12/08/2026
📢 СЕ ПОВЕЌЕ РЕАКЦИИ ОД ВИНИЧАНИ ЗА ПРОПУСТИТЕ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ
Сè повеќе жители на Општина Виница реагираат на пропустите и неисполнетите ветувања на локалната власт. ❗️
🗑️ Секојдневно сме сведоци на преполни контејнери и канти за отпад, додека граѓаните се жалат дека ЈП „Солидарност“ не го собира отпадот навреме а сметките за ѓубрарина секоја година се зголемуваат. Проблемот е очигледен и во градот и во населените места, а одговорноста очекуваме да ја преземе локалната власт.
🕳️ Жителите реагираат и на недовршеното санирање на ударните дупки, кое беше претставено како еден од главните проекти на градоначалникот Митко Костадиновски. Дел од работите започнаа пред повеќе од еден месец, но голем број дупки и понатаму стојат непополнети и опасни за сообраќајот.
📸 Машините можеби беа доволни за фотографии и промоција, но на граѓаните им требаат завршени улици, а не фотографии со механизација.
🌳 Особено загрижува и сечењето на дрвјата во градската средина. Граѓаните заслужуваат одговор: зошто беа исечени дрвјата, кој донел одлука за тоа и каде е планот за засадување нова зелена површина и нови дрвја?
👥 Во исто време, речиси секојдневно гледаме огласи за нови вработувања, но граѓаните со право прашуваат: каде се конкретните резултати и подобрувања во секојдневниот живот?
❓ Затоа прашуваме:
🏔️ До каде е викенд-населбата на Плачковица?
🔄 Каде се новите кружни текови во Виница?
🚌 Дали новата автобуска станица започна со работа?
🛣️ До каде е булеварот на влезот во Виница?
🏗️ Кои капитални проекти реално се започнати во овој мандат?
И уште многу други прашања на кои виничани очекуваат конкретни одговори.
❗️ Очекуваме одговор, а не нови фотографии, соопштенија и самопофалби.
Можеби локалната власт ќе нема одговор на овие прашања, но граѓаните имаат право да знаат што е направено, што е започнато и што навистина е планирано.
Виничани ја знаат реалноста.
👉 Не се доволни ветувања. Не се доволни фотографии. Потребни се резултати.
🟥 Време е локалната власт да покаже што навистина сработила за Виница и виничани.