Пожарникари - Струмица

Пожарникари - Струмица На оваа страна ќе можете да ги добиете сите информации за нашите активности, информации за сите настанати пожари, едукации, предавања.

21/08/2026

🔥 ОГРОМНА ОПАСНОСТ ОД ПОЖАРИ! 🔥

🌡️ Високите температури, сувата вегетација, ниската влажност и ветерот создаваат екстремно опасни услови за брзо избувнување и ширење на пожарите.

🚨 Цела Македонија е под зголемен ризик, а особено е висок индексот во Струмичкиот регион.

❌ Не палете сува трева и отпад.
🚬 Не фрлајте отпушоци.
🔥 Не оставајте отворен оган без надзор.

⚠️ Бидете внимателни. Пожарот не простува грешки! 🚒🔥

18/08/2026

🔥 ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – ВИСОК РИЗИК ОД ПОЖАРИ!

⚠️Цела Македонија се соочува со многу висок ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор. Според најновите предупредувања, речиси целата територија е во зона со висок метеоролошки индекс на опасност од пожари.

Во вакви услови, еден пламен може за многу кратко време да прерасне во голем и неконтролиран пожар.

🚫 НЕ ПАЛЕТЕ ОГАН НА ОТВОРЕНО!
🚬 Не фрлајте отпушоци во природа.
🌾 Не палете стрништа, трева и отпад.
🔥 Не оставајте оган без надзор.
🌲 Бидете особено внимателни во близина на шумски и тревни површини.
👨‍🚒 Пожарите најчесто започнуваат од мал пламен. Но, во вакви услови, последиците можат да бидат огромни.
⚠️Доколку забележите пожар, веднаш пријавете на 112 или 193.
⚠️Да го спречиме пожарот пред да стане задача за пожарникарите.
🚒Пожарникари-спасители – ТППЕ Струмица

17/08/2026

⚠️СПАСУВАЊЕ ВО БЕРЛИН – КОГА СЕКУНДИТЕ ЖИВОТ ЗНАЧАТ !!

⚠️На 14 август во берлинската населба Фридрихшајн избувна пожар во стан на 11-ти кат од 21-катница, во близина на железничката станица Остбанхоф. Пожарот брзо се проширил, а густио чад и пламенот заробиле еден од станарите на висококатницата.

⚠️Противпожарната авто-скала со ротирачка платформа можела да достигне само до 9-ти кат. Жената, заробена два ката погоре, останала без можност за излез. Единствената шанса била малата корпа на скалата, со површина од приближно 1–2 квадратни метри.

⚠️Во момент кога пламенот и чадот ѝ се приближувале, таа морала да направи неверојатно храбар и крајно ризичен скок – од 11-ти кат, два ката надолу, директно во корпата на противпожарната скала. Пожарникарите успеале да ја пречекаат и да ја спуштат на безбедно.

🔥 13 лица биле повредени, но најважното е дека сите излегле живи од објектот. Пожарот бил ставен под контрола за помалку од три часа.

⚠️Ова е една од оние интервенции кои покажуваат колку е тенка границата меѓу животот и трагедијата – и колку брзината, обученоста, координацијата и храброста на пожарникарите можат да значат во само неколку секунди.
🚒 За пожарникарот, нема „невозможно“. Има само човек кој мора да биде спасен.

🚒 ШТО ДА НАПРАВИТЕ ДОКОЛКУ ПОЖАРОТ СЕ ЗАКАНУВА ДА ГО ЗАФАТИ ВАШИОТ ДОМ🔥⚠️Во случај пожарот непосредно да ви се заканува,...
15/08/2026

🚒 ШТО ДА НАПРАВИТЕ ДОКОЛКУ ПОЖАРОТ СЕ ЗАКАНУВА ДА ГО ЗАФАТИ ВАШИОТ ДОМ🔥

⚠️Во случај пожарот непосредно да ви се заканува, останете смирени и следете ги упатствата на надлежните служби.

⚠️ Доколку сте во дом или друг објект:

1️⃣Затворете ги вратите и прозорците пред да се евакуирате.
2️⃣Понесете ги само личните документи и најнеопходните работи.
3️⃣Со децата и останатите членови на семејството веднаш напуштете го објектот доколку е загрозен.
4️⃣Не се обидувајте да го спасувате имотот по секоја цена – човечкиот живот е најважен.
5️⃣Не се обидувајте со возило да поминувате низ чад или пламен! Возилото навреме преместете го подалеку од шума и други запаливи површини. Кога пожарот ќе се приближи, никогаш не обидувајте се да се пробиете низ огнот.
6️⃣Не се вклучувајте самостојно во гаснењето на пожарот. Без соодветна опрема, знаење и обука, можете сериозно да го загрозите сопствениот живот. Гаснењето на пожарот препуштете им го на пожарникарите-спасители.
7️⃣Не бегајте по пат или низ простор зафатен со пламен и густ чад. Оддалечете се од пожарот по безбеден правец и следете ги насоките на службите.
⚠️Вашиот живот и безбедност се поважни од имотот.
🚒 ТППЕ Струмица – заедно за безбедна Струмица.

