ЛМС-Локалниот младински совет на општина Зрновци е младинска организација, формирана на 08.02.2022, со цел да ги застапува интересите на сите млади во општината.
ЛМС има идеја да ги застапува интересите на младите преку различни проекти на локално, национално и меѓународно ниво. Задолжени за тие проекти ќе бидат членовите на ЛМС на општина Зрновци.
Локалниот младински совет на општина Зрновци се
состои од вкупно 5 (пет) члена и 5 (пет) заменици.
Членовите на ЛМС Зрновци се млади жители на возраст од 15-29 години, кои несебично би го вложиле својот ентузијазам, капацитети и искуства, за да допринесат во подобрување на животот на младите на Општина Зрновци.
Претседател: ЈАСМИНА РИСТОВА, заменик МАРИО ДЕЈАНОВ- ФА ,,Љупчо Сантов" - Зрновци;
Член: АНА ГОЛЧЕВА, заменик ОТИЛИЈА АРСЕНОВА, ЗРР Јавор- Зрновци;
Член: ИЛИНА ЦВЕТКОВА, заменик СТЕФАН АНДОНОВ, Унија на млади сили- ВМРО ДПМНЕ- општина Зрновци;
Член: БОЈАНА ЕФРЕМОВА, заменик ВИКТОР МАНЕВ, СДМ- општина Зрновци;
Член: МАРИЈАНА ВЕСЕЛИНОВА, заменик АНИТА КОЦЕВА, Училишен парламент при ООУ Синиша Стоилов.
Целта на Локалниот младинскио совет:
-да расправа на седници на Советот на општината за прашања кои се од интерес на младите;
- да предлага расправи на прашања кои се значајни за решавање на проблемите на младите;
- да изработува извештаи до надлежните органи за проблемите на младите, организира работилници, предавања, да промовира меѓуопштински соработки;
- да има разбирање за проблемите на младите и нивните барања;
- да ги консултира младите за младински прашања и да го слушне гласот на младите;
- да ја унапреди положбата на младите во општеството.