Виница, вашата следна дестинација

Виница, вашата следна дестинација Општина Виница, Р. Македонија - Municipality of Vinica, R. Macedonia

Во средишниот дел на источна Македонија, како посебна област се издвојува плодната Виничко - Кочанска котлина. Го зафаќа средниот дел од сливот брегалница. Има околу 870 км и спаѓа во редот на помалите географски целини во Република Македонија. Виничко - Кочанската Котлина е најнаселена и стопански - сообраќајно е исклучително важна област во Источна Македонија. Реката Брегалница, чиј правец на ис

текување е од североисток кон југозапад, протечува по средината на оваа котлина.
На тој начин, северозападниот и југоисточниот дел од оваа област се одвојува со оваа река, преку која во секоја прилика не може да се поминува. Тоа било причина за формирање на две посебни трговски и градски средини од кои едната е Виница - југозападниот дел.
Името Виница за прв пат е документирано во словенските писмени споменици од 16 век. Со обликот Vinica ојконимот (името на населено место) Виница е регистриран во Лесновскиот поменик, чии записи се датирани од 16 век. Потоа неговото име во обликот Виница се спомеува во еден судски (турски) документ од 1619 година.
Подоцна Името на градот е регистрирано кај Верковиќ како Виница-Гумно, а во географската карта од 1900 година ојконимот е запишан како Vinica. Во формата Виница, градот е регистриран во студијата на В. Кнчов, а Бранкоф го предава како Vinitza. Административното име на градот е Виница.
Општина Виница, според просторно - географската положба , се наоѓа во Источна Македонија. Го зафаќа југо-источниот дел од Виничко- Кочанската котлина и ридско-планинскиот дел од плодната Плачковица со надморска височина од 301 до 926 метри.

21/08/2026
34 години од усвојувањето на македонското знаме и химна. Знамето го сменија изродите, а од химната пробаа да ја избришат...
11/08/2026

34 години од усвојувањето на македонското знаме и химна. Знамето го сменија изродите, а од химната пробаа да ја избришат строфата каде се споменува Гоце Делчев.

07/08/2026

Изгубен е новчаник. Во него има лични документи. Ве молиме да ни пишете, ако го најдете.

Доброутро од Липец!
31/07/2026

Доброутро од Липец!

Ако не сте од тука, а сакате да се прошетате со точак, ви препорачуваме патека Golden key - Липец - Блатец - Детлово. До...
29/07/2026

Ако не сте од тука, а сакате да се прошетате со точак, ви препорачуваме патека Golden key - Липец - Блатец - Детлово. Должина 12км. Патот е нов, со многу слаб сообраќај и поминува низ убава природа. Кога возете по патот од Виница за Берово, доаѓате до знак Липец. Таму кршкате десно. Кога стигнете до Липец продолжувате да возете за Блатец. Тука може да се изгубете малку, оти Блатец не е маленко. Најлесно е да си ја видете втората слика. Блатец има многу селски чешми со ладна и чиста вода. Има два манастири, две цркви, еден водопат, две вештачки езера, едно минаре од џамија,... Има и Рептил, месара,... Липец не знаеме што има и ќе замолиме Липчани да ни кажат и да ни пратат некоја слика од убавините на Липец.

27/07/2026

Ташната е вратена. Благодарност од сопственикот на истата до Виничани.

Здраво на сите во Виница. Кој ќе најде една парична ташна, ќе има награда. Изгубена е Шакиров Зејнил лична карта и возач...
27/07/2026

Здраво на сите во Виница. Кој ќе најде една парична ташна, ќе има награда. Изгубена е Шакиров Зејнил лична карта и возачка дозвола. Не се потребни парите. Кој сака нека си ги земе. Битни се документите. Ако ви е страв да ја пријавите ташната, фрлете ја некаде по патот.

телефон: 076 957 857

Address

Bel Kamen
Vinica
2310

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Виница, вашата следна дестинација posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Виница, вашата следна дестинација:

Shortcuts

Share