15/07/2026
Денес остварив средба со претседателите на општинските организации на Демократски сили на Ромите (ДСР) од Западна Македонија.
Агим Абдули - претседател на ОО на ДСР - Гостивар
Ферди Мемедоски - претседател на ОО на ДСР - Кичево
Баудин Пилиќ - претседател на ОО на ДСР - Струга
Неџат Сабри - претседател на ОО на ДСР - Охрид
На средбата разговаравме за актуелната политичка состојба, организациското зајакнување на партијата и активностите што нè очекуваат во наредниот период.
Посебен акцент ставивме на унапредувањето на работата на локалните организации, подобрувањето на комуникацијата со граѓаните и подготовките за претстојните политички предизвици.
ДСР останува единствена, обединета и посветена на заштитата на интересите на ромската заедница и на создавање подобри услови за живот за сите граѓани. Заедно продолжуваме со уште поголема енергија, одговорност и посветеност кон нашите цели.