Embassy of the Republic of North Macedonia in Poland

Embassy of the Republic of North Macedonia in Poland Welcome to the official page of the Republic of North Macedonia Embassy in Poland.

Амбасадата ги известува сите пријатели и почитувачи на делото на д-р Емилија Котевска-Аврамчева дека последното збогувањ...
30/06/2026

Амбасадата ги известува сите пријатели и почитувачи на делото на д-р Емилија Котевска-Аврамчева дека последното збогување со неа ќе се изврши во петок, на 3.јули во Жирардув.

Мисата ќе започне во 14 часот во црквата pw. Wniebowstąpienia Pańskiego, со адреса Stefana Żeromskiego 7, 96-300 Żyrardów

Погребот ќе се изврши на гробиштата во Жирардув, Kasztanowa 2, 96-300

Msza święta: 03.07.2026 o godz. 14:00 w Kościele pw. Wniebowstąpienia Pańskiego (os. Żeromskiego) w Żyrardowie adres:Stefana Żeromskiego 7, 96-300 Żyrardów

Cmentarz: 03.07.2026 cmentarz miejscowy
adres: Kasztanowa 2, 96-300 Żyrardów

https://koperski.eu/?s=Emilia+Kotewska-+Avramceva&post_type=nekrologi

На 25 јуни, во Гдањск се одржа Петтата конференција за обнова на Украина.Полска и прекрасниот Гдањск беа извонреден орга...
26/06/2026

На 25 јуни, во Гдањск се одржа Петтата конференција за обнова на Украина.
Полска и прекрасниот Гдањск беа извонреден организатор на Конференцијата на која, покрај премиерите на Полска и Украина, Туск и Свириденко, меѓу другите, присуствуваа десетина премиери и претседатели, како и највисоките претставници на ЕУ.

Република Северна Македонија беше претставувана од амбасадорот во Полска, Јасмин Ќахил.

Високите гости во своите говори ја потврдија безусловната поддршка за Украина, не само на воен план. Беше потенцирано дека Украина денес е во многу подобра воено-преговарачка позиција во однос на рускиот агресор во споредба со состојбата за време на минатогодишната , четврта конференција за обнова на Украина, одржана во Рим. Во меѓувреме, воено-политичкиот моментум прејде на украинска страна.
Беа споменати голем број инфраструктирни проекти кои би се реализирале по завршувањето на војната. Истовремено, беше потенцирана важноста од минатонеделното отворање на првиот кластер во преговорите за членство на Украина во ЕУ.

На маргините на Конференцијата, беа потпишани 160 договори меѓу компании од Украина и од земјите-учеснички, најмногу на полето од одбранбената индустрија.

20/06/2026

Македонската амбасада во Варшава, со голема тага, ја споделува веста за смртта на д-р Емилија Котеска Аврамчева, која во раните утрински часови почина од последиците на трагичен сообраќајен инцидент кој се случи вчера попладне, на автопат на влезот на Варшава.

Би сакал да изразам најдлабоко сочувство до нејзиното семејство : ќерката Магдалена, синот Константин, мајката и сестрата. Загубата е огромна и ненадоместлива.

Д-р Емилија беше личност со извонредна енергија : исклучително успешна во својата професија како доктор, извонреден менаџер на нејзината приватна поликлиника во Жирардов со преку 70 вработени доктори, успешен бизнисмен и претприемач, но, истовремено,целосно посветена на „македонската кауза“ во Полска (и самата беше ќерка на бегалец од Егејска Македонија).

Таа постојано беше еден од носечките столбови на македонската заедница во Полска, секогаш подготвена да помогне. Само пред десетина дена таа прва донираше средства за Спомен-обележјето кое ќе се подигне во Полице-градот кој беше собирен центар за децата-бегалци во 1949 година.

Таа имаше извонредна мрежа на контакти во Полска, на највисоко ниво. Нема да заборавам како, користејќи ги контактите со највисоките функционери во Полска, ја одигра клучната улога за да Полска прифати на лекување двајца пациенти од трагедијата во Кочани.

На минатогодишниот прием по повод нашиот Национален празник го обезбеди присуството на Лешек Милер, премиерот на Полска во чие време земјата влезе во ЕУ.

Имавме чести средби. Беше подготвена да помогне во секој поглед на Амбасадата. Истото искуство го имаа сите дипломати од претходните состави во Амбасадата.

Не пропушташе ниту еден настан организиран од Амбасадата. Имаше средби во Амбасадата во Варшава, но и во Скопје со ЗМНР Димитровски. На приемот во март во Амбасадата, имаше долг, срдечен разговор со претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

И покрај нарушеното здравје, се уште имаше големи планови : инвестиции во нашата земја, отворање нова поликлиника во Варшава...Едноставно-беше неуморна, енергична, храбра жена, која и (ретките) неуспеси ја правеа уште поцврста и поупорна.

За македонската заедница во Полска ова е ненадоместлива загуба-таа беше еден вид симбол на меѓусебното поврзување на релативно малиот број Македонци во оваа голема земја.