15/08/2026

⚠️ОГРОМНИОТ ПОЖАР КАЈ ОМИШ – УШТЕ ЕДНА ОПОМЕНА КОЛКУ БРЗО МОЖЕ ДА СЕ ПРЕТВОРИ ВО КАТАСТРОФА

✅Едно лице го загуби животот, седум лица се борат за живот, а околу 40 лица се повредени во огромниот пожар кој вчера го зафати подрачјето на Омиш, Хрватска.
🔥 Пожарот, потпомогнат од високите температури, сушата и силниот ветер, се ширеше со огромна брзина, загрозувајќи домови, објекти и населени места.
🚒 Голем број пожарникари, со десетици противпожарни возила и воздушна поддршка, цела ноќ се бореа со огнената стихија, бранејќи ги населените места и животите на луѓето.
⚠️Во најинтензивниот период биле ангажирани 286 пожарникари, 90 противпожарни возила и четири летала.
⚠️Овој трагичен настан уште еднаш покажува дека во услови на екстремни температури, сува вегетација и силен ветер, еден мал пожар за само неколку минути може да прерасне во огромна огнена стихија.
⚠️ Не палете оган на отворен простор. Не фрлајте отпушоци и не преземајте ризик!
Една неодговорна постапка може да чини човечки живот.
🚒 Пожарникари-спасители – ТППЕ Струмица

13/08/2026

⚠️Пожарот во Сивири е сè уште надвор од контрола - се организира евакуација и по море

⚠️Ситуацијата со големиот пожар на Касандра на Халкидики дополнително се влоши. Според последните информации околу 18:20 часот, пожарот сè уште не е под контрола, а пожарот стигнал до брегот во областа Сивири.

⚠️Евакуацијата на луѓето од плажата во Сивири по море е во тек. Во акцијата учествуваат еден брод на грчката крајбрежна стража и најмалку девет приватни бродови.

⚠️Претходно беше наредена евакуација за Сивири и Фурка. За Сивири, упатства за евакуација беа издадени преку системот 112, прво кон Мола Калива, а потоа кон Касандрија, додека луѓето од областа Фурка беа упатени кон Неа Скиони.

🔥 Пожарот зафати и згради. ЕРТ потврдува дека изгорела најмалку една куќа во Сивири, додека најновите извештаи се за пожар кој се шири многу брзо низ области со борови дрвја и ниска вегетација и минува низ населени места.

⚠️На терен има 122 пожарникари, три пешадиски екипи, 41 противпожарна единица, девет авиони и три хеликоптери, заедно со цистерни и механизација на Општина Касандра. Еден пожарникар е повреден и пренесен во болницата во Полигирос.

🚗 Воведени се и вонредни промени во сообраќајот. Поради пожарот, полицијата го затвори и пренасочи сообраќајот на одредени патишта во областа Сивири и Фурка.

‼️ Туристите кои се наоѓаат во Сивири, Фурка и околината треба веднаш да ги следат пораките на 112 и упатствата на полицијата, пожарникарите и крајбрежната стража.

⚠️Не обидувајте се да се приближите до пожарната зона или да се вратите за да соберете предмети ако веќе сте евакуирани. Ситуацијата е сè уште активна и може брзо да се промени.

13/08/2026
13/08/2026

🚒 ПРЕВЕНЦИЈА ПРЕД СÈ!

⚠️Термалниот дрон на ТППЕ Струмица продолжува со секојдневен надзор на критичните подрачја во струмичкиот регион.

🔥Со навремено откривање на зголемена температура и потенцијални жаришта, делуваме превентивно и навреме – пред пожарот да се развие и да предизвика поголема опасност.

⚠️ Не палете оган на отворен простор!
Вашата одговорност е најважната превенција.

🚒🧑‍🚒ТППЕ Струмица – секогаш на терен, секогаш во служба на граѓаните.

12/08/2026

✅ Секое утро – за почист и посвеж град!
✅Секое утро, во периодот од 04:00 до 07:00 часот, екипите на ТППЕ Струмица, покрај своите редовни активности и дежурства, вршат перење и освежување на улиците низ градот.
✅Активноста се реализира во раните утрински часови, со цел да се придонесе за почиста, посвежа и попријатна животна средина за сите граѓани, особено во периодот на високите летни температури.
✅ТППЕ Струмица – секогаш во служба на граѓаните! 🚒

11/08/2026

⚠️Вечерва, три противпожарни возила со осум пожарникари-спасители продолжуваат да дејствуваат на пожарот кај депонијата кај с.Ново Село, кој излезе од контрола и ги зафати околните ридови и шумата.
⚠️Се прават огромни напори да се локализира и спречи неговото понатамошно ширење.

Address

Balkanska 1
Strumica
2400

Telephone

0038976483366

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Пожарникари - Струмица posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category