19/06/2024
Нашиот меѓународен фолклорен детски фестивал оваа година прославува значаен јубилеј – 10 години од своето постоење! Во текот на овие години, фестивалот прерасна во значаен настан кој привлекува учесници и посетители од целиот свет.
Фестивалот е посветен на зачувување на традициите и културата преку детската игра и песна. Преку различни активности како ора, музички изведби и работилници, децата имаат можност да научат за богатството на различните култури и да ги споделат своите. Секогаш е прекрасно да се види како децата уживаат и учат за различните култури, создавајќи нови пријателства и незаборавни спомени.
Ве покануваме да ни се придружите и да бидете дел од оваа прекрасна приказна, која веќе десет години ја збогатува нашата заедница и ја промовира културната разноликост и разбирање.
Фестивалскиот караван започнува на 20 јуни во Домот на култура во општина Илинден, а на 21 и 23 јуни на препознатливата фестивалска сцена во Долно Лисиче.
Сите настани се со почеток од 19:30 часот.