Државен архив - Одделение Велес

Државен архив - Одделение Велес community organisation

Државен архив - одделение Велес, како чувар на движно културно наследство, на ден 24.02.2025 ги прими учениците од прва ...
25/02/2025

Државен архив - одделение Велес, како чувар на движно културно наследство, на ден 24.02.2025 ги прими учениците од прва година при СОУ “Јовче Тесличков” - Велес и практично им го претстави начинот на кој архивистите го прибираат, чуваат, обработуваат и заштитуваат архивскиот материјал.

Работилница со четвртоодделенците од училиштето „Св. Кирил и Методиј“Државниот   архив   -   Одделение   Велес   успешно...
14/02/2025

Работилница со четвртоодделенците од училиштето „Св. Кирил и Методиј“

Државниот архив - Одделение Велес успешно ја одржа својата прва работилница со учениците од четврто одделение од училиштето „Св. Кирил и Методиј“ на тема Илинденско востание.

Со бројни фотографии и документи за наши истакнати револуционери успешно беше задоволен интересот на најмладите како чувари на нашата иднина.

70 години јубилеј ДАРСМ - одделение Велес
13/12/2024

70 години јубилеј ДАРСМ - одделение Велес

70 години Архив во ВелесДржавен архив - Одделение Велес има чест да го најави својот јубилеј - 70 години постоење.Својот...
10/12/2024

70 години Архив во Велес
Државен архив - Одделение Велес има чест да го најави својот јубилеј - 70 години постоење.
Својот пат започна да го изградува и насочува како официјална институција задолжена за целокупното пишано културно наследство во Повардарието на 13 декември 1954 г.
Успеа да зачува многу гласови, а сето тоа што го постигна ќе го сподели со јавноста на 13 декември (петок) 2024 г. во 13.00 часот во салата на Општина Велес.

Со почит.

Државен архив - Одделение Велес  дел од програмата за одбележување на 9 ноември - Денот на ослободувањето на ВелесСо док...
11/11/2024

Државен архив - Одделение Велес дел од програмата за одбележување на 9 ноември - Денот на ослободувањето на Велес

Со документарниот филм „Кон минатото и сегашноста - 80 години слободен Велес“ подготвен во соработка со Општина Велес, Народен музеј - Велес, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес и ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ - Велес, Државниот архив - Одделение Велес го одбележа јубилејот 80 години слободен Велес.

Во просториите на Европската куќа соработниците како „институции на меморија“ со повеќе од 500 документи и фотографии покажаа како се собира и чува локалната историја врежувајќи ги трајно идентитетот, името, јазикот, културата, традицијата, фолклорот на своите сограѓани. Навратија кон градот кој во периодот меѓу двете светски војни полека почнуваше да се модернизира, го покажаа и разрушувањето што градот го доживеа за време на Втората светска воја, бранет од плејадата велешани народни херои, но потсетија и на изградувањето на градот од 1944 г. со сите свои падови и подеми, процеси и трансформации.

Државниот архив изразува благодарност до сите соработници вклучени во проектот.

Државен архив Одделение Велес кој во соработка со Народен музеј и ЛБ ,,Гоце Делчев,, како и со техничката подготовка од ...
11/11/2024

Државен архив Одделение Велес кој во соработка со Народен музеј и ЛБ ,,Гоце Делчев,, како и со техничката подготовка од ученикот Јосиф Бочваров од ДСУ РЦСОО ,,Коле Неделковски,, го подготвија овој документарен филм во чест на 9-ти Ноември ослободувањето на Велес.

Прво општо советување на ДАРСМ во НУ Музеј на македонската борба за самостојност - 5 Ноември 2024
05/11/2024

Прво општо советување на ДАРСМ во НУ Музеј на македонската борба за самостојност

- 5 Ноември 2024

Вработените од Државен архив -одделение Велес одржаа работилница со учениците од ООУ “Васил Главинов” и “Кирил и Методиј...
09/10/2024

Вработените од Државен архив -одделение Велес одржаа работилница со учениците од ООУ “Васил Главинов” и “Кирил и Методиј”

Државен архив - Одделение Велес домаќин на изложбата "Милтон".Благодарност до колегите од битолскиот архив за соработкат...
07/10/2024

Државен архив - Одделение Велес домаќин на изложбата "Милтон".
Благодарност до колегите од битолскиот архив за соработката и можноста за блиската средба со канонот Милтон Манаки.

Државен архив - Одделение Велес има чест да биде домаќин на патувачката изложба „Милтон“ подготвена од колегите од битол...
01/10/2024

Државен архив - Одделение Велес има чест да биде домаќин на патувачката изложба „Милтон“ подготвена од колегите од битолскиот Архив по повод 140 години од раѓањето на Милтон Манаки.

Изложбата се состои од 12 печатени паноа посветени на биографскиот дел на Милтон Манаки и документарен видео материјал посветен на неговото творештво.

Изложбата ќе биде поставена во просториите на Europe House на 3 октомври во 13.00 часот и достапна за јавноста до 16 октомври 2024 г..

Со почит,

Државен архив - Одделение Велес

Address

Наум Наумовски-Борче бб
Veles
1400

Opening Hours

Monday 07:30 - 15:30
Tuesday 07:30 - 15:30
Wednesday 07:30 - 15:30
Thursday 07:30 - 15:30
Friday 07:30 - 15:30
Saturday 07:30 - 15:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Државен архив - Одделение Велес posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share