21/08/2026
Последната џума во родниот крај
Можеби за некого денешната џума е последна џума во родниот крај за оваа година.
Го молиме Аллах да ни ја прими џумата, молитвите и довите, и да ни подари здравје, берикет и можност повторно да се собереме во нашите родни места.
На сите оние кои веќе се на пат, како и на оние кои допрва ќе тргнат, им посакуваме Аллах да им го олесни патот, да ги чува и безбедно и среќно да стигнат до своите домови.
Се надеваме дека деновите поминати во родниот крај ви беа исполнети со одмор, радост, дружење и убави спомени. Сигурно има и тага што повторно доаѓа времето за заминување, но веруваме дека оваа година можеме да кажеме дека помина во најдобар ред, со многу убави моменти и, пред сè, безбедно.
Имавме можност да се дружиме со нашите најблиски, да присуствуваме на дерсови, турнири во мал фудбал, семејни веселби и разни други собири, да се сретнеме со пријатели и роднини и заедно да создадеме спомени кои ќе останат долго во нашите срца.
Нека ни ги прими Аллах сите добри дела, дови и молитви, а на оние кои заминуваат нека им подари среќен и безбеден пат.
До следното гледање, ако Аллах даде. 🤲❤️