Ј.П. Еремја Вевчани

Ј.П. Еремја Вевчани Јавно претпријатие за комунални дејности и облагородување на природните ресурси „Еремја“ Вевчани

04/08/2026

📢 Ј.П. Еремја Вевчани апелира до сите корисници, рационално и внимателно да ја користат водата за пиење❗️

Во месец Август, во Вевчани се зголемува бројот на граѓани и исто така се најавуваат екстремно високи температури, причини поради што ќе се зголемува потрошуваката на вода.

Затоа АПЕЛИРАМЕ, во попладневниот периодот, кога потрошувачката на вода е најголема, да се избегнува наводнување на поголеми површини (бавчи, ниви и паркови), полевање на дворови и улици, полнење базени и сл. со цел да се избегне нестабилност во водоснабдувањето.

Водата наменски да се користи како сите жители вклучувајќи ги и тие во највисоките зони би имале непрекинато водоснабдување .

Благодариме на разбирањето!

30/07/2026

📢 СООПШТЕНИЕ
ЈП „Еремја“ Вевчани ги известува граѓаните дека во понеделник, 3 август, редовно ќе се врши собирањето на комуналниот отпад од домаќинствата, согласно утврдениот распоред и трасата за ден Понеделник, без разлика што денот е државен празник.
Ги замолуваме граѓаните навремено да го извадат комуналниот отпад пред своите домови, со цел непречено одвивање на активностите.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.

ЈП „Еремја“ – Вевчани, заедно со претставници на Општина Вевчани, вчера имаше особена чест и привилегија да биде домаќин...
14/07/2026

ЈП „Еремја“ – Вевчани, заедно со претставници на Општина Вевчани, вчера имаше особена чест и привилегија да биде домаќин на Нејзината Екселенција, амбасадорката на Народна Република Кина во Република Македонија, Џијанг Сјаојан.

Во рамките на посетата беше одржана конструктивна и содржајна средба, на која се разговараше за можностите за воспоставување и продлабочување на соработката во областа на комуналните услуги, локалниот развој, размената на искуства и добри практики, како и за идни иницијативи од заеднички интерес меѓу ЈП „Еремја“, Општина Вевчани и Амбасадата на Република Кина.

Нејзината Екселенција ги посети и Вевчанските Извори – Споменик на природата, едно од најзначајните природни богатства на нашата држава и препознатлив симбол на Вевчани, при што имаше можност непосредно да се запознае со нивната исклучителна природна убавина и значење.

Веруваме дека денешната средба претставува важен чекор кон натамошно зајакнување на пријателските односи и воспоставување успешна и долгорочна соработка.
Embassy of the People's Republic of China in North Macedonia

🆕️📌 Во рамки на редовните оперативни активности и програмата за одржување на комуналната инфраструктура, екипите на ЈП Е...
19/06/2026

🆕️📌 Во рамки на редовните оперативни активности и програмата за одржување на комуналната инфраструктура, екипите на ЈП Еремја Вевчани во изминатиот период реализираа повеќе интервенции од значење за непречено функционирање на водоводниот и канализациониот систем, како и за одржување на јавните површини.

✅️ Извршена е санација на повеќе дефекти на водоводната мрежа, со навремена замена и поправка на оштетени делови, со цел намалување на загубите на вода и обезбедување стабилно и квалитетно водоснабдување за корисниците.

✅️ Спроведено е машинско и рачно отпуштање на главна канализациона линија, како и на повеќе секундарни канализациони краци, каде беа отстранети наслаги и отпад кои го попречуваа нормалниот проток на отпадните води.

✅️ Реализирано е косење на православните гробишта, како и на локалитетот Јанков Камен, одржување на јавните простори.

✅️ Извршена е санација и поправка на оштетени корпи за ситен отпад на повеќе локации, со цел подобрување на комуналната хигиена и функционалноста на урбаната опрема.

