20/03/2026
Градоначалникот Славе Андонов во име на локалната самоуправа на Василево, на сите граѓани од исламска вероисповед им го честиташе 🕌 Рамазан Бајрам 🕌 . Ви посакуваме добро здравје, среќа, љубов, меѓусебна почит и разбирање.✨✨✨
Рано утрово градоначалникот Славе Андонов и претседателот на Советот, Миле Митевски, беа во џамијата во Градошорци, веднаш по утринската молитва со која верниците од муслиманската веросиповед го започнаа тридневното одбележување, ги потсетија на нивните постулати на милост, солидарност, добра мисла, почит кон различниот, нешта кои одамна се негуваат на овие наши простори.
Таа добра мисла ни помага да напредуваме заедно кон заедничка иднина и како ,,мостови на соживот,, треба да им се пренесуваат на помладите генерации.