09/04/2026
🇲🇰 Јавен повик за доставување проектни апликации наменети за правни и физички лица од редовите на дијаспората за 2026 година
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите заинтересирани организации, здруженија и поединци од редовите на дијаспората, да достават проектни апликации со идеи и иницијативи од нивен интерес, насочени кон унапредување на врските со матичната држава и поддршка на активностите на дијаспората.
Рокот за поднесување на апликациите е 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот на веб страната на МНРНТ, при што предлог - проектите пристигнати по овој датум нема да бидат разгледани.
Проектите во скенирана форма се доставуваат до Министерството за надворешни работи преку електронската пошта на Дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) на Република Северна Македонија во странство, од Република Словенија на: [email protected] и паралелно, на e-mail: [email protected].
Доколку апликантот не е во можност да го достави проектот во скенирана форма, истиот може да го испрати по пошта до надлежното ДКП.
Останатите детали, Упатството за пополнување, како и проектната пријава може да се најдат на линкот подолу:
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026 Јавни огласи Информации од јавен карактер Министерство за надв...