✅️ Иако одржувањето на каналите за наводнување не е во надлежност на ЈП Еремја Вевчани, поради нивната нефункционалност и последиците што ги предизвикуваат, бевме принудени да интервенираме. За жал, на терен повторно се соочивме со големи количини отпад фрлен од несовесни поединци, што претставува неодговорен однос кон заедничкото добро, животната средина и трудот на работниците кои секојдневно вложуваат напори за одржување на јавниот простор.

🚫 Каналите за наводнување, каде беа констатирани значителни количини на несоодветно одложен отпад, како и бесправни интервенции со кои е намален профилот на каналите и е попречен нормалниот проток на водата. Ваквите постапки не само што ја нарушуваат функционалноста на системот за наводнување, туку создаваат и ризик од прелевање, оштетување на инфраструктурата и дополнителни финансиски трошоци за нивна санација. Загрижувачки е што и покрај бројните апели, сè уште постои неодговорен однос кон заедничките добра и јавната инфраструктура.

💧🌿♻️ ЈП Еремја Вевчани останува посветена на навремено, одговорно, професионално и во интерес на граѓаните извршување на своите обврски, со цел обезбедување квалитетни комунални услуги и зачувување на животната средина.

🙏 Упатуваме апел до граѓаните совесно да ја користат и чуваат комуналната инфраструктура и да не одлагаат отпад во канализационите системи и каналите за наводнување, бидејќи нивната функционалност е од заеднички интерес за целата заедница.

📢 Да ги чуваме Вевчанските Извори – нашето најголемо природно богатствоСо жалење и разочараност сведочиме на несовесно о...
12/06/2026

📢 Да ги чуваме Вевчанските Извори – нашето најголемо природно богатство

Со жалење и разочараност сведочиме на несовесно однесување на поединци кои одлагаат шут и друг отпад во пределот на Споменикот на природата „Вевчански Извори“, локалитет кој се наоѓа во зоната на строга заштита.

Вевчанските Извори не се само природна реткост и симбол на Вевчани, туку и богатство кое сме должни да го зачуваме за идните генерации. Нивната убавина и чистота се наша заедничка одговорност.

Иако ЈП „Еремја“ нема законски механизми за казнување и санкционирање на ваквите постапки, чувствуваме обврска јавно да укажеме на овој проблем и да апелираме до сите граѓани да покажат поголема свест, одговорност и почит кон природата.

Да не дозволиме поради нечие несовесно однесување да се нарушува еден од најубавите природни бисери на Македонија.

Чистата природа е огледало на нашата култура, совест и однос кон местото во кое живееме.

🌿 Да ги чуваме Вевчанските Извори – затоа што природата не може сама да се одбрани.

Денеска го славиме празникот на Светиот пророк Јеремија— празник по кој нашето јавно комунално претпријатие го носи имет...
14/05/2026

Денеска го славиме празникот на Светиот пророк Јеремија— празник по кој нашето јавно комунално претпријатие го носи името.

Со тропање и создавање бучава, симболично се бркале змиите, несреќите и сè лошо од домовите, нивите и изворите. Уште од минатото, овој обичај во Вевчани претставува знак на прочистување, заштита и нов почеток.

Токму од оваа традиција претпријатието го добива името ЈП „Еремја“, чија секојдневна мисија е грижата за чиста вода за пиење, одржувањето на јавната хигиена, како и собирањето и транспортирањето на нашиот отпад од кантите и контејнерите, одржување на канализационата мрежа и ред други комунални услуги.

Зад секоја чиста улица, секоја капка чиста вода и секоја завршена работа стојат вредните работници кои секојдневно се на терен, во сите временски услови - на студ, снег и дожд, ветер и жештини — посветено работејќи за доброто на сите граѓани.

Денес имаме можност да се потсетиме и секако да им изразиме искрена почит и благодарност на луѓето кои тивко, но пожртвувано, се грижат за заедницата секој ден работејќи во јавните претпријатија.

Јавните претпријатија се столбот на секојдневното функционирање на заедницата, столб за одржувањето на едно чисто, здраво и уредено општество.

Но, грижата за јавните системи, површини и добра не е само обврска на претпријатијата, туку и заедничка одговорност на сите нас како граѓани.

