ВМРО-ДПМНЕ ОК Тетово

ВМРО-ДПМНЕ ОК Тетово ВМРО-ДПМНЕ, Внатрешна македонска револуционерна орган

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Општински комитет Тетово:
Ангел Карапетров
Секретар на ВМРО-ДПМНЕ Општински комитет Тетово:
Жаклина Петровска

Неодговорно е политички партии да шират непроверени и неточни информации за образовниот процес и на тој начин да создава...
26/08/2026

Неодговорно е политички партии да шират непроверени и неточни информации за образовниот процес и на тој начин да создаваат непотребна вознемиреност кај учениците и родителите.

Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ преку соопштение јасно ги демантира тврдењата изнесени од партијата Левица.

Електронските уписи се реализирани без проблеми, а во августовскиот рок немало пријавени ученици за настава на македонски јазик, поради што и не биле објавени списоци за тие паралелки.

Дополнително, училиштето информира дека веб-страницата била хакирана, но проблемот е успешно надминат и страницата повторно функционира.

Како целосна невистина се отфрлаат и тврдењата дека по 50 ученици ќе следат настава во една училница.

Наместо политички манипулации и собирање дневни политички поени врз грбот на учениците, јавноста заслужува факти и одговорност. Образованието не смее да биде жртва на партиски конструкции и дезинформации.

Поддршка за наставниот кадар и раководството кои посветено работат за подобри услови и квалитетно образование за сите ученици.

Најдобро е Левица да се повлече од намерата да прави штета на тетовската гимназија која со новите инвестиции го врати сјајот кој го заслужува.

ВМРО-ДПМНЕ ОК Тетово

Да им помогнеме на најмалите да ја започнат учебната година со насмевка!ВМРО-ДПМНЕ О.К. Тетово и УМС Тетово организираат...
25/08/2026

Да им помогнеме на најмалите да ја започнат учебната година со насмевка!

ВМРО-ДПМНЕ О.К. Тетово и УМС Тетово организираат хуманитарна акција за собирање училишен прибор за дечињата на кои им е најпотребен.

Секоја тетратка, молив или гумичка значат многу! Да покажеме дека хуманоста нема цена.

📅 СРЕДА, 26 АВГУСТ
⏰ ПОЧЕТОК: 19:00 часот
📍 ПРЕД ДОМ НА АРМ - Тетово

ШТО МОЖЕТЕ ДА ДОНИРАТЕ?

📒 Тетратки
✏️ Моливи и пенкала
📏 Линијари, гуми, лепак, кесиња...

Се гледаме утре!

22/08/2026
Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ: Отворен е јавниот повик за претседател на Општинскиот комитет на Унијата на млади сил...
18/08/2026

Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ: Отворен е јавниот повик за претседател на Општинскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Тетово.

Ги повикуваме сите млади кои имаат визија, енергија, одговорност и желба активно да придонесуваат во својата општина да се пријават и да ја преземат одговорноста за градење силна, организирана и активна младинска структура.

Ова е можност за сите оние кои сакаат да бидат дел од процесот на создавање нови идеи, нова енергија и нови успеси.

📅 Рок за пријавување: 31.08.2026 година

Пријавете се. Преземете одговорност. Бидете дел од тимот што ја движи младината напред.

Да живее Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ!

17/08/2026

Александар Велјановски: „Џаво Отомотив“ во Тетово, „Чагатај Кабло“ во Скопје, „Avesta Battery and Energy Engineering“ во Кичево нови инвестиции за посилна македонска економија

16/08/2026

Александар Велјановски: Нови странски директни инвестиции и зголемување на производствените капацитети, за нови работни места, извоз и поголем економски раст

11/08/2026
09/08/2026
08/08/2026

Делегации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Тетово положија свежо цвеќе на Карпалак во чест на хероите.

На 8 август 2001 година, кај месноста Карпалак, во напад на конвојот на Армијата загинаа десет армиски резервисти од Прилеп и прилепско.

Капетан Нане Наумоски, поручник Сашо Китановски, Горан Миновски, Ердоган Шабановски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Велјановски, Пеце Секулоски, Веби Рушитовски и Марко Деспотовски.

Загинаа во униформа, бранејќи ја Република Македонија.

Вечен помен и слава на хероите! 🇲🇰

Делегации на ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО положија свежо цвеќе во чест на херо...
08/08/2026

Делегации на ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО положија свежо цвеќе во чест на хероите.
Нека им е вечна слава!

Address

Tetovo

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ВМРО-ДПМНЕ ОК Тетово posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ВМРО-ДПМНЕ ОК Тетово:

Shortcuts

Share