Општина Велес

Општина Велес Ул. Панко Брашнар 1, 1400 Велес
Тел: 043/232-406

Велес, како урбана населба постои од 168 год. п.н.е. Во текот на историјата градот често го менувал името од Вила Зора, преку Ќупурли до Велес. Денешното име го добил во VII век со доаѓањето на Словените на Балканот, од словенското ВЕЛЕС што значи в шума (заради густите шуми што го опкружувале).

Во Велес се отворени првото училиште на македонски јазик, првата гимназија, првиот театар, правата биб

лиотека, првиот музеј и првото музичко училиште. Меѓу зачуваните средновековни споменици најпознат е манастирот Св.Димитрија (XIV век), а како архитектонска вредност, најпозната е црквата Св.Пантелејмон (XIX век)

Најголема туристичка атракција во Општината е античкиот град Стоби. Покрај тоа, значајни се локалитетот Бреза и локалитетот Пешти кој изобилува со пештери (со археолошки остатоци од неолитот, ранохристијански пештери).

Во Општина Велес има осум основни и четири средни училишта спортско игралиште, спортска сала, базен, театар, музеј, библиотека, кино-сала, десет цркви и манастири и џамија.
Општината Велес се наоѓа во централниот дел на Република Македонија. До 1996 година општината зафаќаше површина од 1.552 км2 или 6% од територијата на државата.

Со територијалната поделба на Република Македонија од 1996 година , од Општина Велес се издвоени новоформираните општини Богомила, Градско, Чашка и Извор, така што таа зафаќаше територија од 553 км2 , односно 2,1% од територијата на Македонија.

Со новата територијална поделба од 2004 година, картата на Општина Велес повторно се измени и сегашната територија, што ја зафаќа Општина Велес, е со површина од 464,5 км2.

Велес е позициониран на 41. 43' г.ш. и 21. 46' г.д., и на надморска висина од 175 м. Географската поставеност на градот е многу поволна и нуди цела низа позитивни околности.

Се наоѓа во централниот дел на Р.Македонија, во средното течение на реката Вардар, на надморска височина од 150 до 260 метри. Велешката котлина се наоѓа во централниот дел на Р.Македонија. Од сите страни е заградена со ниски ридови, кои ја одвојуваат од Овче Поле на исток и од Хашката Котлина на запад. На запад се ридовите Гроот (675м) и Баир (461м), додека на исток се Св. Илија (565м), Кршла (420м) и Барјаче (448м). На север преку Таорската клисура на реката Вардар е поврзана со Скопската котлина, додека на југ Велешката клисура е поврзана со Тиквеш. Котлината се протега на надморска височина од 165м. Зафаќа површина од 47км2. Во јужниот дел на Велешката Котлина е лоциран градскиот центар Велес.

Address

Панко Брашнар бр. 1
Veles
1400

Opening Hours

Monday 07:30 - 15:30
Tuesday 07:30 - 15:30
Wednesday 07:30 - 15:30
Thursday 07:30 - 15:30
Friday 07:30 - 15:30

Telephone

+38943232406

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Велес posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Велес:

Shortcuts

Share