Само со меѓусебна почит, одговорност и соработка можеме да создадеме почиста, поздрава и поуредена животна средина во општината.

12/05/2026

📢 ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ НА ДОЛНА ЗОНА

Ги известуваме корисниците кои се снабдуваат со вода за пиење од резервоар „Вевчански Извори“ – долна зона, дека утре, Среда 13.05.2026 година, во периодот од 09:00 часот па сè до целосно санирање на неколку дефекти на водоводната мрежа, ќе има прекин во водоснабдувањето.

Екипите на ЈП „Еремја“ ќе бидат на терен и ќе работат со максимална посветеност за дефектите да бидат отстранети во најкраток можен рок и водоснабдувањето нормализирано што е можно побрзо.

Апелираме до граѓаните навремено да обезбедат потребни количини вода за основните потреби и ги замолуваме за разбирање и трпение додека траат активностите.

Ви благодариме за соработката. 💧

И покрај тоа што на главниот влез има поставен контејнер, а на влезовите за пешаци се поставени канти за отпад, за жал п...
30/04/2026

И покрај тоа што на главниот влез има поставен контејнер, а на влезовите за пешаци се поставени канти за отпад, за жал повторно сме сведоци на несоодветно одложување на отпадот од гробиштата. Наместо да се користат предвидените садови, отпадот се остава на несоодветни места, со што се нарушува изгледот и достоинството на просторот.

Дополнително, каналот за наводнување е затнат со зелен отпад – трева и гранки. Нејасно е како се очекува тој отпад да помине низ каналот и под мостовите, кога очигледно го попречува нормалниот проток и создава проблеми.

Ова однесување е недозволиво. Потребно е да покажеме поголема општествена одговорност, совест и грижа за заедничките простори.

Да ја чуваме чистотата - тоа е обврска на сите нас.

💧🧹🌿 Еремја Вевчани континуирано продолжува со активности на терен, со цел уредување и одржување на јавните површини.Допо...
27/04/2026

💧🧹🌿 Еремја Вевчани континуирано продолжува со активности на терен, со цел уредување и одржување на јавните површини.
Дополнително, се интервенира и на повеќе јавни површини каде што се забележани неправилности кои предизвикуваат проблеми и влијаат врз јавниот простор.

✅ На локалитетот Вевчански извори започна детално чистење и расчистување, со цел целосно уредување на просторот и подобрување на неговата пристапност и изглед.

✅ Санација и поправка на мостовите на кејот на Вевчанска река.

✅️ Се коси тревата на локалните гробишта.

➡️ Со овие и другите активности продолжуваме се со цел поуредена, почиста и побезбедна средина за сите граѓани и посетители.

💧🧹🚜 Покрај секојдневните активности кои ги врши ЈП Еремја Вевчани, дел од дополнителните работните активности за одржува...
09/04/2026

💧🧹🚜 Покрај секојдневните активности кои ги врши ЈП Еремја Вевчани, дел од дополнителните работните активности за одржување на јавната чистота.

✅️♻️🧹 Одржување на јавна чистота на повеќе патни правци низ општината, акцијата за чистење и метење на тротоарите од песок растурена согласно зимската служба.

✅🔨🌳Одржување на локалитетот Вевчански извори и кеј на Вевчанска река, санирање на урбана опрема.

✅️🪚✂️Уредување и кастрење на липите во дворот на Мултикултурниот Центар во центарот на Вевчани.

✅🚧️🚜 По налог на Општина Вевчани чистење на главни каналите за наводнување.

✅🚜🧹Подигање на кабаст отпад, шут и отпад од дворни зелени површини несоодветно одложени на јавни површини низ општината.

Address

Вевчани
Vevcani
6335

Opening Hours

Monday 07:30 - 15:30
Tuesday 07:30 - 15:30
Wednesday 07:30 - 15:30
Thursday 07:30 - 15:30
Friday 07:30 - 15:30

Telephone

+38946701004

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ј.П. Еремја Вевчани posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Ј.П. Еремја Вевчани:

Shortcuts

Share

Category