? 500.000 евра? Или многу повеќе?

Превоз со автобуси, списоци од вработени по јавна администрација од цела Македонија, дневници?

Колку ги чинеше тоа граѓаните? Како да го донеле Дејвид Гета?

Додека народот се мачи да врзе крај со крај, додека цените незапирливо растат а сиромаштијата се зголемува, додека економијата тоне ВМРО со народни пари и партиската војска во јавна администрација ја слави безидејноста на своето владеење и изолацијата од ЕУ.

Нема пари за повисоки плати, нема пари за субвенции за земјоделците, нема пари за 600 евра минимална плата, нема пари за поддршка на младите, нема пари за мерки, нема пари за лекови, пари има само за криминални тендери и луксуз за одлепената од реалност владејачка ВМРО.

Колку платија граѓаните за Мицкоски да ги слави неуспесите и извештајот на Европскиот парламент за изолацијата на Македонија?

Address

Strumica

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОО СДСМ Струмица posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ОО СДСМ Струмица:

Shortcuts

Share