Јас и мојата сопруга нема никогаш да ја заборавиме помошта која ни ја укажуваше со (не само) медицински совети...

Почивај во мир, драга докторке Емилија!

Од 5 до 7. јуни, во градот Болеславец и неговата околина (на тромеѓата Полска- Германија-Чешка) се одржа традиционалниот...
11/06/2026

Од 5 до 7. јуни, во градот Болеславец и неговата околина (на тромеѓата Полска- Германија-Чешка) се одржа традиционалниот Фестивал на културата на Јужна Европа. Секоја година, една држава од поранешна СФРЈ е „домаќин“ на фестивалот, а оваа година таа чест и припадна на нашата држава.
Групата „Бојмија“ од Гевгелија во извонредно светло ја претстави нашата држава : според организаторите, ова беше една од најдобрите фолклорни групи кои досега настапувале на Фестивалот. Во своите три настапи, тие на најдобар начин ја претставија нашата пребогата фолклорна ризница. Младите гевгелиски играорки и играорци со многу енергија, посветеност и страст, во придружба на оркестар- дел на „Бојмија“, успеаа во најдобро сетло да го претстават нашиот фолклор и традициите, што наиде на огромни аплаузи кај присутната публика на сите настапи.
Фестивалот беше отворен со говори на градоначалникот на Болеславец и на амбасадорот Ќахил.
Во петокот „Бојмија“ настапи во Културниот центар во Новогроџец, во близина на Болеславец, пред целосно исполнета сала, и со два биса.
Во саботата, групата настапи на главната бина во Болеславице, пред околу 400 присутни, во два наврати, во траење од 20, односно 40 минути.
За време на Фестивалот, на големиот билборд одеа пропагандни спотови за нашата земја, а беше презентирана македонска храна.
Во рамките на Фестивалот, во недела попладне, беше прикажан филмот „Мацедончик“ на режисерот Петро Алексовски, за судбината на неговиот татко-дете бегалец од Егејска Македонија во Полска. За разлика од „приказната“ за Полјаците повратници од поранешна Југославија, за судбината на нашите егејски бегалци помалку се знае во Болеславец (иако еден од собирните центри бил во Згоржелец, град на 50 километри од Болеславец). Ова беше извонредна можност локалното население да се запознае со нивните трагични судбини (салата беше исполнета до последното место). Режисерот Алексовски одговараше на бројни прашања сврзани со темата на филмот
Постапувајќи во рамките на соодветните процедури и финансиските можности, МКиТ и градот Гевгелија заеднички ги обезбедија потребните средства и групата „Бојмија“ пристигна во Болеславец, за што Амбасадата искажува голема благодарност до министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов. Weniger anzeigen

На 20.мај, во Институтот за славистички студии на Полската академија на науките, се одржа настан чии домаќини беа : д-р ...
21/05/2026

На 20.мај, во Институтот за славистички студии на Полската академија на науките, се одржа настан чии домаќини беа : д-р Владимир Боцев, д-р, Јоана Ренкас, проф. на UAM, и д-р Јоана Бродњевич, кои го презентираа проектот „Сеќавање без граници. Македонски животни приказни од емиграцијата во Полска од 1948 до 2024 година“.

Кратките документарни филмови за повеќе животни судбини предизвикаа многу дискуси за овој исклучително болен период од животот на десетици илјади раселени Македонци од Северна Грција во 1948 и 1949 година.

На настанот учествуваше и амбасадорот на Република Северна Македонија во Полска, Јасмин Кахил.

Институтот за славистички студии на Полската академија на науките останува отворен за понатамошни состаноци посветени на слични иницијативи.

По повод 3.мај-Денот на Уставот на Полска, амбасадорот Јасмин Ќахил, со сопругата Јадранка Петрова, имаа чест, во Претсе...
04/05/2026

По повод 3.мај-Денот на Уставот на Полска, амбасадорот Јасмин Ќахил, со сопругата Јадранка Петрова, имаа чест, во Претседателската палата во Варшава, да присуствуваат на приемот организиран од Претседателот на Република Полска, Карол Навроцки и Првата дама, Марта Навроцка.

На 27.април, во Жешув, главниот град на Подкарпатското Војводство, се одржа подготвителна конференција во пресрет на Кон...
29/04/2026

На 27.април, во Жешув, главниот град на Подкарпатското Војводство, се одржа подготвителна конференција во пресрет на Конференцијата за обнова на Украина, која ќе се одржи во Гдањск на 25.и 26.јуни.
Почесни гости во Жешув беа премиерите на Полска и Украина, Доналд Туск и Јулија Свидеренко.
Нашата држава беше преставувана од амбасадорот Јасмин Ќахил, кој зеде учество во панелот посветен на проширувањето на ЕУ.

