13/08/2026
💧 ШТО ТОЧНО ИМА ВО ВОДАТА ШТО ЈА ПИЕМЕ?
Во нашата претходна објава поставивме конкретни прашања за микробиолошката неисправност на водата за пиење во Свети Николе.
Но, наместо јасни одговори, граѓаните добија уште повеќе дилеми.
❓ Која бактерија е утврдена во водата?
Граѓаните имаат право да знаат што точно покажала лабораториската анализа. Не е доволно да се каже дека постојат „микробиолошки отстапувања“. Потребно е јавно да се објави добиениот наод кој укажува на тоа која бактерија е утврдена, во која концентрација, од кој примерок и кога е земен примерокот.
❓ Како е можно проблемот да биде решен без прекин на водоснабдувањето?
Ако за отстранување на неисправноста било доволно да се извршат одредени интервенции во системот, граѓаните заслужуваат да знаат кои точно мерки биле преземени.
❓Дали е извршено дополнително хлорирање или таканаречено хиперхлорирање?
❓Дали цистерните со вода низ населбите се пуштени самоиницијативно или по наредба или препорака на надлежна институција?
❓ Дали е точно дека во мрежата бил измерен резидуален хлор од околу 0,8 mg/l и што значи тоа во однос на редовниот режим на хлорирање?
❓ Од која вода добиваат компаниите од прехранбената индустрија за производствените процеси?
Ако водата од градскиот водовод не била препорачана за пиење, какви инструкции добиле компаниите кои ја користат истата вода во производни процеси.
❓ Зошто за ваквата состојба не беше обезбедено навремено и целосно информирање на граѓаните?
Кога станува збор за водата што ја пијат граѓаните, информацијата мора да стигне до секое семејство, а не само до оние што ќе ја видат објавата на социјалните мрежи.
❓Во соопштението од ЈКП Комуналец, се наведува дека причината за загадувањето е дефект на мрежата. Дали тоа намерно се прави дефокус за да се отстрани сомнежот дека загадувањето доаѓа заради хигиената на таложниците и целата водоводна мрежа?
🔴 Затоа го повикуваме Основното јавно обвинителство да постапи по допрен глас и да ги провери сите околности поврзани со бактериолошката неисправност на водата во Свети Николе.
❗️Здравјето на луѓето нема цена. Неколку граѓани реагираат на појава на кожни реакции.
Не обвинуваме никого однапред, но бараме институциите да ги утврдат фактите. Доколку има пропусти – мора да има и одговорност!