21/08/2026
Амбасадата на Република Северна Македонија во Букурешт со длабоко жалење известува дека на 19 август 2026 година почина г. Аурелијан Гогулеску почесен конзул на Република Северна Македонија во Романија и претседател на Комората за трговија и индустрија на Прахова.
Господин Гогулеску со години посветено работеше за унапредување на пријателските односи и соработка меѓу Република Северна Македонија и Романија, оставајќи значаен белег во развојот на пријателските билатерални односи. Неговата посветеност во работата, професионалност и искреното пријателство ќе останат во наше трајно сеќавање.
Во овие тешки моменти, Амбасадата на Република Северна Македонија во Букурешт упатува најдлабоко сочувство до неговото семејство, колегите, пријателите и сите оние што го познаваа и почитуваа.
Нека почива во мир.
Send a message to learn more