На 23.април, амбасадорот Ќахил беше гостин на градот Болеславец, во Југозападна Полска.Болеславец има долга традиција на...
29/04/2026

На 23.април, амбасадорот Ќахил беше гостин на градот Болеславец, во Југозападна Полска.
Болеславец има долга традиција на одржување на културен фестивал под името „Културен фестивал на Јужна Европа“, при што акцентот е на фолклорното претставување, но и има и повеќе други активности.
Оваа година, фестивалот ќе се одржи на 5.и 6.јуни, а носител на овогодишните активности ќе биде нашата држава.
Глана фолклорна група ќе биде „Бојмија“ од Гевгелија, а се предвидуваат и повеќе други промотивни активности.
За време на посетата, амбасадорот потпиша договор со претставниците на Болеславец во кој се прецизирани обврските на двете страни.
Со задоволство го очекуваме Фесстивалот каде нашата музика, храна, историја и традициите ќе бидат во главниот фокус.

На 15.април 2026 година, амбасадорот Јасмин Ќахил престојуваше во посета на градот Полице, на северозападот на Полска, в...
16/04/2026

На 15.април 2026 година, амбасадорот Јасмин Ќахил престојуваше во посета на градот Полице, на северозападот на Полска, во непосредна близина на Шчечин, кој има посебно место во македонско - полските односи. Имено, во 1948/1949 година, во ова гратче (денес има 42.000 жители, но тогаш не повеќе од 1000), биле сместени околу 1800 деца-бегалци протерани од Егејска Македонија по завршетокот на Граѓанската војна во Грција и поразот на левите сили).
Дел од протераните Македонци (во најголем број-деца), завршија во пријателска Полска. Првото прифатилиште било малото гратче Лондек Здруј на границата со Чешка (и таму е планирана посета и средба со градоначалникот), по што биле трансферирани во неколку области на Полска-најмногу во Полице.
Амбасадорот оствари средба со градоначалникот на Полице, Кристиан Ковалевски, на кој, меѓу другото беше разгледана идејата за подигање спомен обележје посветено на децата од Егејска Македонија кои престојувале во Полице (дел од нив и останале да живеат и починале таму). Градоначалникот со голем ентузијазам ја прифати оваа идеја.
Амбасадорот присуствуваше и на свечената седница по повод 80-та годишнина од припојувањето на Полице кон Полска. Во пригодниот документарен филм, како неизоставен дел од историјата на Полице, неколку пати беа споменати децата бегалци од Грција (Македонци и Грци) и беа презентирани готографии од наставата на нивните мајчини јазици.Тој даде интервју за локалната телевизија, изразувајќи благодарност за полската помош.

Во прилог се фотографиите од наставата на децата во училиштето во Полице, како и зградите во кои биле сместени („Македонска населба“)

ЈАВЕН ПОВИКза доставување проектни апликации наменети за правни и физички лица од редовите на дијаспоратаМинистерството ...
13/04/2026

ЈАВЕН ПОВИК
за доставување проектни апликации наменети за правни и физички лица од редовите на дијаспората

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите заинтересирани организации, здруженија и поединци од редовите на дијаспората да достават проектни апликации со идеи и иницијативи од нивен интерес, насочени кон унапредување на врските со матичната држава и поддршка на активностите на дијаспората.

Рокот за поднесување на апликациите е 15 дена од денот на објавување на Јавниот повик на веб-страницата на Министерството. Предлог-проектите доставени по истекот на наведениот рок нема да бидат разгледувани.
Проектите се доставуваат во скенирана форма по електронски пат, и тоа:
• до Министерството, преку електронската пошта на Амбасадата на Република Северна Македонија во Варшава: [email protected], и
• како и до Секторот за дијаспора при МНРНТ на e-mail адресата: [email protected]
Доколку апликантот не е во можност да го достави проектот во скенирана форма, истиот може да го испрати по пошта до Амбасадата во Варшава на адреса:
Królowej Marysieńki 40 - Warsaw

Согласно внатрешниот Правилник за утврдување на постапката за доделување проектни средства наменети за потребите на дијаспората, министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе формира Комисија за разгледување и евалуација на пристигнатите проектни апликации.
Комисијата ќе изготви предлог-одлука за распределба на средствата, врз основа на утврдени критериуми и квалитетот на доставените проекти.
Апликантите чии проекти ќе бидат одобрени ќе бидат писмено известени по електронски пат од страна на Министерството.
Ги охрабруваме сите заинтересирани субјекти од дијаспората активно да се вклучат и да придонесат со свои квалитетни предлози и иницијативи.

https://mfa.gov.mk/mk-MK/informacii-od-javen-karakter/javni-oglasi/javen-povik-za-proektni-aplikacii-od-dijaspora

Со почит,
Амбасада на Република Северна Македонија
Варшава

Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026 Јавни огласи Информации од јавен карактер Министерство за надв...

Adres

Królowej Marysieńki 40
Warsaw

Telefon

+48226517291

Strona Internetowa

Ostrzeżenia

Bądź na bieżąco i daj nam wysłać e-mail, gdy Embassy of the Republic of North Macedonia in Poland umieści wiadomości i promocje. Twój adres e-mail nie zostanie wykorzystany do żadnego innego celu i możesz zrezygnować z subskrypcji w dowolnym momencie.

Skontaktuj Się Z Ta Organizacja

Wyślij wiadomość do Embassy of the Republic of North Macedonia in Poland:

Skróty

Udostępnij